RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


gelce -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (17.3.2011 14:40:31)

[nie trgnavme vo gradinka so 13 meseci sega sme na 4 godisna vozrast, za tie koi imaat drugo resenie ne im preporacuvam gradinka ....izvor na bakterii i virusi, od septemvri 3 dena vo gradinka 15 doma po sekoe odenje zakacuvame nova bakterija sega mi go cuva zena pa da vidime kako ke bide




riba79 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (17.3.2011 14:57:04)

denim,imam dve drugarki koi imaat bliznacinja ednite se rodeni vo fevruari a drugive vo mart..vo gradinka trgnaa na 1 i 6 meseci i na pocetokot nastinuvaa ama toj period traese do dekemvri kaj ednite a akaj drugive do mart..sreka ednata drugarka ne rabotese a ziveese so svekrva pa taka imase koj da gi cuva..a drugata odese na rabota ama koga bea bolni gi cuvase taa so pomos na majka i koj ne rabotese.kako i da e za bliznacinja koga se bolni treba dve zeni da gi cuvaat..ama sreka toj period mislam deka i kaj tebe bi trael kratko zatoa sto dali deteto ke go pustis na 1 ili 4 g toa ke nastinuva se dodeka ne stekne imunitet(ova mi go kaza mojot d-r).a ova kombinacija gradinka i zena mislam deka ke ti bide dobra.pozdrav




Anabanana -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (18.3.2011 15:17:56)

Marko trgna vo gradinka od septemvri, znaci na 3 godisna vozrast. Jas od sekogas sum bila za dete da se prati vo gradinka, da bide tamu so decinja, da uci pesnicki i niza drugi raboti ...ne za drugo, i navika da stekne za se. I super ni trgna. Placese nasabajle samo edna nedela, ama ne oti ne mu se odelo u gradinka, tuku duri da go fatime redot za stanuvanje rano nasabajle. Posle nedela dena stanuvanjeto ni stana pesna. E sega faka sekakvi virusi i nastinki, ama pa kako ke ojaca ako ne pomine se toa ... No generalno, sum si zadovolna od vospituvackite, i milio mi e sto Marko se vklopi mnogu brzo so drugite decinja vo grupata. 




bebe82 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (17.4.2011 22:58:01)

А само да прашам дали мора детето да се запише во септември во градинка или може од било кој месец ???




annie -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (17.4.2011 23:22:09)

кај нас децата ги праќаме во градинка само ако немаме избор и нема кој да ни ги чува!!!
во Белгија школо за мали или градинка е задолжително од 2 и пол годишна воздраст на детето само ослободено е ако детето уште мочка во гакички.инаку мајките што работат имаат само 3 месеци породилно и децата ги пракаат во градинки многу мали па и тие се деца и се многу поздрави и поотпуштени од нашите коги си ги учиме да си седат во нашиот скут и да не ни се пуштат од фустанот дур да наполнат 18 години[sm=zmeden.gif]!!!
јас сум дефинитивно за градинки од мали!




Viktori -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (18.4.2011 0:05:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82

А само да прашам дали мора детето да се запише во септември во градинка или може од било кој месец ???

може од кој било месец, ако има место!
За повеќето кај нас септември  е почеток на се! Па и на градинката. Затоа што се ни работи на резерва цело лето [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Инаку моите поаѓаа во градинка март-април некаде. Септември има многу нови деца и е хорско пеење, а преку лето има намален број на воспитачки. И на деца додуша, па и август не е така лош за упис.




bebe82 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (18.4.2011 0:17:16)

додуша
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82

А само да прашам дали мора детето да се запише во септември во градинка или може од било кој месец ???

може од кој било месец, ако има место!
За повеќето кај нас септември  е почеток на се! Па и на градинката. Затоа што се ни работи на резерва цело лето [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Инаку моите поаѓаа во градинка март-април некаде. Септември има многу нови деца и е хорско пеење, а преку лето има намален број на воспитачки. И на деца додуша, па и август не е така лош за упис.


