RE: Овошје на децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


Felly RR -> RE: Овошје на децата (19.11.2013 13:49:54)

А на која возраст бевте кога ви кажа дека предизвикува алергии? МОже педијатарот мислел за помало бебе, а на 1 година и 8 месеци мислам дека нема никаква причина да не се дава цело овошје.




Marina I -> RE: Овошје на децата (19.11.2013 21:51:12)

Ovaa informacija ja dobiv poodamna, uste koga bese 7 meseci, ama jas od pretpazlivost ne mu davav cela kiva do denes, pa zatoa da se sovetuvam i so vas, fala mnogu, od utre ke mu dadam cela kiva. pozdrav




vezilka RR -> RE: Овошје на децата (29.11.2013 13:56:35)

Е периодов сме навлечени на мандарини. Со Никола ги таманиме со сласт. Мора секој ден да се изеде по некоја мандарина. И богами ми се допадна тоа што го прочитав во статијава.




Mihaela 2010 -> RE: Овошје на децата (29.11.2013 13:58:17)

Da da i Mihaela znae vo denot 3 da si gi izede...porano ic ne gi sakase sega pa epten se razjade
Jas isto nekade citav deka bile dobri mandarinite za zaostruvanje na vidot,ama i statijava denes me bendisa bas




Bethany -> RE: Овошје на децата (14.12.2013 12:26:41)

е па многу сум радосна дека син ми почна да јаде овошјето и тоа самоиницијативно бара.
И порано нели јадеше, се му измиксирам и не се буни , се изеде што и да ставам, ама сега веќе насабајле му давам јаболко да грицка додека испијам кафе, после појадок јаде мандарина, или додека чека ручек му ставам да боцка од бананата. Колку толку, битно да сака и да грицка. Јас сепак еднаш дневно му збуричкам се и сешто во блендер, ама и ово е голем напредок.
А не го нудев последно време, сам некако почна да бара.
Го сака овошјето и се радува на Абука (јаболко), тинтина (мандарина) и нанана (банана), така да и јас се радувам [sm=smiley1.gif]
Е сега само така и нека остане [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Овошје на децата (5.1.2014 15:36:02)

Многу ми е мило што оваа година М почна да јаде поразновидни овошја. Лани само јаболко јадеше, а сега јаде и банана, мандаранина, киви. И секој ден барем по две парчиња некакво овошје си каснува.




Defne90 RR -> RE: Овошје на децата (6.1.2014 0:42:02)

Kaj mene pogolemoto poslabo jade ovosje sega pocna po malku mandarini i banani ponekogas znae i jabolko no toa e retko.Pomaloto jade jabolki,banani,krusi,no mu gi rendam i zaedno so biskvidi taka saka da gi jade inaku ne.Sepak ovosjeto e svezo samo sto dodavam i biskvidi i mleko. kako i da e vnesuva pak isto vitamini.




Hunny -> RE: Овошје на децата (6.1.2014 13:03:07)

Ќерка ми многу сака овошје: јаболко, банана, мандарина, портокал, круша, праска, слива, грозје. Многу е интересна дека е мала и сама јаде толкави банани или портокали, јаболко грицка, а има малку запчиња[sm=smiley36.gif]




Mila mamicka -> RE: Овошје на децата (20.11.2014 11:41:35)

Луѓе, син ми обожава овошје. Секакво. Не постои овошје, што го пробал, а да не го сака. Јаболко, круша, банана, слива, портокал, мандарина, киви, праска, кајсија, лубеница, диња, ананас, манго, авокадо. Значи, буквално се јаде, и тоа не чека јас да му понудам, туку и сам си бара. Најмногу се изненадив, кога бевме на гости кај кумашините, тие во двор имаа посадено аронија, и му скинав, ја измив и му ја дадов. Мислев дека ќе ја плукне, затоа што и мене не ми се допадна кога ја пробав, а бараше уште. Јадач на мама најубав. 




vezilka RR -> RE: Овошје на децата (20.11.2014 12:21:34)

Лани ова време сум пишала, еме пак за мандарините. Никола пак им се фрли, и сега ќе ги тамани еден период. Јас сеуште се држам до принципот дека мора да изеде барем две овошки во денот. БАнана и круша или јаболче и нешто друго. Ако ми одмине денот а изел само едно, тогаш му цедам сок он некое овоштие, па тој да го шмркне.




Mila mamicka -> RE: Овошје на децата (20.11.2014 12:26:50)

Везилка, и јас секогаш гледам да изеде две-три ралични овошки во текот на денот, да не биде истата овошка цел ден. Е сега, пошто до 15 часот е во градинка, не ми останува многу време додека заспие во 20 и 30, и затоа му сечкам на коцки две три овошки, и тој си јаде од сите. Ако му остане, што ретко се случува, тука е мама да дојаде[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Секако и јас морам да јадам овошје, посебно сега кога сум повторно бремена.  




vezilka RR -> RE: Овошје на децата (20.11.2014 12:42:22)

Епа и ние преку неделата кога сме во градинка понекогаш не стигаме втората овошка да ја изедеме, па му ја цедам во сокче. Инаку сега баш ми текна дека Никола па не ги сака оние јужните, на пример, авокадо, ананас, кокос..тоа му имам понудено, никако не ги сака.




