Pepelaska * -> RE: Овошје на децата (6.6.2011 10:03:37)
|
еве нешто повеќе за црешите: Црешите се сиромашни со сол, холестерол и заситени масти, а се одличен извор на диетални влакна и витамин Ц. Црешите имаат високо ниво на антиоксиданси во споредба со другите овошја. Исто така содржат повеќе бета-каротен, калиум, железо, магнезиум и мелатонин. Според Универзитетот во Мичиген, црешите го намалуваат воспалението и ги намалуваат ризик факторите асоцирани со кардиоваскуларни болести. Црешите содржат многу витамини, минерали, антиоксиданси и анти-инфламаторни состојки кои кога се комбинирани заедно му носат голем бенефит на човековото тело. Тие се добри и за регулирање на телесната тежина зошто практично и не содржат масти. Витаминот Ц и витаминот Е кои можат да се најдат во црешите го забавуваат процесот на стареење и можно е да помогнат при некои болести како Паркинсон и Алцхајмер. Исто така има и некои елементи во црешите кои можат да го намалат растењето на некои одредени видови рак. Најдобар начин за конзумација Најдобро е црешите да се јадат свежи за да се зачуваат корисните витамини и минерали. Алтернативни методи се конзумација со јогурт или со корнфлекс. Здравствена корист од црешите Антиоксидансите кои ги има во црешите го чистат телото од штетните слободни радикали кои предизвикуваат рак и оштетување на ткивото и клетката. Можат и да помогнат при некои инфламаторни состојби како простатитис, панкреатитис како и при алергиски состојби, егзема или астма. Докажано е дека црешите поседуваат анти-инфламаторни способности, особено кај атлетичарите кои имаат помалку болки после тренинзите а кои редовно го конзумирале ова овошје. Луѓето кои јадат цреши имаат помало ниво на масти и холестерол во крвта, како и помало ниво на азотен оксид кој е асоциран со ревматоиден артритис и остеоартритис. Црешите се сметаат како денешно супер овошје од страна на многу нутриционисти. Како резултат на големото ниво на калиум помагаат во контрола на ретенцијата на водаи помагаат во помошта при лекувањето на одредени автоимуни неуродегенеративни болести и болести на сврзното ткиво.
|
|
|
|