RE: Овошје на децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


AnnaMolly RR -> RE: Овошје на децата (6.6.2013 11:11:40)

Имам едно прашање :)

Детево мое стана зависник од цреши, секој ден јаде по едно поооолно чиниче цреши. Ама количински колку јас да се најадам :)
Не знам што толку ги бендиса. На пример, цело ПОЛНО чиниче од оние на ХИП што ги даваа гратис ако се сеќавате :)

Прашањето ми е дали е ТУ МАЧ толку овошје да јаде секој ден и дали е ТУ МАЧ што последнава недела од овошје јаде САМО цреши.

Си викам подобро едно исто овошје да јаде отколку ич :)
Денес ќе одиме заедно на пазар праски некои убави да си купиме или малинки, па да смени малку.




Bethany -> RE: Овошје на децата (6.6.2013 11:15:16)

Ана Моли, мислам дека ниту е премногу се додека не му смета, да не го боли мешето или сл.
Не може да биде премногу и па што ако јаде веќе неколку дена по ред. Па сезонско овошје е. Може на пладне да му дадеш банана пример и нека си ужива детето.

И јас на син ми му давам што има сезонско. Секој ден јаде банана со нешто, првин портокали кога беа, па после киви, па сега сме на јагоди и цреши, па после нешто друго што излезе.




AnnaMolly RR -> RE: Овошје на децата (6.6.2013 11:26:03)

Па јас имам само една шанса во денот да му дадам овошје зашто оди во градинка. Си доаѓаме дома околу 17 часот и тогаш јаде овошје, па после во 19 вечера. И реално само еднаш во денот му давам.
А кога сме дома преку викенд двапати јаде овошје. Еве денес баш ќе одиме заедно да си купиме овошје, па малку да смени :)




Mihaela 2010 -> RE: Овошје на децата (6.6.2013 11:32:54)

Davaj mu vo tanjitce iseckano povekje vidovi pa neka si bocka so viluska...jas taka i pravam na M,samo sto neli nie ne sme po jadenjeto[sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Овошје на децата (6.6.2013 11:44:32)

Е не сака господинов мешано :) Еден вид да му е :)




Bethany -> RE: Овошје на децата (6.6.2013 12:44:55)

Е па нека му е еден вид тогаш, па ќе смените малку за некој ден. Црешите содржат сите витамини и минерали, додуша во помали количини, ако те загрижува тоа да не е једнолично.
Кога сте за викенд ќе му даваш нешто плус, тој јаде и свежи салати, немаш гајле.
Нека си ужива во црешите додека ги има:)




Sasha24 -> RE: Овошје на децата (13.6.2013 15:08:09)

Е па доволно е и еднаш во денот да јаде овошје, ама гледајте тоа да биде барем пола саат пред главен оброк(ручек, вечера...)




cucamaca -> RE: Овошје на децата (13.6.2013 16:27:53)

:) И моево нема крај за овошје :) дур му давам - јаде :)
А МНОГУ може да му е само ако го били меше, или не дај Боже да добие пролив... инаку ништо не му е! Нек си јаде дете

Ние имаме 2 ужинки од овошје




Felly RR -> RE: Овошје на децата (19.6.2013 17:26:49)

Ние сме моментално во период на праски. Кајсиите не ги сака баш, периодот на цреши и помина, а јагоди може - да не ги заборавам.




Snowhite RR -> RE: Овошје на децата (20.6.2013 17:13:24)

Јас оваа година првпат му дадов јагоди на М, претходните две години баш кога беше периодот на јагоди првата година мислам некој вирус го имаше фатено, а лани имаше сипаници и не му дадов и сега прв пат, ама не ги бендиса баш. Инаку јаде скоро се од овошје, вчера изнкупивме банани, круши, праски, дома имаме кајсии и се изнајаде, пу пу[sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Овошје на децата (20.6.2013 18:06:39)

Мојов јаде се од овошје, АМА ако не јаде нешто овака сам да грицка како банана и јагоди, тогаш ставам во блендер, неколку врсти овошје и тогаш не се буни. Не ми е проблем, битно ми е да јаде, многу повеќе изеде така неголи сам да јаде и да го мине волја додека се изеде. [sm=smiley1.gif]




rina13 -> RE: Овошје на децата (20.6.2013 19:34:28)

За зеленчук месо и млечни производи немаме гајле се си јаде. Овошје не обожава освен банани,вишни и дињи .Се друго маскирам со пасирање и плазма некогаш со житарици.Пробав пред некој ден да и дадам лубеница и ги вадев пред неа семките,ме виде и вика нејќам го.ца има[sm=smiley36.gif]И не успеав да ја убедам ќе почекам некој ден па ќе и дадам исчистена да не ме види како ги вадам семките.




deluxe -> RE: Овошје на децата (20.6.2013 20:22:22)

бебушково мој има скоро 10мес. си јаде цреши уху ху за мерак 10 цреши ги јаде како на шала и 1 кајсија тоа му е задолжително,не ги блендирам само ги чистам од семки и лушпи и си кркаме[sm=smiley36.gif] свежо




Felly RR -> RE: Овошје на децата (6.9.2013 23:30:39)

Летово главно овошје ни беше лубеница и праска, по малку диња, јаболко, цреши дури имаше и јагоди.




masa -> RE: Овошје на децата (7.9.2013 13:11:09)

И јас да си ја пофалам малата ми јаде овошје иако ретко и текнува сама да побара,но кога ќе и принесам јаде цело јаболко(тоа и е омилено исто како на мама)плус праска или круша периодов,грозје помалку зошто ги плука семките и лушпата и тоа траееее,а ако и го чистам ќе изеде повеќе.Сега чудно ми е што диња и лубеница не сакаше многу и сега смоквите не ги сака,а капини малини јаде (нели и тие имаат семчиња мали) изгледа е до вкусот.Исто и банана и портокали јаде многу,ама периодов не давам многу зошто има друго овошје.И јадеме секој ден по една ужинка овошје,а сега и варена пченка јадеме често.Неа ја јаде од 18 месеци сама си грицка по цело клавче.




