RE: Подновување на името (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


dostickage -> RE: Подновување на името (1.9.2011 14:25:49)

od toa sto sum jas krstena na baba i toa so loso ime i bese losa zena se nerviram od pomislata a ne nesto drugo.kosa mi se kreva,odvratno.
svekor mi ima isto odvratno ime i izricito vikase od ja sto sum se napatil u zivotot so loso ime ne sakam ni bukvata da mi ja nosi deteto a ne pa imeto.toe e edinstvenoto pametno nesto sto go rekol otkako go znam.Guskata ne rece nisto.Od nea toa i se ocekuva[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Meglena a kako ti se vika bebenceto?Mozebi imeto i ne e loso.
A mozes i drugo,da go vikas ti kako sto sakas,ne po imeto sto go ima.Jas imav edno drugarce kako mai se vikase Stanisa majka mu go vikase Nino[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]nekela zenata taka i kraj.prai si kako so si sakas ne se nerviraj zasto veke se e zavrseno za zal





Snow Queen -> RE: Подновување на името (16.6.2013 9:55:56)

Едно големо НЕ, почит кон баба и дедо ќе си има детето секако, ќе се сакаат и почитуваат апсолутно. Ама вакви работи ама ич не.
Дури не почитувам ни во случаеви кога велат (бог да ги прости), за спомен да дедо/баба....ЈОК тек тогаш не сакам да чујам.
За дедото/бабата ако недај боже ги нема ќе се збори да знае детето, слики ова она...ама такви чуда воопшто не сакам.
И фала му на бога, ниту вереникот ниту моите и неговите не тераат на вакво нешто :)




niki -> RE: Подновување на името (16.6.2013 11:15:51)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy


Socuvstvuvam so tebe Meglena, no ne razbiram sto e toa tolku silno sto ke te ubedi da prifatis nesto na sto tolku mnogu se sprotivstvauvas... Ima razni taktiki i za maz ti da go ubedis i za negovite, ili so dobro ili so loso... Valjda ne otisle vo maticno da go prijavat bebeto sami bez tvoe (i na maz ti) odobruvanje...
Jas znam za edni prijateli na prijateli sto mazot sam si otisol vo maticno i prvo sinot si go krstl po tatko mu, i ajde soprugata se pomirila, ne bilo loso imeto i se zavrsila taa tema. Po nekoja godina im se rodilo devojce, mazot pak sam bez nikakov kompromis sam si otisol i si go prijavil devojceto po majka mu. I sega decata im se vikaat kako maz i zena da se. Strasno! Ova e totalno nepocituvanje pred se kako majka, a posle i kako zena, kako licnost!
A ako sakas da smenis ime na dete, aaaaa, ne, togas ne moze majkata sama (kako sto prethodno napravil tatkoto), tuku mora soglasnost od dvajcata roditeli i licno!


vakvo nesto da mi servira mm vo vozdux ke go dignam i nego i negovite a ne vtoro dete da mu ragam
ama nie zenite samite si pravime, popustame i kutime posle strasno ni bilo, a na niv ic strasno ne im e, si pravat ko sto ke im duvne




Bethany -> RE: Подновување на името (16.6.2013 11:32:26)

Воопшто не ми се допаѓа таква традиција, мислам да мора нешто да се направи, зошто мора?
Ама ако некој сака доброволно, од се срце, зошто да не.
Се сеќавам кога бев родена баба ми инсистираше и очекуваше да ми стават нејзино име, ама моите дури и ја немаа таа опција размислувано.
После брат ми кога се роди, пак инсистираа да се стави име по дедото, јас како мало дете уште тогаш се бунив, се сеќавам дека сакав јас да му дадам име Давор, ама пак на крај испадна некоја верзија од на дедото име, ама е убаво, помодерна верзија [sm=smiley1.gif]
И за втор брат, пак јас се бунев , и ми дозволија да му дадеме име по мој избор [sm=smiley1.gif]




elena66 -> RE: Подновување на името (16.6.2013 15:30:04)

Vakva tema me vadi od takt ma kakvo ime po dedo i po baba ni od moja strana ni od negova makar sto nie ne sme vo brak ziveeme zaedno seuste nemame deca se slozuvam so site koi ne sakat iminja po dedovci i babi stavaj te si iminja kakvi sakate vie.




sandriana RR -> RE: Подновување на името (16.6.2013 15:35:59)

Тина ја крстивме по покојната баба на мм, која била омилена во нивното семејство, но прерано починала. Додуша, Тина не и било крстено име на бабава, но сите така ја викале и ретко кој и го знаел вистинското име (Љубинка).
Кога ми потврдија на ехо дека носам женско дете, самоиницијативно му го предложив на мм подновувањето на името на баба му, не заради традиција, туку ми се допаѓа и мене, а немав друга опција, ниту конкретна желба.
Ако некој сака да си крсти дете по(пра) баба/дедо, само и само по сопствена желба, во ред. А некој да ми наметнува, не доаѓа впрдвид.




