RE: Овошје на децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


strelec 1982 -> RE: Овошје на децата (16.8.2011 0:14:36)

Cresi ne saka lani ic ne sakase a godinava kolku da se rece deka proba po nekoja a za toa pa jagotki po ne znam kolku jadese.Duri mi se sluci da se cesa od jagotkite od sto izel pogolema kolicina jas daj mu tatko mu baba mu komsikata i pocna da sezali deka go cesa ne cinelo mnogu jagotki omo on e dveipol godini do godinata ne mu davav poradi alergija od niv.Isto jade jABOLKO KRUSKA SLIVA GROZJE i so molenje kajsija i praska.




Felly RR -> RE: Овошје на децата (16.8.2011 11:19:52)

Леле па Матеа колку сакаше цреши, мислам едно кило да и дадев ќе си ги изедеше[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Ама сега завршија, нема. Ама затоа има јагоди, ние и во двор имаме насадено, и точно по 4-5 зрели има секој ден. И многу си ги сака.




Pepelaska * -> RE: Овошје на децата (16.8.2011 12:30:12)

Мартин исто обожава се од овошје нема на кого[sm=smiley36.gif] јас сум истата јадам кило грозје за минута,јадеше кајсии,по малку цреши, сега праски делка, понекогаш малку лубеница му давам диња а и грозје проба и тоа му се бендиса. Нема пробано киви портокали и цитрони здравје зимава ќе крка




mila mama -> RE: Овошје на децата (16.8.2011 13:06:32)

Прво од овошје и дадов киви, иако викаат цитрусно не се давало. друго од овошје јадеме бананиии (разбира се) [sm=smiley1.gif], јаболка поретко, лубеница, диња, праски обожава, кајсија, сме пробале и грозје.




Felly RR -> RE: Овошје на децата (23.10.2011 8:38:29)

Матеа овошјево го јаде на периоди. Има период на јаболка, па период на портокали итн. Еве на пр. банани уште кога почнав со кашички многу ги сакаше, после околку годинка, минатото зимо, ама ич не сакаше да проба, најмногу јадеше портокали, некоја кива, јаболка... Сега еве почна пак да јаде банани (да не ја урочам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])




Maca25 -> RE: Овошје на децата (23.10.2011 9:38:47)

Нина порано јадеше повеќе кисело овошје, сега па не сака да види кисело. Цело лето ја молев да јаде сливи, е не, сега ги сака сливите. Крушки и банани ни се стандард, тоа јадела секогаш. Сега гледам да и давам мандарини повеќе, ама еднаш јаде, еднаш не јаде. 




profesorica back -> RE: Овошје на децата (23.10.2011 9:56:47)

Дамјан воопшто не јаде овошје...така беше како бебе така остана и до ден денес...само банана и јаболко понекогаш јадеме низ игра одвај...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

овошјето го конзумура само во вид на цеден сок.



ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica back

ИЗВОРНА ПОРАКА: mila mama RR

Прво од овошје и дадов киви, иако викаат цитрусно не се давало. друго од овошје јадеме бананиии (разбира се) [sm=smiley1.gif] , јаболка поретко, лубеница, диња, праски обожава, кајсија, сме пробале и грозје.


блазеси ви...колкави сте вие?





kikicka -> RE: Овошје на децата (23.10.2011 10:50:23)

nie jademe jobolki ,krushi,banani,borovnica,nekogas kapinki i malinki ,dunja pomala koga beshe sega ne ja saka veke,slivi,lubenica,dinja mislam deka e toaa :) see[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Овошје на децата (23.10.2011 14:43:47)

najmnogu obozava banana, jabolko i praska. celo leto posle gradinka obavezno po edno ovosje jadese, a mislam deka jadese zasto mu gi davav seckani na parcenca i sam da jade, ne pasirani. osven tie jade kajsija, lubenica proba na kraj na letoto, slivi. dinja i kruska ne saka ni da pomirisa.




arh_diz -> RE: Овошје на децата (23.10.2011 15:54:42)

Site ovosja sto gi ima probano mu se dopagaat a najmnogu sliva i lubenica.Dunja mu nemam dadeno a i neznam kako da mu ja spremam




Snowhite RR -> RE: Овошје на децата (23.10.2011 16:17:26)

Најмногу јаде јаболка и банани и лубеница исто, диња не сакаше летово, а минатото лето многу јадеше, круши купив пред некој ден едвај едно парче го изеде со залажување и повеќе не сака. Праски исто така сака. Инаку јаболкото јас му го лупам цело и така си гризи, не сака да му сечам парчина, татко му така го научи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Овошје на децата (23.10.2011 16:34:28)

jas na filip od 7 meseci se mu pasiram so viluska ili sitno seckam se sto jade, pa taka i ovosjeto. jabolkoto go saka svezo, rendano na krupno, bananata sam si ja gricka, a drugoto mu go secam na mali kockicki, normalno bez luspa. a da prasam, da mu dadam li nesto od jagotki? do sgea nema probano jagodi, a ima edni ovosni mali jogurtcinja vo sisenca od jagoda, sakam da mu dadam. ima 16 meseci.




