RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


Еца -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (6.4.2010 11:29:35)

Јас веке планирам да ја запишам Мила во градинка, здравје од јули, ќе има неполна година и сега би ја запишала со 9 месеци, но проблем ми е млекото во секој случај размислувам веќе.




Maca25 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (6.4.2010 11:35:22)

Јас ја чекам Нина да стане и одиме до градинка на пола саат. Така секој ден овие 2 недели. Па после сама. Ќе пишам како сме поминале.




dragana_vane -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (6.4.2010 12:16:56)

Ja utnav temata malku, no dobro, vo cetvrtok odime vo gradinka na 14 meseci mnogu sum vozbudena[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




brineta88 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (8.4.2010 15:02:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Јас веке планирам да ја запишам Мила во градинка, здравје од јули, ќе има неполна година и сега би ја запишала со 9 месеци, но проблем ми е млекото во секој случај размислувам веќе.

И јас сакам на годинката да го запишам, па ќе видиме. Мајка ми ми вика полека да го одвикнувам дека цица, ама некако тешко ни оди. па здравје ако се одвикне до јули сакам да го носам во градинка.  Ама некако многу се мислам.




Еца -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (12.4.2010 16:32:28)

дали има некој кој своето дете го пуштило во градинка/јасли а да било со некаква алергија. Се повеќе и повеќе се мислам да ја пуштам Мила во градинка и бидејќи е алергична на млеко да си носам јас јадење. Не знам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




April -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (12.4.2010 18:07:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

дали има некој кој своето дете го пуштило во градинка/јасли а да било со некаква алергија. Се повеќе и повеќе се мислам да ја пуштам Мила во градинка и бидејќи е алергична на млеко да си носам јас јадење. Не знам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]


разговарај со учителките или претпоставените во градинката...не знам дали би ти дозволиле да носиш јадење од дома...можеби тие би смениле нешто во однос на Мила




Тања РР -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (12.4.2010 18:23:02)

Уф оваа тема ми е болна точка. Многу ни е рано уште сега да размислуваме но моето породилно ќе истече во август а тогаш Јана ќе биде само 7 корегирани месеци а ќе нема кој да ја чува [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image].
Свеки и свекор ми одат на работа а плус во август треба да се породи јатрва ми што живее со нив а мајка ми ќе го гледа бебето на брат ми.  Не можам да замислам да ја пратам во јасли толку мала и ранлива.
Размислувам за жена која ќе ја чува но тоа ми изгледа некако терсене, каде да најдам соодветна жена, не можам да си го доверам детето секому[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




skorpijana -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (12.4.2010 19:57:54)

jas moeto dete go prativ vo gradinka od edna godina i bese super
prviot den go ostaviv dva saata i koga otidov da go zemam ne sakase da si odi od vtorio den ostana cel den ni da se rabole ni nisto dodeka ne probate nema da znate




topce -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (12.4.2010 21:09:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

дали има некој кој своето дете го пуштило во градинка/јасли а да било со некаква алергија. Се повеќе и повеќе се мислам да ја пуштам Мила во градинка и бидејќи е алергична на млеко да си носам јас јадење. Не знам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

кога ја запишавме Анастасија немаше никаква алергија ама она не јаде медолино чоколино и слично, па си носев јас секое утро јадење во градинка.после и го фатија тертипот со сиренце и дробено млекце и веќе не носев.Арно ама после 3 месеци и се јави алергија, докторката вика дека е привремена, на риба и цитронско овошје и јас пак си носев сок од јаболко зашто само тоа смееше да пие.значи во договор со негувателките ќе може се да се среди останува само делот што она е детенце и ќе сака и другите што јадат што е нормално.има деца што се вегетаријанци и им носат 2 оброка.




Еца -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (12.4.2010 21:47:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Уф оваа тема ми е болна точка. Многу ни е рано уште сега да размислуваме но моето породилно ќе истече во август а тогаш Јана ќе биде само 7 корегирани месеци а ќе нема кој да ја чува [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] .



Тања само да те информирам дека породилното може да ти го продолжи педијатар како боледување за нега на дете. А ти имаш основ за тоа, недоносено, на кое сеуште му е потребна грижа од мајката. Распрашај се, ова продолжено боледување или нега на детето и дозволено зе а сите мајки кои имаат дечиња кои имаат некаков проблем, било тоа нешто посериозно или некоја помалку сериозна болест, или пак во твојот случај недоносено бебе. Педијатарот го продолжува боелдувањето, а потоа одиш на комисија која одлучува уште колку време ќе седиш дома со бебето.




