|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
16.6.2009 14:28:57   
Еца
 Во основата на секој проблем лежи информираноста и достапноста на информациите. За тие промени проблемот не е во методите за откривање, бидејќи тие се лесно достапни и уште полесно применливи, туку во развојот на здравствената култура и просветеност на секоја жена во поглед на нејзиното здравје, вклучувајќи ги и промените на грлото на матката. За таа цел можеме поблиску да се запознаеме со нив. Што претставуваат овие промени, т.н. ЦИН (цервикална интраепителијална неоплазија)?

Тоа е состојба што се карактеризира со нов раст на нормалното ткиво (епителот) на грлото на матката (тоа е најдолниот дел на матката што води во вагината). Поставување на дијагноза на ЦИН значи постоење на абнормално ткиво или промена во структурата на нормалниот епител на грлото на матката. Постојат три типа на ЦИН, кои во поранешната класификација се нарекуваа дисплазии: ЦИН 1 - низок степен на дисплазија, ЦИН 2 - среден степен на дисплазија и ЦИН 3 - тежок степен на дисплазија.

Тука можеме да ги делиме искуствата, да разменуваме мислења и да разговараме за сите типови на ЦИН.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
16.6.2009 15:59:25   
Mammy
Ех...мојата омилена тема...
Имав ЦИН 3, ме оперираа - односно ми направија конизација во 2006 година.
Се почна со ЦИН2, за на биопсија да биде ЦИН 3.

Предизвикан беше од ХПВ вирус, за кој не направивме типизација, пред се од аспект што ситуацијата беше алармантна и очигледно беше дека е некој лош тип на ХПВ.

По успешната конизација во Ре Медика - сега сум супер..
Сегашниот гинеколог ми рече дека кај жени со конизација во тек на бременоста обично се прави серклаж, ама кај мене се е под контрола.

Од што зборев наоколу отворено на оваа тема, натерав неколку девојки да отидат на котрола, при што 4 беа оперирани веднаш после мене.

Постои ли жена без некој ЦИН?


_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
16.6.2009 16:02:16   
srnicka
Jas do sega fala mu na Gospod , se nadevam i od sega sum nemala nikakov problem so nekoja infekcija osven povremeno candida .

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
29.10.2009 17:19:02   
iki82
јас имав ЦИН 2, ми направија прво биопсија за секој случај на која успеаа да ми повредат крвен сад, па да ме шијат за на крај да се заврши со ласерско чистење на грличот. Од тогаш веќе 4 год, Пап тестовите ми се негативни, но се прашувам дали ова би ми правело проблем при забременување, во смисла да мора да ми прават серклаж или не?

(Одговор на членот srnicka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
29.10.2009 20:03:54   
Natasha5
јас имам цин 1 и ме тераа да одам на ласерско ама јас не можев да се решам да одам некако ми беше несигурно(бидејки немав родено дете) а и ми рекоа дека не е страшно дури може да исчезне после порагајот.Па сега сум на контррола па ке видиме

(Одговор на членот iki82)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
29.10.2009 20:09:14   
Bogdancanka
Јас имав Цин 2 али со терапија ми помина правев биопсија и докторот рече дека се е во ред

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
30.10.2009 9:33:06   
Mammy
е токму поради конизацијата која ми беше направена во 2006 г., сега не можев природно да се породам. Со провокации од 9 саати, јас не се отварав ни пола сантим.
Е тука е зезнато со конизациите.

_____________________________

Me, Myself and You..and our Baby too...

