RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


zmej1 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (20.6.2013 12:43:54)

Ringerajki,bliznackite ne mi gi primija vo gradinka od Septemvri ,sto e sledno sto treba da se prevzeme za da gi primat barem od Mart?




rina13 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (21.6.2013 8:45:57)

Најискрено мораш да фатиш врски или да ве стават на список ако се ослободи место да ве повикаат.Ако веќе сте пробале во сите клонови на градинките кои ви одговараат друго чаре нема. Стварно градинкиве немаат кадар и се преполни но секогаш има отстапки доколку имате врски.Жалосно што е така но таа е реалноста.Исклучок има за јасли затоа што се помалку деца и мн лесно се наоѓа место.




AnnaMolly RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (26.9.2013 13:48:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Sasha24

DALI NEKOJ IMA ISKUSTVO SO BEBE VO GRADINKA OD 8 MESECI?





AnnaMolly RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (26.9.2013 13:49:33)

Саша, јас син ми го носам од неполни 9 и мислам дека нема голема разлика дали на 8 или на 9 месеци ќе го однесеш.
Пролистај по темава и ќе прочиташ наши искуства. ЈАс сум презадоволна од тоа како се адаптираше син ми, а и мислам дека колку се помали децата, полесно им е да ја прифатат градинката.




sim4es -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (1.10.2013 15:17:10)

mamicki nie ke pocneme vo gradinka so 8 meseci sto mislam deka e mala, samo se plasam kako bez cice[sm=duda.gif]....




Sasha24 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (1.10.2013 18:56:12)

I nie kje pochneme vo gradinka od 8meseci, samo se plasham od razboluvnje... Blagodaram na site majki shto ohrabruvaat...




Felly RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.9.2014 9:39:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Кај нас за живо чудо нема толку плачки, а и керками е со деца од 2012 година [sm=smiley1.gif] Јас инсистирав...

Исто и јас миана сакав да е со помали, всушност не се толку помали де, па мојата е на 5 дена пред крајот на годината. Најголема е во група ама пак ако ја пуштев со нејзина генерација 2011 ќе беше најмала таму. Туку таа и општо многу подобро комуницира и функционира со помали дечиња од неа отколку со поголеми. Дали погрешивме ќе покаже времето, сега засега е добро.[sm=smiley1.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Ние синко си го пуштивме со генерацијата,и тој е кај најстарите деца таму дека е роден во Јануари.Си мислев да го пуштам со 2009,всушност со тие што се една година пред него па оваа година право забавиште,односно една година понапред,ама се премисливме и не ни прешувавме после дали може сега децата да се пуштаа една година напред.Тој многу тешко се адаптираше и сега па и да го пуштев со поголемите и од догодина прво мислам дека нема да се снајдеше.





Mihaela 2010 -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.9.2014 11:06:21)

Jas M ja pustiv na 1 god i 4 mes i loso pominavme, vo Kozle posle dva meseci pa so pauza od edna godina super se vklopi ...za vtoroto zdravje isto bi pocekala da trgne nekade 2-2.5 godisna vozrast..smetam deka toj period e najdobar da dete se adaptira..sekoj so moznostite sepak ama ako ima koj da vi gi cuva ic ne mu ja mislite za pokasno trgnuvanje.




bucko mal -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (13.9.2014 13:58:26)

Golemiot sin pocna na 2 god,malovo na 15 meseci. I so dvajcata pominav ubavo(vo vrska so bolestite) onaka normal,tecenje nos,kashlanje ali nisto poseriozno,fala bogu.
A za placki imashe mnogu.Malovo posle 7,8 meseci odenje vo gradinka,duri sega pocna sam da trca vnetre,da bide nasmean bukvalno nikakov problem nema isto kako doma da si e.




Snowhite RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (14.9.2014 23:35:51)

Михаил јас почнав да го носам на година и осум месеци, кога тргнав на работа, беше зима и јас одев само втора смена на работа, па го носев една недела кај свекрва ми, една недела кај мајка ми, пролетта ќе го запишував ама не знам некако се одложи, мислам настина, па дали бактерија имаше нешто и така и летото рековме со одморите да не почнуваме, некако се снајдувавме со одмори и од септември средината почнавме. Јана почна помала, на година и скоро 4 месеци, исто и нејзе зимата ја вардеше мајка ми и кога затопли од мај некаде почна во градинка. И двајацата брзо се адаптираа, со болести беа исто како дома, така и во градинка, Михаил почесто настинуваше, ама и дома тој си беше таков. Јана и дома воопшто не настинуваше и сега еве од мај откако оди во градинка, па до сега нема ден пропуштено(пу, пу, да не ја заречам[sm=smiley1.gif])
Ако има кој да ги чува можеби е подобро до 2 години да не се пуштаат, ама јас морав




Mila mamicka -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (21.10.2014 14:42:07)

Јас лично сметам дека, доколку родителите се во можност, да ги чуваат децата дома барем до кај 2 ипол или 3 години. Во тие први години од животот се создава имунитетот на детето, и подобро е да се работи на имунитетот дома, отколку во градинка. Тоа е моето мислење, затоа и јас син ми го пуштив на 2 години и 5 месеци. Е сега, нормално, друго е кога нема кој да го чува детето, тогаш родителите се принудени уште од 8-9 месеци да ги носат во градинка.  




marchi -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (4.11.2014 21:37:29)

jas znam slucaj kade zena-samohrana majka deteto go nosese vo gradinka uste od 2-3 meseci pa nisto loso ne mu se sluci.nie imame 20 meseci pa sakam da go pustam vo gradinka toa e dobro za mentalniot razvoj ke znae da se prilagodi so lugje ke nauci povekje da igra,smetam deka ke bide pozadovolno.




marchi -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (16.7.2015 1:02:21)

Jas sakam stefan da go zapisam vo gradinka. Ima 2 godini i 4 meseci ama i golem problem so ishranata, ne jade sve. Da ne recam ne jade nisto, mlecna ishrana i ovosje, ni zelencuk ni mandza.... Tesko deka ke se spravat




lukajana RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (18.7.2015 12:46:26)

Марчи добро би било да го запишеш може ке почне да јаде таму ке гледа сите јадат ке јаде и тој .
Дома го молиш го бркаш за да јаде а таму мора да јаде тоа што му даваат,во градинка сите деца јадат [sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Од која возраст почнавте да ги носите децата во градинка или јасли? (19.7.2015 15:51:34)

Ние од четири годинки почнавме да одиме во градинка и не за друго дека еден куп баби па имаше кој да го чува.Инаку и тој би тргнал порано ако немав кој да ми помага околу чувањето.ама и ние исто бевме проблематични со исхраната.И таму дете си се навикна да јаде со другите деца заедно се и да си јаде сам.Така да Марчи сигурна сум дека и син ти таму заедно со другите деца ќе си се навикне гледајќи ги нив како јадат се и тој да јаде со нив.Придобивките од градинката се навистина големи а и возраста си му е таман.Така да запишај си го детето во градинка.Има право лукајана таму сите деца јадат.[sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 7 [8]