RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


lukajana RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (16.4.2015 16:16:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: wanna be mum


ИЗВОРНА ПОРАКА: bibi ribi

Jas imam mnogu neredovna menstuacija, ciklusot mi trae nekogas 20, nekogas 30, a nekogas 40-45 dena.
Sekogas mi e razlicno i nikogas ne znam koga ke dobijam.
E sega, sakam da ve prasam ako mozebi znaete - dali ovulacijata e sekogas na ist den (na primer 12-13) bez razlika na dolzinata na ciklusot, ili ovulacijata se menuva vo zavisnost od dolzinata na ciklusot?

Fala devojki [sm=smiley36.gif] [sm=smiley31.gif]



Јас ќе ти одговорам од мое искуство, има мноогу начини како да ја следиш овулацијата,календари, температура мерење, следење на исцедок итн АМА според мене на така нередовна менст. нема подобро од одење на доктор и следење на овулација, мерење фолекули, ендомертиум и сл. Ќе одиш неколку месеци почни со 12ти ден на пример, и така ќе знаеш [sm=smiley31.gif]

Се согласувам ,со нередовна менструација тешко ке можеш сама да следиш овулација .Од денот кога ке ти заврши предходната менструација сметај 12 дена па оди на лекар ке ти каже до каде си и по тоа ке се ориентираш




scared RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (16.4.2015 16:24:31)

Јас прво ќе ти препорачам да ја откриеш причината за така нередовните циклуси. Да добиваш на 20 дена не е воопшто добро.




Neurotoxin RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (21.4.2015 23:24:53)

Незнам дали ми е прашањето за овде, ако има посоодветна тема префрлете ме.
Веќе извесно време циклусот ми трае 24-25 дена и од тогаш имам болни овулации. Пред да почнам реално да го разгледувам проблемов, има ли некој некакво искуство и состојба со која би можела да го поврзам ова. По пораѓај добив после 7 месеци, циклусот ми беше како и претходно на 28 дена но веќе 6-7 месеци е пократок и овулациите го достигнаа максимумот овој месец, болка на легнување која мислев дека е од цревата, но овде прочитав дека болните овулации може да се почувствуваат понекогаш и како болка при напад на слепо црево, и точно, беше на десна страна.

Anyone , anything???




kapina -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (21.4.2015 23:58:24)

Ispitaj gi hormonite mozda stanuva zbor za skratena lutearna faza vo megu vreme zemaj b kompleks jas pak duri i malku krv imav ovoj mesec koga imav ovulavija




Neurotoxin RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (22.4.2015 9:21:57)

Капина фала ти на упатувањето, баш се разбарав по литература за ова, најверојатно е такво нешто, во таков случај недостасува прогестерон а јас го сетив тоа по влакната на нозете, заштедив пари и болка за депилација. [sm=smiley36.gif] Ќе пробам со 50мг вит б6 дневно, па здравје од мај месец планирам да одам по контроли.

фала ти уште еднаш.




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (22.4.2015 9:56:54)

Неуротоксин, може исто магнезиум да ти фали, не знам, најдобро гинеколог да ти каже, јас кога имав болни менструации и овулации пиев чај од камилица во континуитет со добивање и значително ми ги намалуваше симптомите на ПМС. Порано добивање може да биде од стрес, промена на клима, но може да е поместен некој хормон, така што доктор најубаво ќе ти каже, па пиши ни позз




Neurotoxin RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (22.4.2015 10:06:10)

Промена во расположение сигурно е, ама во позитивна насока, баш сега немам стресови, ама се случува континуирано веќе 6-7 месеци, првиот пат беше болно, циклусот ми траеше 20 дена, дента кога добив, се псомневав дека сум бремена, лошење од храна, мириси, ми се спиеше, ми се поду стомакот, за циклус знам рано е... и до вечерта ете дојде. Од тогаш ми почнаа болните овулации, ама па точни се, на 12-ти ден почнувам да ја осеќам, некогаш кратко некогаш два дена. Затоа се посомневав во прогестеронот, следниот дел од циклсот е краток. Во секој случај уште месецов имам некои обврски и во мај морам да закажам контроли, нешто ми зачестуваат односиве на плодни денови, па си реков да не испадне нешто, бар прегледана да бидам [sm=smiley36.gif]




