ripce -> RE: Машина за сушење алишта (5.12.2009 15:08:52)
|
Машина за сушење алишта Дали да се купи машина за перење и сушење алишта или одделно машина за перење и машина за сушење алишта? Одговорот на ова прашање е едноставен. Машина за перење и сушење треба да се купи само во случај кога нема доволно простор за одделните апарати, ниту пак можност за поставување на машината за сушење над машината за перење. Машината за перење и за сушење во основа е машина за перење со дополнителен дел за сушење кој не е наменет за секојдневно сушење туку само за повремено. Капацитетот за перење е 5-6 kg, а капацитетот за сушење е двојно помал. Затоа после секое перење мора да се извадат половина алишта, и најпрво да се исуши првата половина од алиштата, а после и втората. При сушењето во машина за перење и сушење треба да се има доток на свежа вода бидејќи оваа машина троши повеќе вода за сушење на 5 kg отколку за перење на 5 kg алишта , a истовремено поради дупчестата површина на барабанот има грубо дејство кон алиштата. За сушење на половина алишта се троши повеќе време ел.енергија отколку што самостојната машина за сушење ќе потроши за целото количество на алишта, а истовремено алиштата ќе бидат поочувани и понекогаш нема ни да има потреба од пеглање. Заклучок : машина за перење и сушење алишта купете само ако немате доволно простор за двата апарати одделно или ако алиштата само повремено ги сушите. Купувањето на одделна машина за перење и за сушење е поскапо, но факт е дека самостојната машина за сушење понежно ги суши алиштата, се троши помалку струја, а вода воопшто не се троши. Машината за сушење е проектирана за секојдневно сушење на алиштата, па затоа и нејзиниот век на траење е подолг, а подложноста на дефекти е помала. Машината за сушење може да ја поставиме и врз машината за перење со што ќе заштедиме простор.
|
|
|
|