sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (16.4.2014 13:22:57)
|
Доењето е убаво, но сепак, возраста на која е Вашето дете е повеќе од реална дека нема потреба од доење, а уште помалку Вам да ви биде мака дека треба да се одбие. Верувам дека солидно зборува на оваа возраст, или во најмала рака совршено разбира што Вие му зборувате. Обидете се да го надминете одбивањето со разговор - мислам дека така ќе биде наједноставно, најбрзо и најбезболно за двајцата. И пред се, мора Вие како мајка да бидете решени цврсто и сигурни во својата одлука за одбивање. Ќерка ми ја одбив на 18-19 месеци, со муабет дека имам болки во градите, и не е можно понатаму да цица, Секогаш кога ќе побараше и поплачеше, го повторував истиот муабет, и нудев вода, и за неполни 3 дена се одби. Ви посакувам среќа во процесот на одбивање, па споделете искуство како ќе минете [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|