Фала многу [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]. Мислев се почнува само од септември.




blue_blue -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (18.4.2011 13:19:09)

denim, Моите се во градинка од 2 години. Мислам дека нема многу разлика дали ќе тргнеа на 2, на година ипол или на 3. Они додека беа дома не беа никогаш од ништо болни, значи ни затнат нос немаа. Очигледно е дека на кој аи да тргнат возраст треба да им помине предиот на прилагодување. Најзезнато со близнаци е што се разболуваат ланчано едната, па одма другата или во исто време, значи имаш две кенкави деца за чување, па памти кој кога треба кој лек да го пие, итд...Мој совет ти е да идат во градинка, ама да имаш жена, баба на расаполагање која ќе ги чува секој пат кога ќе мора по недела, две три да останат дома за да закрепат од болести. И давај им нешто од тие сирупите за имунитет (јас им давам Киндер имун и мислам дека стварно има ефект), или види да ги однесеш на хомеопат уште пред да се разболат да ги знае па кога ќе фатат некоја болештија да не ги клукаш со антибиотик. Моиве веќе скоро два месеци имаат бактерија во нос и немам намера да им давам орален антибиотик оти нема гаранција дека ќе се излечат, а со антибиотски капки и инхалација со гентамицин не им се лечи, па утре се закажавме на хомеопат - неколку пријателки ми рекоа дека навистина има ефекти, па ќе пробам тоа и ќе се вратиме пак во солена соба на едно 10 третмани.

ИЗВОРНА ПОРАКА: denim

Gradinkata kako ustanova od vospitno- obrazoven karakter ja respektiram maksimalno i sekogas sum za odenje vo gradinka poveke otkolku za cuvanje po doma so babi i gledanje Turski serii. Kerka mi odese vo gradinka polni 4 god. i mnogu sakase da odi a jas bev vo sekoj pogled prezadovolna. No, sega sum vo dilema za malive bliznacinja... Koga ke se vratam na rabota tie ke imaat 13 mess. i mi se cini deka ke bidat mnogu mali za vo gradinka, babi nemame na raspolaganje vo sekoe vreme, a zena koja i da e, ne znam kako bi izlegla na kraj so dve deca sto prooduvaat[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]  Jas gi zapisav vo gradinka i mene periodot na adaptacija mi e poznat i ke pomine, znaci toa ne mi predstavuva griza, tuku mi e grizata okolu nastinkite. Kakvi se Vasite iskustva so tolku mali deca? Vo sekoj slucaj mislam da napravam nekoja kombinacija zena + gradinka [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]  




podarok -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (18.4.2011 14:24:37)

За секој случај провери затоа што јас [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] го запишав од септември затоа што во јули и август не примале нови, биле по одмори[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image], а во јуни ке има 6м, неможам да го пуштам. Можеби тоа е индивидуално за секоја градинка затоа провери за сигурна да си бидеш.




bebe82 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (18.4.2011 15:42:39)

ИЗВОРНА ПОРАКА: podarok

За секој случај провери затоа што јас [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] го запишав од септември затоа што во јули и август не примале нови, биле по одмори[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] , а во јуни ке има 6м, неможам да го пуштам. Можеби тоа е индивидуално за секоја градинка затоа провери за сигурна да си бидеш.


Fala podarok, vo sekoj slucaj ke prasam




sinolicka -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (18.4.2011 23:01:57)

blue-blue za homeopat nemam mnogu soznanija. kade ke gi nosis. dali ke go podelis iskustvoto so nas.jas sum zadovolna od pedijatarot ama sum poveke za lecenje bez antibiotik.posledniot pat vo gradinka zakacivme virus so temperatura i lesna opstukcija i 2 amoksiklava ispivme. ai dobro pominavme pred toa so zinat se lecevme.ke cekam da vidam dali si zadovolna




bebe82 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (5.5.2011 12:37:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Филип ќе тргне во јасли од 4 април. Малечок е ама немам кој да го чува по цел ден сум на работа и јас и мм, свеки има незгодна смена од 14 до 22 навечер секој ден, а мајка ми си има нормална работа. Значи мора во јасли.
Е сега само ме интересира колку време отприлика им треба за адаптација на дечињата во јасли? Има ли некој вакво искуство?
Инаку ќе оди во градинката 13 Ноември кај кружниот тек кај паркот. Многу луѓе ми ја препорачаа, како и Маца25 па ги послушав и таму го запишавме.



