profesorica -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (30.11.2009 9:06:45)
|
СЛЕДЕЊЕ НА ЗНАЦИТЕ НА ОВУЛАЦИЈАТА Многу е важно да се разбере процесот на овулација затоа што тоа се Вашите плодни денови во месецот. Можете да останете бремени ако имате сексуални односи 2-3 дена пред овулацијата или пак следните 12-24 часа после тоа. Следењето на знаците на овулацијата практично може да Ви помомогне за да си ги зголемите шансите за забременување, доколку планирате бременост, а исто така може да Ви помогне и при изборот на контрацепција. Овулацијата можете да ја следите по неколку знаци: Според траењето на лутеалната фаза: Ако од должината на траењето на Вашиот месечен циклус одземете 14 дена (односно должината на Вашата лутеална фаза) приближно ќе можете да го одредите времето на Вашите плодни денови. На пример: кај жени со циклус од 28 дена овулацијата веројатно е на 14 ден, кај жени со циклус од 30 дена, овулацијата е веројатно на 16 ден. Но имајте в предвид дека должината на лутеалната фаза може да варира кај различни жени и се движи најчесто од 12-16 дена. За овакво сметање мора да знаете колку трае Вашиот циклус. На овој принцип работат и калкулаторите за пресметување на плодните денови. Ако немате редовен циклус, тоагаш оваа метода нема да биде од полза за Вас. Според промената на вагиналната слуз:. [image]http://www.tvoebebe.com/ZACNUVANJE/mukus.jpg[/image] Откако ќе заврши Вашата менструација, следните денови најчесто се најсуви. Потоа следува период кога вагиналниот исцедок е леплив и постепено се зголемува неговата количина.Како што се приближува овулацијата, исцедокот станува: се пообилен, порастеглив, прозирен. Неговиот изглед може да се спореди со изглед на белка од јајце. Кога ќе го ставите меѓу прстите се развлекува (како прикажаното на фотографијата). Овој исцедок е познат како плодна слуз Кога исцедокот ќе стане растеглив и прозирен, тоа се Вашите најплодни денови. Таквиот исцедок претставува пријателска средина за сперматозоидите и им помага да навлезат преку грлото на матката до јајцеводите, каде ќе ја оплодат јајце клетката. Откако ќе помине овулацијата, вагиналната слуз повторнo станува густа и нерастеглива. Деновите пред наредната менструацина обично повторно се суви. Според покачувањето на базалната телесна температура: По случувањето на овулацијата, базалната телесна температура прави скок за 0.2-0.6 степени целзиусови, како резултат на делувањето на прогестеронот, кој почнува да се лачи од жолтото тело. Најчесто откако ќе се покачи температурата веќе е касно за оплодување, затоа што треба 1-2 дена за да се створи доволно прогестерон, за да се покачи температурата. Најплодниот период е 2-3 дена пред температурниот скок. Недостаток на овој метод е што овулацијата не може да се предвиди однапред, туку се детектира дури по нејзиното случување. Сепак ако мерите во текот на неколку месеци, ќе можете да увидите некој шаблон за Вашите плодни денови и колкаво е траењето на Вашата лутеална фаза. Според сензациите во долниот дел на стомакот: Некои жени физички можат да ја почуствуваат овулацијата. Некои ја чувствуваат како болка во пределот на едниот јајник.Понекогаш тоа е левиот, а понекогаш десниот јајник, зависно од тоа на кој јајник се наоѓа водечкиот фоликул. Некои жени пак ја чувствуваат како болка во долниот дел на стомакот. Ова се индивидуални работи и се различни kaj различни жени. Ако обратите внимание на она што се случува во Вашето тело, ке можете да приметите кои се Вашите симптоми на овулацијата. Со помош на тестови за овулација: Овие тестови работат на тој принцип што го детектираат зголеменото количество на лутеинизирачкиот хормон (LH), кое се јавува околу 36 часа пред овулацијата. Овие тестови се слични на тестовите за бременост. Имаат форма на лента и се повопуваат во урина. Резултатот може да се прочита за неколку минути. Иако не се 100% сигурни, сепак со голема сигурност однапред можат да го покажат случувањето на овулацијата. Доколку искомбинирате неколку од методите за следење на овулацијата, има голема веројатност дека ќе научите да ја распознвате сами. Препознавањето на Вашите плодни денови може да Ви помогне за побрзо да забремените, доколку планирате бременост. Од друга страна, на жените кои не сакаат бременост, може да им помогне во комбинирањето и планирањето на методите на контрацепција.
|
|
|
|