Anushka -> RE: Подновување на името (27.1.2010 22:56:47)
|
Пред да се роди првиот син, свекор ми почина. Синот го доби неговото име. Пред да се роди вториот син, тактко ми почина. Како него ми се вика вториот син. Пред да останам бремена со ќерка ми, мајка ми почина. Ќерката има име во нејзина чест. Моите деца се среќни што, меѓу другото, од своите претци си ги наследиле и имињата. За нив, тоа се најубавите имиња... Велат, тие живеат низ нив. Мене не ми значи внуката да ми го носи името. Ама, нема да имам ниту нешто против.
|
|
|
|