Бидејќи веќе одите во градинка, ме интересира што правите со исхраната???
Што јаде, му даваат ли кравјо млеко.

Јас бев во градинка да видам за упис, ама заборавив тоа да прашам.






Mamickaa -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (6.5.2011 11:30:59)

Девојки помагајте!

Незнам дали е тука соодветно да го пишам ова,но ако треба преместете го,се извинувам однапред[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

Малата се обидов да ја запишам во Бубамара градинката,но ми рекоа немало место,од Септември,а мене сега ми треба,зашто сакам да почнам со работа...ќе Ве молам ,ако некој може да ми помогне,не мора баш во таа ама во близина некоја градинка,значи реон Лисиче,да не знаете да има некаде слободно место,или пак преку некоја врска,ќе ви бидам ептен благодарна ако ми го направите тоа добро дело(лелее како да барам хуманитарна помош,недај Боже,не ми се верува дека за градинка барам врски,какво време дојде,без врски ништо,дури и за градинка ц ц)

Поздрав мамички,имајте пријатен ден![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (6.5.2011 12:14:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bebe82

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Филип ќе тргне во јасли од 4 април. Малечок е ама немам кој да го чува по цел ден сум на работа и јас и мм, свеки има незгодна смена од 14 до 22 навечер секој ден, а мајка ми си има нормална работа. Значи мора во јасли.
Е сега само ме интересира колку време отприлика им треба за адаптација на дечињата во јасли? Има ли некој вакво искуство?
Инаку ќе оди во градинката 13 Ноември кај кружниот тек кај паркот. Многу луѓе ми ја препорачаа, како и Маца25 па ги послушав и таму го запишавме.



Бидејќи веќе одите во градинка, ме интересира што правите со исхраната???
Што јаде, му даваат ли кравјо млеко.

Јас бев во градинка да видам за упис, ама заборавив тоа да прашам.






Му даваат кравјо млеко, ама Филип од неполни 5 месеци е на кравјо. Ако не пие твоето кравјо, ќе им кажеш.
А инаку јаде се, нема нешто што не пробал освен јаготки, капини и слично. Ама убави јадења прават барем во градинкава, на влезот има распоред за оброци за две недели унапред и ќе видиш, ако нешто не јаде твоето бебенце, кажи им и друго нешто ќе му дадат. А инаку само знам дека млеко од шише не им даваат.




bebe82 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (6.5.2011 13:30:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly



Му даваат кравјо млеко, ама Филип од неполни 5 месеци е на кравјо. Ако не пие твоето кравјо, ќе им кажеш.
А инаку јаде се, нема нешто што не пробал освен јаготки, капини и слично. Ама убави јадења прават барем во градинкава, на влезот има распоред за оброци за две недели унапред и ќе видиш, ако нешто не јаде твоето бебенце, кажи им и друго нешто ќе му дадат. А инаку само знам дека млеко од шише не им даваат.




Благодарам многу на брзиот одговор[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]. А ако не пие кравјо, ќе треба да им однесам Аптамил да и го прават (што ми е малку веројатно) или нема да пие млеко цел ден?


И јас се мислев да ја запишам во 13 Ноември, ама ќе ја запишам во Н.Н.Борче-клан на Кочо Рацин.






AnnaMolly RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (6.5.2011 20:38:19)

Мислам дека нема да и даваат адаптирано. И јас ги прашав дали може да им носам млеко да му даваат, ама рекоа дека не може зашто не можеле на секое да го греат, па да го чуваат во фрижидер, ќе се расипело... И така кога ќе дојдеме дома му даваш цело шише млеко, па пред спиење пак. 




bebe82 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (6.5.2011 22:33:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Мислам дека нема да и даваат адаптирано. И јас ги прашав дали може да им носам млеко да му даваат, ама рекоа дека не може зашто не можеле на секое да го греат, па да го чуваат во фрижидер, ќе се расипело... И така кога ќе дојдеме дома му даваш цело шише млеко, па пред спиење пак. 


