baby_bump -> RE: Испитувања во бременоста (31.5.2010 16:23:04)
|
Здраво на сите, Имам 36 години, нова сум овде и ќе се обидам на кратко да ви кажам што сум правела од испитувања до сега. 18 недела сум, за оваа недела имам закажано screening на сите внатрешни органи, па ќе видиме како ќе поминеме. 13 недела правев screening за Даунов синдром, кој беше во ред. Потоа од 16-18 недела правев prisca лабораториски преглед на крв за хромозомопатии, кој излезе добар т.е. за сите три наоди моите резултати беа со „низок ризик“. Го правев во Авицена 3800денари. Потоа поради тоа што крвната група ми е (О) RH- , потоа ова ми е второ дете (првото дете има RH+ и после породување примив инекција), а сопругот има RH+ фактор правев кумст тест кој излезе негативен. Но, во трансфузија ми рекоа дека овој тест морам да го правам секој месец. И дека ако остане негативен до крај значи дека детето го има наследено мојот фактор и нема да има потреба да примам инекција. Понатаму секој месец правам ехо преглед кај матичната докторка. Последен пат ја прашав дали не треба да ми земе брис, затоа што имам зголемен секрет со карактеристичен мирис, но таа рече немало потреба. што лично многу ме изнервира, па сега на приватно и тоа ќе го направам. Имам едно прашање дали за пациенти како мене над 35години прегледите за даунов синдром и другите генетски пореметувања се делумно на терет на Фондот или не? Затоа што сите прегледи, испитувања ги правиме на приватно, што богами не е баш ефтино. Поздрав
|
|
|
|