sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (21.8.2013 23:46:36)
|
Ако може да ти помогне мм, одлично би било....ако не, пробај со мојата тактика: кога дојдовме до оваа фаза, на шала на смеа, една вечер ја заспав со нишкање и пеење, без цице. Истото го повторив и следните вечери, и така научи да заспива без цицање, ама се будеше навачер по 100 пати и бараше цице. Тоа беше пролетоска, и баш ги вадеше и 3ките, и тоа беше проблем плус. Потоа, една вечер решив дека нема поента веќе цицањето, бидејки наполни 19 месеци, јаде се, и млекото ми се намалува, а она само се залажува со цице од навика. Првата ноќ беше тешка, но не страшна - плачеше на 3 пати по 20тина минути. Втората вечер полесно помина, ја сфати приказната дека "мама ја боли цицето", третата уште полесно, и толку - го решивме проблемот [sm=smiley1.gif]. Ти посакувам со лесно да го минете процесот, па сподели го искуството со нас.
|
|
|
|