Фала ти за советот AnnaMolly, ќе го применам и така ќе правам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Felly RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (27.7.2011 23:56:07)

Ние планираме од септември да почнеме да ја носиме Матеа во градинка. Ќе има 20,5 месеци.




Felly RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (24.9.2011 11:44:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: majmunce

.... OD KOLKU POCNAVTE DA GI OSTAVATE OD KOLKU MESECI?




Felly RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (24.9.2011 11:47:44)

Мајмунче јас еве погоре сум пишала, а инаку секоја мајка според ситуацијата и потребите, некој порано некој подоцна, има мајки што и на 9 месеци почнуваат да ги носат, ако нема кој да го чува, и ако немаш можност за жена да плаќаш, тогаш и во градинка може да почнете.




JovanaJ -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (24.9.2011 12:18:13)

Mislam deka najdobro vreme da se pusti dete vo gradinka e posle 3 godinsna vozrast, normalno dokou uslovite dozoluvaat, odnosno dokolku ima koj da gi cuva. Se konsultiravme so mnogu pediatri (vo toj period koga se mislevme koga da go pustime) i site go imaa istoto mislenje. Iako dali ke se razboluva mnogu ili ne zavisi od imunitetot na samoto dete, sepak posle tretata godina mnogu poveke e zajaknat imunitetot nego porano, sigurnao i sami ste go zabelezale na svoite deca.
Da ne ja spomenuvam sostojbata vo nasite gradinki. Vo nekoi zemji mozebi odat od pomala vozrast i sl., ama sostojbata na gradinkite ne e sigurno ista kako tuka, so edna vospituvacka i edna neguvatelka za 30 deca! UZAS! Znaci nemoze da se generalizira i pravi takva sporedba. Pedagozite duri naglasuvaa deka i smislata kaj decata za zaednicko druzenje i igra isto taka pocnuva da se javuva posle 3-tata godina.
Licno nie go pustivme deteto na 3.5 godini, i mislam deka ne zgresivme. Sega veke edna godina odi vo gradinka. So toa sto lani bevme sekoj 5 den bolni. Sekogas nekoja bakterija fakase. Prv pat pocna da go boli uvo koga trgna vo gradinka, po samo nekolku dena :), pa temperatura..i sl. Mesecno ednas bevme so antibiotik. Znaci edna nedela odese, 3 doma, sreka imame koj da go cuva inaku neznam kako bi ostanuvala doma sekoj mesec po dva pati na boleduvanje. Sega eve gledam malku po stanuva poizdrzliv, veke dva meseca odi bez prekin [sm=bravo.gif].
Moe mislenje so ogled na nasite gradinki i sostojbata vo niv, najdobro bi bilo da se odi posle 3-tata godina.




baby_bump -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (8.12.2011 16:38:51)