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: ЦИН во бременоста
8.12.2009 19:54:57   
Еца
Во тек на бременоста постои минимален ризик од влошување на ЦИН-2,3 промената додека голема е веројатноста таа сосема да се повлече после раѓањето. Во една студија од 153 бремени жени со ЦИН-2,3, кај 69% настанало повлекување на промените и кај ниту една после раѓањето не се влошиле во инвазивен карцином. Според тоа, целта на менаџментот во случај да се најде ЦИН-2,3 кај бремена жена е да се исклучи веќе постоечка полоша промена на грлото на матката. Ексцизионите процедури како ЛЕТЗ и класичната конизација ако се прават во тек на бременоста поврзани се со компликации кои водат кон значително крварење и предвремено раѓање. Тие често не водат кон конечна дијагноза и се поврзани со висок процент на повторување и/или одржување на промените. Во една студија 47% од жените кои имале ЛЕТЗ во тек на бременоста продолжиле да имаат ЦИН и после бременоста. Поради ова дијагностичките ексцизиони процедури во бременост се користат само кај оние жени кај кои постои високо сомневање за инвазивен карцином.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
10.12.2009 14:58:48   
миме
zdravo imam 23 god i imam cin 2.Me interesira dali dokolku se vlosi situacijata i treba da se napravi konizacija ili lasersko otstranuvanje podocna ke mozam da imam deca bidejki ne sum mazena.i dali mozam da zabremenam dokolku imam cin 2 vo momentot bidejki doktorkata mi preporaca da ostanam trudna,i dali toa ke ima posledici za bebeto???Bi bila mnogu blagodarna dokolku mi odgovorite....pozzz

(Одговор на членот Mammy)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
10.12.2009 18:28:55   
bojanas
Јас имав ЦИН 1 предизвикан од ХПВ за кој не можеше да се направи типизација.
По првата бременост изчезна но кога почна да ми се намалува имунитетот повторно се врати и пак типизацијата беше неуспешна. Сега треба повторно да правам ПАП по втората бременост и се надевам дека е ок.
Значи со ЦИН 1 родив две деца. Колешката со ЦИН 3 и конизација роди природно две деца. Нема некое правило.

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот миме)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
10.12.2009 18:31:53   
Еца
За конизација имаме дискусија КЛИК

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
10.12.2009 18:47:04   
Enika
Мене пред 2 год ми тепизираа ХПВ високоризичен 45 и ЦИН 1 промена...а имунитетот ми беше во мн лоша состојба. Од тогаш сум во Систина кај Д-р. Лазаревски. Прво ми направија биопсија за да се осигураат дека е ЦИн 1 да не испадне дека се развива нешт пострашно во долните ткива, па од кога се потврди дека е ЦИн 1 бев на ласерско отсранување на раната. Негде читав дека ако се крене имуниетт абнормалните клетки во ЦИН 1 промена сами си се лечат, ама докторот ми рече најсигурно е да ја изгориме дека се работи за високоризичен, и дека иако веке сум го кренала имунитетот( интервенцијата беше некои 4 месеци после откривање на ЦИН 1) ми предложија сепак да се отрани со ласер за да не ризикуваме. И бев на ласре, ме успаа, траеше некои 5 мин, после то немав ама баш никакви болки, 1 месец несмееш односи, прокрваер после 12 дена што ми кажаа дека ке се случи и после тоа сум супер...до последниот тест имав негативно за ХПВ ама сеа пак се појави ама само ХПВ(намален имунитет знам ) ама ништо страшно ми рекоаuser posted image user posted image user posted image

Клучен е редовен преглед и кренат имунитет...а за разлика од  Мамму криво ми ешто не успеав да влијаат на една другарка( незнам како може да не се грижиш за сопствено здравје)