Felly RR -> RE: Овошје на децата (7.9.2013 13:45:57)

И М лани не сакаше лубеница, па ова лето најмногу тоа јадеше. Ете и за грозје заборавив, и тоа ни беше редовно на мени, е сега како што ќе ги нема овие овошја, мора со некое друго да ги заменуваме.




elenak -> RE: Овошје на децата (7.9.2013 15:34:31)

Уф, ние имаме проблем со овошјето. Овошје насечкано на парченца не доаѓа во обзир, само лизнува и се мршти. На неколку пати и имам пикнато во уста да види дека не е грозно и добива нагони за повраќање[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] Значи само банана се јаде без проблем. А доколку е блендирано може. Така јаде и јаболко, јагода, круша, праска, диња, кајсија и вишна, се. Значи не е до вкусот, не знам што е проблемот. Пробав и пасирано со вилушка не оди. Само каша да е. И стварно ме нервира, се друго јаде неблендирано. Во што е разликата од блендирана и сецкана праска не знам?




Bilence2 -> RE: Овошје на децата (7.9.2013 19:48:25)

Моево пак лажица да не види. Со парчиња лубеница, праска банана, грозје, смоква, диња јаде се па дури и сам со вилувче ги боцка. Друго да не види. Јаде и патлиџан и маслинки исто на парченца. Сега се токмам компот од праски да направам за на зима оти што ќе јаде инаку. Пасирано, рендано ништо не сака.




bucko mal -> RE: Овошје на децата (9.9.2013 12:50:40)

Za creshi merak me fati,sinmi kolku mi bara ama nema,mnogu retko I toa nikakvi [sm=smiley13.gif]

Ovoshje jadat I dvajcava sekakvo bes problem.Mene me interesira za kolicinata kolku da se dava na den,za dve nedeli pravime godinka.Nasabajle mu davam ovoshje so zitarici I dvete uzinki mu se ovoshje[sm=zmeden.gif]
Kolku ovoshje mu davate na vashite deca?




AnnaMolly RR -> RE: Овошје на децата (9.9.2013 15:20:47)

Морам да кажам дека не е голем љубител на овошјето. Јаде банани, јаболки, портокали и мандарини без проблем, а нешто поразлично нема шанси. Цреши се дупна јадејќи, ама нив кратка им е сезоната.
Ама си викам подобро еднолично овошје отколку никакво. Гледам да јаде по едно парче овошје на ден. Еве вчера изеде едно јаволче, денес или банана или пак јаболче.




vezilka RR -> RE: Овошје на децата (9.9.2013 19:42:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal

Za creshi merak me fati,sinmi kolku mi bara ama nema,mnogu retko I toa nikakvi [sm=smiley13.gif]

Ovoshje jadat I dvajcava sekakvo bes problem.Mene me interesira za kolicinata kolku da se dava na den,za dve nedeli pravime godinka.Nasabajle mu davam ovoshje so zitarici I dvete uzinki mu se ovoshje[sm=zmeden.gif]
Kolku ovoshje mu davate na vashite deca?


Од овошје нема штета, колку им се јаде нека јадат. Мене би ме радувало што повеќе да јаде. Нас некако мерка ни е три овошки дневно. Викенд кога сме дома три парчиња на сабајле за доручек му ги дабам, па така и со тоа во текот на денот му се фаќа повеќе. Преку недела, пие цеден портокал веднаш кога го зимаме од градинка, и потоа уште едно парче. Инсистирам на уште едно до вечер, ама не секогаш ми успева.




mommy_angels RR -> RE: Овошје на децата (9.9.2013 21:06:19)

Лубеницата некако не и беше по кеиф,ама затоа пак грозјето и модрите сливи ги обожава,банани стандард,заклучок ако и се допаѓа може да изеде многу,а ако не воопшто не јаде




Hunny -> RE: Овошје на децата (9.9.2013 21:55:13)

Ќерка ми многу сака овошје. Секој ден го почнува со овошје, житарки и мед, па после се друго. И во текот на денот си јаде. Ако види на маса одма вика ам и плаче ако подзакаснам[sm=smiley36.gif]




Marina I -> RE: Овошје на децата (19.11.2013 13:31:48)

I sin mi mnogu saka ovosje, sekoe utro jade po 200 gr, samo imam edno prasanje, neznam dali e za ovde no sepak za ovosje stanuva zbor, pedijatarot uste pred da pocnam so dohrana mi kaza deka semeto od kivata predizvikuvalo alergija, mu ja davam samo nadvoresnosta, pa me interesira koga mozam da mu davam cela kiva i semeto, ima 1 godina i 8 meseci. fala




Bethany -> RE: Овошје на децата (19.11.2013 13:38:54)

Марина И, мислам дека слободно може да се обидеш.
Јас од секогаш му давав цело киви , излупено нормално, а бевме помали неголи вие сега.
И немам слушнато дека семките се узрочници на алергија, напротив син ми кога има тврда столица, после кивито, знам дека семките ќе го прочистат обавезно [sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4] 5   Следна страница >   >>