Еца -> RE: Од членовите на РР имам доверба во... (25.1.2010 16:41:47)
|
Драги мои уште пред да дојде рр во Мкедонија, јас бев рингерајка. Ова што го читам сега, одамна го имам веќе прочитано некаде, некогаш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]. Нормално е дека секој со некој ќе си најде по некоја допирна точка, исто мислење, став околу одредена работа, едноставно сродна душа. Не мислам дека на ваков начин можат да се создадат кланови. Некој ќе рече како? Затоа што кога зборуваме за првиот чекор, првото запче, првата нова храна, секој го кажува своето мислење и тука веќе си помагаме со совети. Кога кометираме на темите околу забременувањето и како течеле нашите бремености, повторно си помагаме со совети и се надополнуваме една со друга, додека темите кои се едноставно за забава, како и самата тема, немаат никакво значење за нашиот живот. И сеедно ми е дали професорица е блиска со Бебица или мами со Палешка, мене тоа ништо не ми менува, барем не во мојот живот. И зошто тогаш придавате значење на неважни работи. Доколку сте осетиле дека некој е на ваша бранова должина, сте се зближиле, почнувате да се дружите и надвор од рр и тоа е плус за вас. И не можеме сите исто да размислуваме, затоа бидете поопуштени, отворете ги срцата и не губете ги нервите за ситни нешта. Ве сакам сите и доколку сметам дека ми треба помош, ќе побарам од секоја од вас. А дали ќе ја добијам, тоа е веќе друга тема. Довербата не е нешто кое се добива преку ноќ, па така и темата според мене е чиста хипотетика.
|
|
|
|