AneLav RR -> RE: Овошје на децата (20.11.2014 12:52:47)

На моиве дечки некаде до година ипол обавезно првиот оброк им беше овошје и тоа секакво мешав, зимно време им мешав јаболчиња со компоти зависно какви имав. Немаше шанси да поминат ден без овошје. Сега веќе знаеме да прескокнеме некој ден бидејќи не сакаат блендирано. Јас не сум многу по овошјето и обично мм им лупи навечер во овој период од годината мандарини и јаболчиња.




Felly RR -> RE: Овошје на децата (20.11.2014 13:10:18)

И ние ја почнавме сезоната на мандарини, киви, банани, а секако и јаболкото не го забораваме.




caciana -> RE: Овошје на децата (20.11.2014 13:38:24)

Секакво овошје си јадеме и немаме никаков проблем [sm=smiley1.gif]. Мамички немојте да го заборавите зеленчукот, тој е важен дел од исхраната на детето . Користете ја брокулата почесто, зелка , морков , пиперка ... [sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Овошје на децата (6.6.2015 17:32:37)

Од овошје синковци најчесто конзумираат јаболки,круши,банани и цеден сок од портокал.И не којзнае колку многу ни од тоа наведеното ама пак се трудам во текот на денот да внесат барем нешто.[sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Овошје на децата (6.6.2015 23:06:31)

Ј сака секакво овошје и не прави проблем да грицка или со житарки ама како сок од соковник не сака ,а Л јаде само јагоди,цреши ,јаболки,крушки,лубеница и портокал само цеден




tincule -> RE: Овошје на децата (20.10.2015 16:57:43)

Ние од овошје богами се си лапкаме на секој можен начин. Овошје во било кој период од денот да ни дадат ќе јадеме немаме гајле, по можност ако е и покиселко мхмхм ептен сме по киселото[sm=smiley1.gif]. Е сега ме интересира ние сме 15 месеци и немаме пробано боровинки, јагоди, киви, малини дали може веќе да и давам. Пошто матичната првин ми рече рано е , после ми рече веќе се можеш да и даваш. Вие од кога почнавте на вашите да им давате?




lukajana RR -> RE: Овошје на децата (20.10.2015 17:21:43)

Тинчуле јас давам јагоди ,малини ,капини од година.Таман во мај направи година и ја фљтивме цела сезона на шумските овошја ,Ј обожава јагоди ние имаме и во двор во саксии и двајцата цело лето береа и јадеа




MamaKiki -> RE: Овошје на децата (20.10.2015 23:27:13)

боровинки моево обозава му давам наутро скоро стално оброк со овошје јаде банана , круша праска, лубеница и цреши летото си јадеше во сезона не блендирани денес прв пат со запчињата грицкаше јаболче [sm=bravo.gif] мандарина кога јади кога не... портокал сокче му цедам како ужинка ама не секој ден.. а зеленчук почна да ми одбива последно, имаше период па овошје кога одбиваше... период некаков [sm=zmeden.gif] битно нудам после годината дадов малинка, аронија( не ја обожжава) боровинка , капинка има пробано ама не ја бендиса од тие семките.. јагоди имам убави замрзнато ама се нешто се плашам да му дадам [sm=zmeden.gif]




sandriana RR -> RE: Овошје на децата (21.10.2015 9:39:26)

Овошјето е неизбежно секој ден. Дали јаболко, дали банана, сега и гројзе многу јадат. Инсистирам, и веќе им стана навика, после градинка, задолжителна ужинка е овошјето.
Во двор имаме капини, па летово, гледајки ме мене и големата како береме и јадеме по некоја капинка пред работа/градинка, и малово почна да бара, па така пред да наполни 1 година - ги вкуси. Немаше реакција, па се приклучи во утринската рутина [sm=smiley1.gif].




vezilka RR -> RE: Овошје на децата (21.10.2015 14:06:15)

Јас сум диктатор по однос на овошјето. За друго не малтретирам дали и колку ќе јадат, ама овошје во денот мора да се изеде минимум едно парче за Никола. Јосиф сеуште доручекот му е овошна каша, хихи уште сме на каши. И никола ако не е во градинка, сабакле пред да доручкува било што друго, јаде овошје. А ако е во градинка, после градинка, прво некое овошје. За овошниов доручек многу ме караа, да речам и за Никола кога беше мал, и сега за Јосиф, демек не ги држело, малку било. ЁАма јас си терам по мое, и не верувам дека е малку оти и јас јадам овошје сабајле и знам колку ме држи.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]