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
6.1.2010 0:14:02   
ripce
Една третина од промените во ЦИН 1 можат спонтано да се повлечат без никаков третман, а другите можат да перзистираат (не се менуваат) или да прогресираат во потешки степени, во појава на рак на грлото на матката кој е без тенденција за ширење, т.н. carcioma i situ, се до инвазивен рак на грлото на матката. Може да се забележи дека тие промени можат да преминат во потешки степени за различен временски период, поради што е многу важно нивното навремено дијагностицирање и третман. При постоење на ЦИН 1 се препорачуваат чести контролни прегледи (на 3 до 6 месеци), во зависност од индивидуалниот случај. Причините за појава на тие промени, а со тоа и на ракот на грлото на матката не се точно утврдени, но постојат некои индикатори дека како причини можат да се наведат: постоење на вирусна инфекција (со ХПВ или хуман папилома вирус), социјалните и економските услови на живеење, сексуалната активност на девојките пред 16-годишна возраст, чести воспаленија на грлото на матката, наследниот фактор. Инфекцијата на грлото на матката со ХПВ се пренесува по сексуален пат, т.е. со полови односи и тој вирус е еден од кофакторите за настанок на ЦИН. Досега се идентификувани околу 100 типа на ХПВ. Типот 1, 3 и 5 може да предизвикаат брадавици на рацете и на стапалата кај деца. Типот 6 и 11 предизвикуваат настанување на брадавици на машките и на женските гениталии. Другите, особено типовите 16, 18, 31, 33 и 35 можеби нема да предизвикаат генитални брадавици, но се смета дека се одговорни за појава на промени на грлото на матката во смисла на дисплазии, поточно ЦИН. Интересно е да се напомене дека употребата на кондомот не го спречува пренесувањето на ХПВ-от при сексуален контакт. Вирусот може да се идентификува на грлото на матката и 20 години пред да настапат патолошки промени на клетките во смисла на дисплазии.

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
16.1.2010 2:04:09   
Еца
Кај повеќето пациентки кај кај кои се развил ЦИН1 ќе дојде до спонтано повлекување на болеста. Кај помал број, ќе се развие трајна инфекција со ХПВ која може да се развие во потешки облици на ЦИН. Пушењето, употребата на контрацептивни средства, инфекции со други полно преносливи болести, промискуитетно однесување и ухранетоста, се фактори кои би можеле да влијаат на развој на болеста. Секој фактор што ја потикнува интеграцијата (вградувањето) на ДНК на ХПВ во човечкиот геном може да биде причина за напредување на болеста во инвазивен карцином. Самиот ЦИН, не предизвикува посебни субјективни тегоби. Промената на вагиналниот секрет најчесто е последица на пратечкиот цервицит или колпит. Можно е и контактно крварење кај големи  еритроплакии(нежен, цилиндричен епител на грло на матка). Обично ЦИН се дијагностицира при рутински гинеколошки преглед или при организирано земање на брисеви од грло на матка(скрининиг) за цитолошка анализа (т.н. ПАП-тест) во одредена старосна група.

Патолошки(ненормален) наод на ПАП-тест се класифицира како:
· атипични плочести клетки со неодредено значење (ASCUS)
· сквамозна интраепителна лезија од низок степен (low SIL) што одговара на ЦИН1
· сквамозна интраепителна лезија од висок степен (high SIL) што одговара на ЦИН 2 и ЦИН 3.
Во наодот се назначува и дали постои  цитолошки видлива инфекција со ХПВ.   За да биде дијагностичката обработка на ЦИН потполна, потребно е да се применат следниве, три комплементарни методи:
1. ПАП-тест
2. Колпоскопија и
3. Биопсија (земање на ткиво од цервикс и киретажа на цервикален канал со патохистолошка анализа на земениот материјал).    

ПАП-тест значи земање на материјал(клетки) од површината на цервикс и цервикален канал со специјална шпатула и четка. · Колпоскопија е преглед на цервикс под силно осветлување и зголемување од 7 до 50 пати, по премачкување со 3% оцетна киселина. · Во зависност од наодот се прави  биопсија на цервикс со специјална клешта и киретажа на цервикален канал со мала кирета во краткотрајна анестезија. · Дополнителна метода е типизацијата на ХПВ, за ориентација дали се работи за ХПВ со висок или низок ризик.       