Bethany -> RE: Подновување на името (17.6.2013 10:30:22)

Јас заборавив за син ми да кажам [sm=smiley1.gif]
Мислам свекрва ми нешто демек на шала префрлуваше, ако успее на шала успее, ама бидејќи ја пресековме во старт, таа после сама викаше не бе јас и не сакав тоа, што ќе носи името на старите (демек [sm=smiley36.gif])

Името на син ми беше желба на мм, уште пред и да останам бремена, мене не ми се нешто допаѓаше во почетокот, не бев веднаш за, ама со тек на времето го засакав името. беше договор тој да одлучи за машко, јас за женско, сепак со договор, ама пак последниот збор да се знае. Ете сега ми треба керќа јас да бирам [sm=smiley36.gif]




dostickage -> RE: Подновување на името (17.6.2013 13:32:03)

sto imaaat edni ubavi iminja uste za podnovuvanje im se  ,i da saka covek da gi podnovi , oni samo kje mu udrat kjotek [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
tatko mi e pocinat i nikogas ni na kraj pamet ne mi bili da krstam dete na nego. se pogodi mm da se vika isto kako tatko mi samo sto nikogas ama bas nikogas ne mi padnalo na pamet da sporeduvam obicno starcive sporeduvaat demek ako sum go nosela imeto na baba mi sum bila ko nejze, skraja bilo[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

inaku imam vo zgrada dve mali slatko devojcinja sto se vikaat Lile i Vera i se golemi nekade od 3-5 godniki dvete.
poznavam i gjorgji i dimitar bratcinja krsteni po dvajcata dedovci. rabotava vtoroto za inat ba prviot dedo.

katastrofa, za greota decinjata.




temjanuska75 -> RE: Подновување на името (17.6.2013 14:27:22)

Кај нас свеки исто нешто се обидуваше, бидејки се знаеше дека ќе биде машко. велеше свекор ти засужил по него да крстите дете. А јас само ја прашав по кого она си ги крстила децата и си кажа заедно со свекор ми си ги бирале имињата, т.е. како нив им се допаѓале. По овој муабет темата беше завршена. А кога го кажавме името што го имавме одбрано со мм, на двајцата многу им се допадна, дали глумеа или не ме интересира ама воопшто. Инаку името беше моја желба а мм прифати, рече за второ ( ако даде дедо боже[sm=smiley1.gif]) он ќе бирал име.




masa -> RE: Подновување на името (18.6.2013 17:55:12)

Кај нас е малку напната работата околу оваа тема.Во првата бременост се молев да не е машко за да не го крстиме по свекор ми.Среќа се погоди девојче ама пак замешаа прсти и има нешто на свекрва ми.Сега личи на машко,ама не беше сигурен докторот,па ако испадне машко што ќе правиме околу името незнам [sm=zmeden.gif].На последната конторла кога кажавме дека можеби е машко имаше реакции од типот "наследникот",a што е најтрагично мм има најголема желба да се поднови името[sm=smiley13.gif] и самиот тој е крстен по дедо му,не дека се лоши имињата,ама има и поубави.Како ќе се убедиме незнам може и развод ќе падне [sm=jezicek.gif].А внукот го крстија Филип и не слушнав некој позначаен коментар,зошто па моево треба да биде "наследникот".А уште поголема поддршка е што сите пријатели ги подновија имињата,овака кога ќе размслиш не се лоши имиња,ама кај сега најде да се враќа овој тренд на подновување на имиња [sm=smiley29.gif]Еве и во градинка има многу дечиња крстени по баба-дедо.




Slagjana -> RE: Подновување на името (19.6.2013 9:33:23)

Јас сум за подновување на името но не во целост. Сакам малку помодерна верзија на некое име во фамилијата (прадедо, прабаба), некој кој веќе не е жив. А на дедо, или баба кои живеат во иста куќа со детето, па уште и исто име некако не ми е убаво. Што кога ќе добијат писмо со исто име и презиме. Кој ќе го отвори? [sm=smiley36.gif]




rina13 -> RE: Подновување на името (19.6.2013 9:46:31)

Јас сум изричито против подновување на имиња. Пред се секое дете е индивидуа сама за себе а не реинкарнација на баби,дедовци, прадедовци. Името треба да го дадат родителите и исклучиво треба да биде одраз на нивната желба. Кога некој ќе ја занемари желбата на мајката во однос на името навистина се револтирам.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/hudicek1.gif[/image]Таа е најголема жртва за детето, најмногу внимние посветува и според мене нејзиното мислење и те како е најважно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image].