Mila na mama -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (12.4.2010 22:36:32)

Ние сме на листа за во градинка од септември. Сама јаде, се надевам дека летово ќе ги откачиме и пелените, ќе наполни 2 годинки и ќе се забавува во градинка. Инаку едвај чека да порасне за да оди во градинка кај децата.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
После периодот на адаптација некаде средина на септември или почеток на октомври жената што ја чува сега ќе ја ослободам па кој ја сака нека се пријави да ја резервира. Јас ја препорачувам најсрдечно многу сум задоволна.




betpet -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (12.4.2010 22:52:11)

Da Eca e vo pravo, jas sum primer za prodolzuvanje na boleduvanjeto.Mene mi istece porodilnoto otsustvo na pocetokot na mart, no od pricini sto e mala i koregirana vozdrast od 7,5 meseci, prdijatarot mu go prodolzi uste 15 dena od nea a posle bev na prvostepena komisija koja mi go prodolzi nad 21 den, dodeka vtorostepenata, veke mi dade 1 mesec , so pravo na prodolzuvanje i ponatamu.Pri seto ova ne se zapisuvase nekoja posebna dijagnoza, za bolest ili slicno, dovolno e sifrata na nedonoseno-premature.Pa Tanja iskoristigo toa i moze da se zema nega na dete do 3 godini, vo zavisnost od toa sto ke kaze pedijatarot.




Тања РР -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.4.2010 1:07:26)

Еца и Бетпет ви благодарам многу за инфото, немав појма дека постои такво нешто.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




natasha -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.4.2010 7:52:03)

Luka trgna na 3godini,a Leon zdravje letovo pravi 2god,pa planiram od septemvri i toj da odi,pa moze togas i ke mu se smili gradinkata na Luka,znaejki go faktot deka i Leon ke odi[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




BEBESARA -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.4.2010 17:36:12)

Jas pocnav od 3 godini koga ke moze da kaze sto saka i kako pominala vo gradinka.Vo D.Kapija gradinkata e nova no vo nea nema vospitac ili nekoj koj gi gleda tie deca a da ima nekoj ponezen pristap kon decata i tie da ja zasakaat i da sakat da odat , poveketo se plasat i placat koga odat vo gradinka.




Maca25 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (17.4.2010 0:45:31)

Денеска ги добивме резулатите од брисот и беа добри и здравје во понеделник во 9 ќе бидеме во градинка. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] којзнае како ќе биде. Со плачки најверојатно!!!




Џесика -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.7.2010 13:12:10)

Го запишав Борјан во градинка од Септември, па се надевам дека ќе биде многу интересно со оглед на тоа дека не сака многу луѓе, гужви, и галама... кога ќе почне ќе има 1 година и 8 месеци... знам дека можеби е мал, ама мора да се социјализира, само заради тоа го запишав, по дома цуци-муци да му прават...веќе ми се смачи!




Viktori -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.7.2010 13:27:27)

Не е баш мал за градинка а и од искуство со 3 деца ти кажувам дека што помало тоа полесно ќе се адаптира, социјализира и ќе стекне имунитет. Поголемите покажуваат појак отпор, а и веќе имаат ептен финти за манипулирање научено [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Моите појдоа сите на различна возраст. Последната ќерка појде најмала на (15 мес) затоа што веќе не можев дома да дремам ќе се мрднев, па почнав работа да барам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Џена -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.7.2010 13:31:21)

Јас моето синче го пуштив во градинка на 15 месеци.Тогаш веќе одеше сам и мислам дека периодот беше најповолен.Градинката ја прифати убаво и веќе си има навика за одредени работи.Жената што го чуваше претходно веќе направи некои глупости и заради тоа совет до сите мамички ВНИМАВАЈТЕ КОГО ЌЕ ОДБЕРЕТЕ ЗА ЧУВАЊЕ НА СВОИТЕ ДЕЦА.




mama26 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.7.2010 13:43:00)

na 2 godini.ama doma bev i bolen bese 90 %u gradinka pa go otpisav.inaku ima od  bebinja sto gi nosta.i navika stvaraat tie deca




jovanka -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (20.8.2010 13:36:48)

Popoleka zapocnuva periodot na gradinkata koga nekoi deca prodolzuvaat vo pogolema grupa a nekoi ke se sretnat za prv pat so gradinkata.Od ponedelnik za novite clenovi ke zapocnat da gi soopstuvaat spisocite vo koja grupa i kaj koja ucitelka, pa ke imame poveke razgovori na ovaa tema kako nasite najmili gi pominuvaat prvite denovi vo novata sredina.




mama26 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (20.8.2010 13:38:28)

sakav i jas da go dadam vo gradinka ama mm ne saka.pa se dogovorivme slednata godina odnosno na 5 god,pred trgnuvanje vo skolo.




nutelizza -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (21.8.2010 0:41:07)

Кои врски треба за во градинка лелееее[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]

Секаде ли е така???




mama26 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (21.8.2010 0:49:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nutelizza

Кои врски треба за во градинка лелееее[sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif] [sm=zmeden.gif]

Секаде ли е така???
      ???????????? kako mislis vrski?




nutelizza -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (21.8.2010 0:51:43)

Па врски да ти го стават детето во група во градинка, преполно е има многу деца.

Барем во Куманово.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>