Во градинка моето дете тргна на 13 месеци, до тогаш од 8 месеци ја чуваа моите и навистина се беше супер.
Но, мајка ми ненадејно се разболе и мораше за само 2 дена да се одлучиме што ќе правиме.
По неколку консултации со другарки, пријателки, решив да не ја одберам најдобрата градинка, зашто таму имаше по 20 деца во јасли а и според зборовите на некои пријателки сите градинки се исти, туку ја избрав таа што ни беше најблиску до дома и каде што имаше само 10-15 деца во групата и погрешив.
Веќе еден месец оди во градинка и до сега имаше 2 пати висока температура, носот не престана да тече до сега, уште од вториот ден, некаде после првата недела и се појави пеленски осип и цревенило на газето, па и за тоа бевме на доктор, пролив има нон стоп и јас уште малку мислам дека ке спобудалам.
Па добро бе луѓе зар е многу да побарам од учителката да не става од туѓите пелени (изговор- не можела да ги разликува) или да и побарам даму го даде шишето со чајче кое инаку дома нон стоп го пие, (изговор- не сакало течности детето), или да го пресоблекува кога ќе биде покакано?
Па верувајте преку еден ден целосно сите алишта од горе до долу се покакани и размачкани, газето е жар црвено, а има и една раничка која едвај заздравува сигурно здобиена од стругање на засушена кака од газето.
Нашето млеко ни подразно не и го даваат, морало да пие од нивното млеко (кој знае какво), нашето е превриено кравјо млеко, ставено во наше шише, мислам дека нема да им се скрши раката ако го земат од ташничката млекото или чајчето за детето да не биде жедно. Ама не, не смееле млеко од надвор да даваат, за да не дојде до труење??? Јас ќе си го отрујам детето??? Тоа била политика на градинките, ништо не можеле да направат. пфффффффффф
Епа јас значи сум будала што со месеци ја одвикнував од адаптирано на кравјо, сега може одма да прејде на нивното, тоа не е ништо страшно, веднаш од еден тип на друг тип млеко, пак ќе речам којзнае какво, којзнае како го чуваат и како го даваат на детето, кога тоа знае да пие само од шише!!!!
Тотално сум разочарана, пробав да им кажувам кога ја носам малата, само ми викаат добро. Се нанервирав кога ја видов раничката и им велам почесто менете ја пелената, вика пак добро и пак си тераат по старо. Ми велат многу луѓе, не ги лути, ти го чуваат детето!!! На работа мора да одам, жена за чување е скапа, и сега јас сум во состојба каде немам избор! И затоа некој да си прави како што сака? Епа јас тоа не го разбирам, не можам да го прифатм. Немам намера да го носам од градинка до градинка!!
Детето супер се навикна, плачеше само кога ќе ја оставиме првата недела инаку, не, барем така ми кажуваат..................а за другото барам некој совет од поискусни мамички, како да се справам со овие проблеми??




nadica -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (8.12.2011 17:10:59)

леле навистина незнам како да ти помогнам со совет[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] што би било најдобро
сите ние имаме домашни проблеми кои не оптеретуваат и понекогаш ни сметаат при извршувањето на работните обврски ама сепак нивна работа е да се грижат за мали и слатки дечиња
јас фала богу немав таков проблем сега некогаш знае Н да ми каже дека Шарко стое во ќош за немирните деца и сл ама дека не е пресоблечена или не е избришана не се случило
сепак се зависи од карактерот и човечноста на воспитувачките




Viktori -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (8.12.2011 17:29:12)

baby_bump, а да им кажеш на воспитувачките дека имаш проблем. На двете заедно и да им кажеш дека си задоволна од се освен од тоа погоре што си напишала. А можеш и да кажеш исто така дека сте биле на лекар за газето и дека лекарот ви кажал дека газето е разрането од нехигиена. Па ако не вроди плод жали се бе кај директорот. Мислам нема зошто да не појдеш ка одговорниот. Ќути ти го чуваат, важи само ако ти го чуваат.

во врска со храната, значи барем овде, храната, млекото, овошјето е со гаранција свежо и исправно! Исто така и кај нас не даваа ништо од дома да се внесува и јас лично мислам дека тоа е правилно. Не може 20 деца сите од дома да си носат, а и во градинките температура е 30 степени, навистина има шанса да се расипе млекото и после да биде криво нивното "неисправо" млеко.




bebe82 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (8.12.2011 22:30:40)

Јас пак сум презадоволна. Носам и водичка, и млекце и чајче од дома и се и даваат. Пелените знам дека се нејзините бидејќи учителките им ги потпишуваат со име, бидејќи еден носи дајперс, еден памперс, и да не се мешаат. Кога ја пресоблекувам дома на пелената го пишува името.

Сега ќе дојде искапана, или пропуштила пелената, ама пак и јас дома додека ја чував, ќе ја ранам ќе ми капне на бенкичето, ќе се покака па дур да ја пресоблечам пропуштила пеланата и сл.

А за болестите е се индивидуално. И на нас ни тече носот 3 месеци, ама тоа е. Идеално нема. Само да не дојде но нешто пострашно. Имунитетот мора да го јачаме.

Ако не, смени ја градинкава. Мислам дека се е до личноста. Учителките на мојта ќерка се ПРЕКРАСНИ .[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley27.gif[/image]




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>