mama_06 -> RE: Подновување на името (19.6.2013 9:49:49)

Јас не ја сакам оваа т.н традиција. Сметам дека името е многу важно во животот и секое си има своја карма. Не сакам да ја ставам кармата на моето дете од некој умрен или од стар човек. Од лично искуство: брат ми го носеше името на прадедо кој бил убиен и ограбен во воз идејќи од Франција, значи млад починал. Брат ми почина во несреќа на 21 година. Значи нема жива сила и за второво дете некој да ми соли памет дека треба да подновувам име.




anaana -> RE: Подновување на името (19.6.2013 9:54:37)

jas ne go sakam toa krstenje na deteto po nekoj od familija. ako mi se svigja mene imeto i ako jas i mm se dogovorime deka i dvajcata go sakame toa ime togas ke bide toa ime. ako slucajno se pogodi imeto na nekoj vo familija (baba dedo, prababa pradedo i nataka) da ni se svigja togas ke go stavime toa ime. ama ne zaradi detoto i babata tuku zaradi sto nas ni se svigja. moeto dete ima ime koe sto nikoj vo familija go nema. nema ni slicno. i site ne prasuvaat na kogo e krstena i jas vikam na sebe...

i oko ne mi trepnuva :)))))




Mihaela 2010 -> RE: Подновување на името (19.6.2013 10:04:06)

i site ne prasuvaat na kogo e krstena i jas vikam na sebe...


Lelel be na kogo e krstena..hehe zar treba na nekogo da e krstena
Jas koga doznav deka nosam devojce si imav u plan nekolku iminja ama mnogu ni se dopadna segasnovo i sami si odlucivme...
arno ama posto roditelite na mm se pocinati,doaga stariot mu kum ,covek koj ima 80 god i pocna da insistira da se vika detevo kako majka mu na mm...
jas nemam protiv imeto no zosto da moralo taka..mislam normalo nie toa skroz go izignoriravme,ama ete najverojatno za starata generacija toa bilo normalno i ke treba uste nekoj period da pomine za da se iskoreni




Anna3 -> RE: Подновување на името (11.7.2013 9:49:22)

Значи вака - старите можат да скокаат у небо до 101 и назад. Проблемот за ваквите глупи одлуки го прават мажите кога по секоја цена им тераат ќефови на родителите. Значи ако на маж ми му е побитно по секоја цена да ги задоволи мајка му и татко му, (ај мене и немора) а не роденото дете (кое утре ќе порасне и ќе се срами од името), тогаш може и да го сиктеросам од животот...Па ако ние не се разбереме за едно име, како ќе се разбираме до смрт за се друго? Такво запнување да се крстело детето по баба или дедо (а името им е крш како впрочем и повеќето имиња од таа генерација) мене ми стои како повеќе да ја сака мајка му или татко му од роденото дете, а тоа се коси со законите во природата. Јас имам 3 дечиња, првото - девојче јас му одбрав име, второто, исто така девојче е крстено по желба на поголемата сестричка (секако името ми се допадна, сигурно немаше да дозволам да се вика на пр. Трпана па колку сака сестра и да се треска од земја:)) Третото - машко, јас дадов предлог и им се допадна на маж ми и на децата и тоа и му го ставивме. Инаку незнам старите дали имале некаква идеја околу подновување, никој ништо не кажа, ни на шала, а немаат некои ултра лоши имиња...
Инаку темава ви е супер-иритирачка :D и ме испровоцира да се зачленам и да напишам мислење, поздрав!




rina13 -> RE: Подновување на името (11.7.2013 9:58:19)

Добредојде Ана3 повели на дружба и низ другите теми.




kapina -> RE: Подновување на името (11.7.2013 10:08:15)

Za mene neznam kako ke e oti sveki e podignata no na sestra mi kakov problem I praveja za imeto kolku kavgi ima oti ona ne sakase da go podnove svekorot I vikaa oti site vo seloto im se smeele zatoa idzabe se raspravaaokolu toa koga sestra mi sigo stavi toa ime sto go sakase ona




gib713 -> RE: Подновување на името (11.7.2013 12:44:44)

Jas nemam nisto protiv podnovuvanje na imeto, dokolku so toa se soglasuvaat dvajcata roditeli, a ne da bide nametnato od babata ili dedoto. Isto taka, ako mu dades ime na deteto po babata ili deteto apsolutno ne go povrzuvas so nivnata sudbina. Toa samo ke mu dade karakter na svoeto ime. Poznavam licnosti so neubavi iminja ama vedar i prekrasen karakter, pa vo toj slucaj i imeto ti stanuva milo.