Понатамошната постапка зависи од колпоскопскиот наод, патохистолошката дијагноза, присутноста на ХПВ, а притоа земајќи ја во обзир возраста на пациентката, дали има раѓано или не, постоење на друга гинеколошка болест, можноста за редовни контроли и желбата на самата пациентка. Околу 15% од ЦИН1 промените со тек на време ќе напредуваат до потешки промени. Но исто така околу 60% од ЦИН1 со тек на време спонтано ќе се повлечат па и само редовно контролирање е добар избор за совесни пациентки кои  би доаѓале на редовни контроли секои 4-6 месеци. Доколку ЦИН 1 постои и после една година а промената е и колпоскопски видлива и докажана со биопсија, потребно е да се одстрани. Секоја пациентка со ПАП-тест кој укажува на ЦИН 2 И ЦИН 3, треба веднаш да се упати на колпоскопија и биопсија, а лечењето се продолжува во склад со дијгнозата и постоечките методи на лекување. Епидемиолошките и клинички иследувања во последните години укажуваат на се поголем број на млади жени кои имаат преканцерозни промени на грло на матка а сеуште немаат родено. Затоа е потребно да се одбере метода која е ефикасна во одстранување на промената, а нема да остави трајни последици на грлото на матката.

< Поракaта ја уредил Еца -- 16.1.2010 2:05:39 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
16.1.2010 2:09:16   
Еца
Лечењето на ЦИН предизвикан од ХПВ со медикаменти за сега не ги даде очекуваните резултати, па во главно ни преостануваат хируршките методи на лечење,било да се работи за локално деструктивни или ексцизиски (со кои се одстранува дел од цервикс) техники кои можат да се спроведуваат амбулантски или во болнички услови. Целта на лечење е во целост да се одстрани или уништи атипичниот епител на грлото на матката. Во 60-тите години од минатиот век најпопуларна метода за лечење на ЦИН беше конизација со скалпел. Покасно во 70-тите, лекарите практичари предност дадоа на локално-деструктивните методи (криотерапија и електрокаутеризација). Од 1980 год. силно се прошири примената на ласер во лекувањето на ЦИН. Во 1990 година се прифати метадата на одстранување на промените на цервикс со нисковолтажна дијатермиска омча (петелка) која денес е многу раширена во светот. Лечењето на ЦИН со локално деструктивни методи значи потполно уништување на променетиот епител. Проблемот е во тоа што не можеме да бидеме сигурни дали ненормалниот епител е целосно уништен. затоа што немаме патохистолошка дијаноза.

Овие методи смеат да се употребат само ако се исполнети следниве услови: -    промените се ЦИН1 И ЦИН2 И се патохистолошки докажани.
-    промената е мала.
-    површината на промената е мазна.
-    промената се наоѓа само надвор од цервикален канал.
-    целата сквамоколумна граница е колпоскопски видлива.

Атипичниот ткиво со овие методи во целост се уништува така да нема можност за патохистолошка потврда на состојбата. Од локално-деструктивни методи за лечење на ЦИН денес се достапни: криотерапија, ласерска вапоризација, ладна коагулација и радикална дијатермија. Криотерапијата се употребува од 1968 год. Ладењето на ткивото е со течен азот на температура од -180 степени целзиусови, со специјална сонда која ја  покрива целата промена при што настанува смрзнување и уништување на промената. Зафатот се изведува амбулантски и обично не е потребна аналгезија. Процентот на излекување  просечно е 84%.

Ласерот може да се употрби на два начина:
· како СО2 ласер вапоризација и
· како СО2 ласерска конизација.

Енергијата на ласерскиот зрак се апсорбира од течноста која е во самите клетки и околу нив, а вапоризацијата на ткивото се постигнува со коагулациониот ефект. Зафатот добро се поднесува во локална аналгезија и се работи под директна колпоскопска контрола. Ласерот овозможува максимална точност во уништување на ткивото(промер на зракот е од 0.5 до 2мм) и има можност да се одреди саканата длабочина на уништување на ткивото, обично од 8 до 10 мм. Заздравувањето е брзо со потполна епителизација на цервикс за три недели. Процентот на излекување просечно изнесува 92% со ниска стопа на компликации(крварење, стеноза на цервикален канал и инфекции) од само 4%.

