Calypso -> RE: Подновување на името (4.2.2011 12:03:02)
|
Не мислам дека е лошо да се крсти детето по бабата или дедото, напротив, убава традиција е. Мене лично ми се допаѓа. Со мм одбравме имиња уште пред да знаеме дали бебушот е машко или женско, а и двете се верзии на името на свекорот. Сега знам дека е машко (ама сигурна ќе бидам кога ќе се породам[sm=smiley1.gif]) и како ќе се вика. Но, им потенцирав на сите, и пак ќе им кажам дека не сакам да го викаат нагалено или скратено, детето ќе си има име на кое ќе се одзива, и нема зошто да му го кратат и да му вадат прекари. Цврсто си стојам на тој став и најблиските го знаат тоа. Лично, не ми се допаѓа тоа што кај нас почнуваат сите да им ставаат без врска имиња на децата: Емануел, Ерик, Леон, Леона, Лукас и слични - едноставно тоа не е во духот на нашиот јазик, а и многу смешно звучат во склоп со нашите презимиња. Имаме толку убави имиња и не знам од каде таа мода на детето да му се даде странско име. Без навреда на тие што децата си ги крстивте со такви имиња (а мислам дека има доста на форумов), немам ништо лично против вас. Мислам дека тоа е израз на отпорот спрема желбата на бабите и дедовците децата да се крстат по нив, иако знам дека има доста упорни и напорни баби и дедовци кои сакаат да биде по нивното и никако поинаку, и не заслужуваат децата да носат нивни имиња. Не велам дека детето треба да го крстите Петко или Тракторка, ама пак, не претерувајте! Ова најдобронамерно го кажав.
|
|
|
|