I ne ne pravi nisto pomoderni i poopasni snai ako ne go stavime imeto na svekorot/svekrvata ili tatkoto/majkata na naseto dete. Mene licno mi e smaceno od nekoi iminja vo denesno vreme...Leona, Mia, Darja, Luka, Emili, ...da ne zboram za Matej kako najcesto ime vo posledno vreme. Pola od ovie iminja se cisto glumenje ludilo....kako da ima natprevar koj ke izmisli po neobicno, kratko izvitopereno ime. Znaci, vo red e da gi snemuva iminjata Stojko, Trpana, Zivka itn itn ama zasto i normalnite iminja Martin, Darko, Dimitar, Aleksandar ... se se poretki i poretki




rina13 -> RE: Подновување на името (11.7.2013 14:05:57)

Вкусовите за имињата се разликуваат од човек до човек.Нормално е имињата низ годините да се менуваат ете порано били Горан Зоран и сл.Секое време си носи специфични имиња.Впрочем секој може да си го крсти своето дете како сака но сметам дека било какво наметнување од страна и форсирање на родителите не е во ред.




sandriana RR -> RE: Подновување на името (22.3.2016 10:11:01)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bubu Ipo

Zdravo, sakam da prasam nesto no so ogled deka sum nova neznam na koja tema da go postavam prasanjevo. Slobodno premestete go kade sto mu e mestoto ( ako ima mesto )
Bremena sum 34 nedela, so masko a na 13 nedela koa bev bremena pocina na mm brat mlado dete 24 god i sega sakam da se vika moeto bebe po nego, a termin mi e za poragaj bas okolu pomen za 6 meseci.
Sto mislite vie dali e ubavo ili ne ? I da napomenam deka prviot sin mi ima 4 god i mnogu si go sakase cickomu, bea privrzani . fala


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Bubo ipo zatoa sovetuvaj se so familijata dali svekor ti i svekrva ti ke sakaat taka da se vika posto mojot tatko pocina na51god pa majka mi ne dade na sestra mi da go stave imeto na tatko mi na deteto vikase pobolno ke i bilo uste poveke ke ja bolelo toa posto ona e sama i uste i e tesko pa i ova da i go napravime ne rece podobro ne


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bubu Ipo

da vo red e seto toa, svekormi e pocinat od poodamna , mm mu e zelba a i vika deka majka mu ke se raduvala. Sakam samo da znam dali e vo red ili ne, mislam dali bi bilo ubavo, da ne necini poso adeti nemam poim . Nemame precki od nikogo sami ziveeeme so mm. fala mnogu


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Ti si znaes sega no najdobro sovetuvaj se i razgovaraj i so nea oti sto vika mojata majka koga ke mu viknam na toa dete ke se navratat i spomenite i se no ajde jas da ne ti se mesam sto kako e ti si znaes najdobro


ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Bubu Ipo, прво, честитки за бременоста [sm=smiley1.gif]
Истовремено, жалам за вашата загуба, навистина е тажно да згасне толку млад живот...

Ваква тема немаме, не сме ни дискутирале колку што знам, но ете, ај да пишеме мислење.
Од аспект на адет, мислам дека нема пречки, и се е до твоја желба и желба на сопругот, ако вам не ви пречи и дотолку повеќе ви е мерак, зошто да не.

Лично јас, сметам дека секој нов човек на светот треба да има ново име, односно да не носи име на друг човек од семејството, за да си има своја, нова, чиста енергија. Во таа смисла, мене не ми се допаѓа ставање име на баби дедовци и слично, и за среќа нашите родители воопшто не инсистираа на такво нешто. Но, тоа е мое мислење, не значи ништо.

Вие направете како вие сакате и ич да не ви е гајле кој што ќе рече [sm=smiley1.gif]





marchi -> RE: Подновување на името (23.3.2016 11:08:58)

Zdravo, sakam da prasam nesto no so ogled deka sum nova neznam na koja tema da go postavam prasanjevo. Slobodno premestete go kade sto mu e mestoto ( ako ima mesto )
Bremena sum 34 nedela, so masko a na 13 nedela koa bev bremena pocina na mm brat mlado dete 24 god i sega sakam da se vika moeto bebe po nego, a termin mi e za poragaj bas okolu pomen za 6 meseci.
Sto mislite vie dali e ubavo ili ne ? I da napomenam deka prviot sin mi ima 4 god i mnogu si go sakase cickomu, bea privrzani . fala

istovo se sluci i kaj familijata na mm.bratuced na mm mlad pocina nekade 23 ili 24 god imase,pa sin na brat mu go krstija po negovo ime. za toa vo red. ama koga bi se prasala za iminja po svekor dedo pradedo...ne bi se soglasila.eve na primer sin mi si gi krstiv stefan mi bese ubavo imeto a i kumovitee se stefani i stevce,demek na niv,sestra mi e krstena po ime na kumot. ama glupavo mi e da nosi ime od nekoja stara familija




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]