Со СО2 ласерска конизација се одстранува дел од грло на матка во вид на конус кој се испраќа за патохистолошка анализа, што е и предноста на оваа, а и другите ексцизиони методи. Компликациите процентуално не се разликуваат многу од ласерската вапоризација. Заздравувањето е брзо, а сквамоколумната граница е добро видлива на контролните колпоскопски прегледи. Хируршки зафат во кој со скалпел се одстранува дел од грлото на матката, изведувал Lisfrankк  уште во 1815 год. Термините конизација и конусна биопсија се користат како синоним за хируршки зафати со различен опсег, од стандардна конусна биопсија до ампутација на врат на матка во вид на голем конус.

Во лечењето на ЦИН со конизација се настојува да се постави точна дијагноза со патохистолошка обработка на одстранетото ткиво и истовремено излекување. Со конизацијата би требало да се одстрани променетиот епител во целост и барем една третина од цервикалниот канал. Зафатот се изведува во операциона сала во соодветна анестезија а ткивото се испраќа за хистопатолошка анализа. Како компликации може да се јават: крварење (6%), цервикална стеноза (17%), неплодност (4%), компликации во бременост (1%) и ретки постоперативни инфекции.

Кај помлади жени кои не раѓале се пристапува на хируршко лечење дури откако ќе се исцрпат сите можности за конзервативна терапија и спонтана регресија. Без обзир која метода ќе се одбере, поради можните рецидиви потребни се задолжителни цитолошки, а по потреба и колпоскопски прегледи. Во првата постоперативна година ПАП тест се прави на 3-4 месеци. Ако во втората година наодите се уредни ПАП тест се прави на секои 6 месеци. Потоа се продолжува со редовни гинеколошки прегледи


< Поракaта ја уредил Еца -- 16.1.2010 2:12:39 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 17:57:15   
suzeto
zdravo devojki,zivotot nas e tezok.imam cin1 i ranicka na grloto na matkata nesto kako bradavicki go prasav ginekologot za podetalno ispituvajne toj mi rece zasega samo ce pratime kako ce se odvivat sostojbata,a sto ako se vlosit?neznam sto da pravam.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 18:06:01   
Enika
Сузето...Јас сепак би ти препорачала да си напраиш ХПВ тепизација и прво да се одреди дали имаш ХПВ, и кој тип на ХПВ ја створил таа промена.Незнам кој ти е гинеколог, секоја чест на него, ама и ја имав грло на матка цела год дур не ми се појави Високоризичен Хпв и одма отидов во Систина каде открија дека иам ЦИН 1 , ми направија и биопсија исто покажа и на крај раната ја средија со ласер.Не си играј сепак е твое здравје, има случаеви кога површно е ЦИН 1 а со биопсија да покаже поголема промена.Сепак ке ти кажам немој да се плашиш, ЦИН 1 е мала промена ама ти сепак иди кај некој специјалист( Би ти ги препорачала кај нас что се приватниве болници Систина, Ремедика И св Лазар) и детално прегледување. Исто така е мн важно да си го кренеш имунитетот, да почнеш да несуваш малку повеке вештачки витамини сега за да се зајакнеш, јас би ти рекла да пиес Алое вера, бета каротен, ехинацеа со голден ссеал, мултивитамини, ц витамин,+ и мн др комбинации и што е најважно...без стрес. Ако има нешто слободно пиши ми ПП( приватна порака) ке ти кажам се што те интересира.