Kvisko -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (22.4.2015 12:06:16)

Е па тогаш Мај месец и лекар. Само биди осигурај се дека ќе ти испитаат хормони не само на 3 ден туку и на 13/14 и на 21 (ова пред се заради прогестеронот). Така ќе имаш целосна слика. Обавезно и испитување на тироидните хормони зашто и тие може да те зезаат.
Веројатно не е ништо страшно и може и да е минливо ама да си бидеш сигурна.




Neurotoxin RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (22.4.2015 13:03:07)

Фала ви многу на советите, ќе ве информирам како и што за да споделам мое искуство.




bibi ribi -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (18.5.2015 13:14:12)

Dali ste primetile promena vo raspolozenie vo periodot okolu ovulacija?
Jas imam primeteno simptomi na PMS okolu 18-19-20 den, a vaginalniot sekret togas mi e rastegliv, sto me asocira na ovulacija.
Dali ima nekakva povrzanost na hormonite pri ovulacija so simptomite na PMS pri raspolozenie?




orhidea242 -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (19.5.2015 18:22:47)

Neznam dali prasanjeto mi e za tuka ako ne prefrlete mi go
Dobivam na 49-50 dena imam policisticni jajnici i problem za zabremenuvanje. Mojot doktor mi pravi folikometrija na 14-15 den se mi se mali folikuite megutoa jas od prilika na 35 den primetuvam dekaimam ovulacija bolka vo jajnik itaa ligava sluznica posle nekolku den. Kazete mi dali e toa mozno deka doktorov mi vika nemozelo bez da me pregleda.




Kvisko -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (19.5.2015 19:35:37)

Не може да ти мери тогаш фоликули нормално дека се мали ако ти е долг циклусот. Мораш и да го средиш циклусот толку долг не е баш најдобро за забременување. Имаш ли испитано хормони.




orhidea242 -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (20.5.2015 16:28:43)

Imam se ispitano pijam metformin 4*500 veke 5 meseci i Eutirox




slobodka -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (16.7.2015 11:54:34)

http://oview.mk/faq,mk
Jas gi koristam ovie testovi za ovulacija. Ima 5 lenticki i kostaat okolu 350 denari.
Oview test!!




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (16.7.2015 12:00:38)

ИЗВОРНА ПОРАКА: slobodka

.......освем што си пијам фолна веќе извесно време , си практикувам обавезно тест за овулации, и се водам по нив. Обавезно однос дента кога ќе се покаже позитивен тестот.


Фала ти.[sm=smiley1.gif] Претпоставувам ги има во сите подобро снабдени аптеки?[sm=smiley1.gif]




slobodka -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (16.7.2015 12:19:05)

Извини заборавив да пишам околу аптеките. Да ти кажам овој месец поштено се изнамачив да го најдам. Во зегин ги немаше, едвај ги најдов во ДНА Ани фарм во Capitol moll. Само таму, на други места ништо, под изговор дека се било со истечен рок и дека се вратиле во магацини.




LoveableMe RR -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (16.7.2015 12:30:54)


ИЗВОРНА ПОРАКА: slobodka

Извини заборавив да пишам околу аптеките. Да ти кажам овој месец поштено се изнамачив да го најдам. Во зегин ги немаше, едвај ги најдов во ДНА Ани фарм во Capitol moll. Само таму, на други места ништо, под изговор дека се било со истечен рок и дека се вратиле во магацини.


Ете ти, дефицит...тоа е, фала ти на инфо[sm=smiley1.gif]




bibi ribi -> RE: Овулација - симптоми, начини и средства за утврдување (22.7.2015 13:51:53)

Да ви кажам дека си ги купив овие тестови за овулација од аптеката во Капитол мол и планирам попладне да ја направам првата лента.
Инаку вчера бев на фоликулометрија и имав еден зрел фоликул 18,7 мм




Страница: <<   < Претходна страница  4 5 6 7 [8]