Џесика -> RE: Овошје на децата (18.2.2012 22:38:21)

Многу сум задоволна на оваа тема, Борјан секој ден јаде најмалку 1 јаболко и портокал, исклучиво свежи ги грицка, банана само пасирана ја сака, лимон исто сака да лиже [sm=smiley36.gif] пошто сега почна да џвака, ќе видиме со летниве овошја како ќе биде, ама јаболкото ни е доза секој ден.




mamamoni -> RE: Овошје на децата (18.2.2012 23:13:31)

Обожава овошје, најмногу во овој период јади портокал, банана, јаболко, круша и сето го јади сечкано на поголеми парчиња в раче и си грицнува




nadica -> RE: Овошје на децата (18.2.2012 23:26:14)

моето дете е феномен [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] што значи дека ако еднаш го јаде  можеби нема ни да го проба по втор пат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] најчесто ја нудам со сезонско овошје кое го купуваме и го имаме и за нас ретко купувам нешто специјално за неа бидејќи ретко и го јаде и можеби во еден ден да изеде и јаболко и портокал и банана а наредните денови да не проба никакво овошје [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mila mama -> RE: Овошје на децата (18.2.2012 23:40:21)

2-3mandarini na den,pola do edna banana, cetvrt jabolce ili pola krusa jademe skoro sekoj den.




Snowhite RR -> RE: Овошје на децата (19.2.2012 8:55:03)

Кога излегоа мандарините па да не претерам можеби цело кило јадеше и тоа во рок од 1ч[sm=jezicek.gif] Озбилно еднаш купив кило и цело време бараше уште сакам, уште и му ги однесов сите и по 1ч баба му го донесе и имаше уште 2 мандарини, додуша заедно со братучедите јадеа, ама сепак...
Сега не ги јаде како тогаш, ама јаде од се по малку и мандарини и јаболка и портокали(портокалот послабо, па му цедам сок) и киви и банани




Felly RR -> RE: Овошје на децата (19.2.2012 9:23:42)

И Матеа јаде овошје, до душа на периоди јаде, има период на банани, па после банани не сака ни да види, ама важно нон стоп си каснува нешто. Некогаш јаболко, некогаш ако не сака портокал и мандарина така да јаде, и правам сок - и си го пие. Киви, поретко.




Pepelaska * -> RE: Овошје на децата (19.2.2012 15:54:03)

Мартин обавезно во денот јаде по педно две јаболка, а ако не јаде друго може само со јаболка да седи [sm=smiley1.gif].Среќа имаме домашни, проверени , здрави[sm=smiley1.gif].Јаде и банани , манина(мандарина) ама само едни малечки поблаги што се ,киви двапати изеде цели а сега не сака, а портокал не јаде му кисели




Felly RR -> RE: Овошје на децата (6.4.2012 13:47:48)

Овошјето и децата

Децата треба да јадат овошје. Тоа е храна со ниска содржина на маснотии, минимални количества соли и калории и која не содржи холестерол. Овошките, од друга страна, често се богати со калиум (бананите се најпознати по содржината на овој елемент и често омилени кај децата), растителни влакна и витамин Ц.

Според препораките од експертите, децата на различна возраст треба да консумираат различни количества овошје:

- 2-3 годишни деца треба да изедат 1 кафена шолја овошје дневно

- 4-8-годишни деца треба да изедат 1 до 1,5 кафени шолји овошје дневно

- 9-13-годишни девојчиња треба да изедат 1,5 кафени шолји овошје дневно

- 14-18-годишни девојчиња треба да изедат 1,5 кафени шолји овошје дневно

- 9-13-годишни момчиња треба да изедат 1,5 кафени шолји овошје дневно

- 14-18-годишни момчиња треба да изедат 2 кафени шолји овошје дневно

Треба да се истакне дека секогаш е подобро детето да јаде цели овошки, кои се богати и со растителни влакна, наместо само да пијат овошен сок.

извор: кулинар.мк




petra27 -> RE: Овошје на децата (11.9.2012 23:42:40)

Imame 22 meseca i sekoj den jademe po edna ovosna kasicka,ponekogas i dve bidejki ne pieme nikakov sok :)




vezilka RR -> RE: Овошје на децата (12.9.2012 10:24:20)

Јас многу инсистирам на овошјето. До сега секое сабајле доручекот ни беше овошје, е сега во градинка нели не им даваат секој ден овошје, па затоа јас решив веднаш по враќањето од градинка да му давам по една овошка, подоцна, после ручек уште една и бананата во вечерата некако да ја комбинирам. Јас мислам дека внесувањето на свежо овошјеи зеленчук во текот на денот е многу важно за правилниот раст и развој, како и за имунитетот на детето и затоа инсистирам на ваков внес.




AnnaMolly RR -> RE: Овошје на децата (1.6.2013 14:14:35)

Иако гледам и читам дека многумина од вас наутро даваат овошје, јас на Филип му давам попладне. На пример, во работни денови кога оди во градинка, кога ќе го земам дома јаде овошје, а кога сме дома за викенд после попладневното спиење му давам.

Јаде овошје, не дека не, само не јаде секакво овошје. Главно јаде јаболки, банани, мандарини, портокали, лимон. Лани не сакаше кајсии и праски, за годинава ќе видиме. Лубеница и диња исто така не сакаше да помириса лани.

Интересна работа е што вчера првпат проба цреши, а има 3 години. Скаран беше со се што е јадење во црвена боја, ама изгледа му помина :) Се изналапа цреши со мерак, дури и уште бараше :) Уште јаготки да проба и ќе славам :)




vezilka RR -> RE: Овошје на децата (1.6.2013 14:17:43)

[sm=bravo.gif] Браво за Филип, ја победивме црвената боја.




miana -> RE: Овошје на децата (2.6.2013 14:02:53)

И моите деца се големи љубители на овошје....Малото сака се што е кисело а големото пак се што е поблаго..Молото обожава лимон да јаде [sm=smiley36.gif] Инаку речиси секој ден јадат овошје..Јаболка,банани,портокали ( тоа имаме речиси секој ден ) инаку еве денес се изнајадоа цреши ( тазе берени од наше дрвце ) исто така и ананас свеж многу јадат.Се на се,јадат овошје и тоа многу и задоволна сум што нема потреба да се молиме..




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>