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 18:08:04   
bebi
Suzeto, stom ginekologot ti veli deka ne e strasno,uspokoi se.
I jas imav ranicka pred nekolku godini, bev i na terapija. Potoa normalno zabremeniv, rodiv, i koga bev pred nekoj den na ginekolog, bas mu kazav deka sum imala takvo nesto, a toj rece da go zaboravam toa. Sekoja vtora devojka imala ranicki.Za sreka i PAP testot, deneska mi se javija e odlicen, a porano pokazuvase deka postojat nekoi benigni promeni.
Vo sekoj slucaj, mozes da pobaras mislenje i od drug ginekolog, za samata da se smiris. Jas toa bi go napravila.

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 18:17:45   
suzeto
sto e toa tipizacija

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 18:19:54   
Enika
Одредување на кој тип на хпв е..најчесто раничките од тоа настануваат. А пап ти зема докторот?

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 18:55:08   
Sandric
Немој да се паничиш воопшто!!
ЦИН1 може да биде и реверзибилна промена што со подобрување на начинот на исхрана се врати во нормала.
Милсма дека ласер во оваа фаза ти е премногу рано, а ссепак типизација не е лошо да си направиш чисто да си знаеш дали си имаш работа со високо или ниско ризични соеви на ХПВ.
Редовна контрола на 6 месеци и немој да се вадиш од паметuser posted image

(Одговор на членот Enika)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 18:58:37   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: Sandric

Немој да се паничиш воопшто!!
ЦИН1 може да биде и реверзибилна промена што со подобрување на начинот на исхрана се врати во нормала.
Милсма дека ласер во оваа фаза ти е премногу рано, а ссепак типизација не е лошо да си направиш чисто да си знаеш дали си имаш работа со високо или ниско ризични соеви на ХПВ.
Редовна контрола на 6 месеци и немој да се вадиш од паметuser posted image



потпис




< Поракaта ја уредил April -- 2.2.2010 18:59:09 >

(Одговор на членот Sandric)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 19:25:54   
Julie1
Само ќе кажам консултација со уште еден или два гиниколози! Без паника но растрчај се! Ако се работи за високоризичен ХПВ имунитетот многу брзо неможеш да го кренеш а за 3 месеци како што препорачуваат контрола може да бидат доволно да дојде во поголема фаза. Еве еден случај: ЦИН 1 на пап тест во септември, даден совет не паничи крени имунитет и смирен живот, контрола за 3 месеци; Декември - ЦИН 2 на пап тест, повторно совет од гиникологот не паничи биопсија сигурно ќе каже нешто помало, и резултати од биопсија истиот месец ЦИН 3, ЦИС - препорака хитно конизација.

< Поракaта ја уредил Julie -- 2.2.2010 19:26:41 >


_____________________________

And this is my beautiful life ...

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 19:32:38   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie

Еве еден случај: ЦИН 1 на пап тест во септември, даден совет не паничи крени имунитет и смирен живот, контрола за 3 месеци; Декември - ЦИН 2 на пап тест, повторно совет од гиникологот не паничи биопсија сигурно ќе каже нешто помало, и резултати од биопсија истиот месец ЦИН 3, ЦИС - препорака хитно конизација.


е ова звучи страшно! не сум чула до сега вакво нешто...ајде ок, папот е само претпоставка, ама д-рот да погледнеше колпоскопски??? и така се забележуваат промени...user posted image

(Одговор на членот Julie1)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: ЦИН(цервикална интраепителијална неоплазија)
2.2.2010 19:53:42   
Enika
Затоа реков колку луге толку искуства, најдобро е мислење од уште еден лекар или пак два...што е сигурно сигурно е...дека ова се контролира е тачно, ама дека треба малку свеста да се крене и да побараш уште едно мислење и испитување целосно јас цврсто стојам за тоа. Сандрич од кај знаеш дали е рано...мене ми правеа ласер на ЦИН 1...најсигурно е да се провери уште еднаш...Јулие е во право. А ова се наши искуства

< Поракaта ја уредил Enika -- 2.2.2010 19:54:21 >

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?