RE: Цртан филм за деца (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Slagjana -> RE: Цртан филм за деца (23.4.2013 9:43:06)

Маша и медвед навистина бил интересен цртан филм. Пред неколку дена кога не можев да и најдам друга занимација на ќерка ми, се сетив на темава и ја најдовме Маша. Толку се загледа во цртаниот што после не сакаше да стани од компјутер. Инаку е во фаза да не ја интересира ништо да гледа.




vezilka RR -> RE: Цртан филм за деца (3.6.2013 13:33:11)

Во последно време хит ни е Трактор Том. Ептен му се радува, скоро секој ден бара да му пуштам по некоја епизода.




Bethany -> RE: Цртан филм за деца (3.6.2013 13:41:39)

Има ли некој цртан синхронизован на македонски на јутјуб? Јас дури ни Дора не можам да најдам на македонски на јутјуб [sm=zmeden.gif]




sandriana RR -> RE: Цртан филм за деца (3.6.2013 14:05:55)

Ајде види во ПП линк, конкретно за Дора..., па може и нешто друго интересно да најдеш.




Snowhite RR -> RE: Цртан филм за деца (3.6.2013 15:02:53)

Е ај и мене во пп линк од Дора на македонски ако ја има, зашто М ја гелда на италјански на јутјуб.
Инаку и нас ни е хит Маша, сега се научи сам да си пушта и едно завршува друго одма си пушта и музиката веќе не можам да ја слушам од цртаниов[sm=smiley1.gif]




MamaOhrid -> RE: Цртан филм за деца (3.6.2013 22:58:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Ајде види во ПП линк, конкретно за Дора..., па може и нешто друго интересно да најдеш.


Може и кај мене линк за Дора на македонски?
Thanks in advance.




miana -> RE: Цртан филм за деца (4.6.2013 0:03:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Ајде види во ПП линк, конкретно за Дора..., па може и нешто друго интересно да најдеш.

И јас сакам линк за Дора на македонски - плиииис




JovanaJ -> RE: Цртан филм за деца (4.6.2013 9:22:58)

ke ve molam i mene pustete mi link za Dora na makedonski. Sin mi go obozava.




@Mila@ -> RE: Цртан филм за деца (4.6.2013 9:36:37)

sakam i jas Dora na mk [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




mami2 -> RE: Цртан филм за деца (4.6.2013 13:59:43)

Ај ако не може тука линк од Дора на мк, ставете во темата РР радио, таму имаше линкови.
Или пак пратетете ми и на мене по пп [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Цртан филм за деца (30.7.2013 14:50:21)


Дали цртаните филмови имаат негативно влијание врз децата?

Едно истражување покажува дека анимираните филмови со агресивна содржина може да предизвикаат насилни реакции кај децата, со што се потврдија и стравовите на родителите.

Група истражувачи од Универзитетот во Вашингтон изработија студија насловена „Кога телевизијата е родител“. Тие го истражувале влијанието на цртаните филмови со насилна содржина врз однесувањето на детето.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 500 семејство со деца меѓу три и пет години. Истражувачите ги поделиле во две групи. Децата во првата група продолжиле да гледаат цртани филмови, кои имаат елементи на насилство, а децата во втората група гледале ненасилни и едукативни цртани филмови.

Родителите по шест месеци требале да одговараат дали нивните деца манифестираат какво било агресивно однесување, како на пример дерење, туркање, уништување на предмети.

Исто така биле следни и позитивните форми на однесување, како што се соработка, делење, чувствителност за проблемите на другите.

Резултатите покажале дека децата, кои гледале образовни и ненасилни цртани значително повеќе се социјализирааат, додека децата кои гледале цртани со насилна содржина често пати манифестирале знаци на агресија.

Истражувачите ги советуваат родителите посериозно да посветат внимание на содржините, кои децата ги гледаат на телевизиите. Најмладите учат многу работи од медиумите, го имитираат тоа што го гледаат и слушаат.

Тие се идентификуваат со ликовите, дури и со тие од цртаните филмови, предупредуваат експертите.




Bethany -> RE: Цртан филм за деца (27.8.2013 13:48:01)

Нај, најомилен цртан му е Покојо , го вика Коко [sm=smiley36.gif]
Pocoyo
А стварно е интересен цртани, само што е на хрватски...




Ring -> RE: Цртан филм за деца (27.8.2013 16:34:41)

I nas favorit e Pocoyo..uziva dodeka go gleda , i na hrvatski, i na spanski , i na angliski.
A i interesen e. Kako pomala gledase Bumba , ama veke i se zdosadi.
Sum i pustala i Masa i medved , ama ne ja interesira....valjda treba malce da potporasne za toj crtan film.




rina13 -> RE: Цртан филм за деца (27.8.2013 17:16:08)

Маша и медвед, Том и Џери, Покојо, Миа и јас ама нај хит ни е Пепа прасе




Felly RR -> RE: Цртан филм за деца (27.8.2013 17:24:03)

И М кога беше помала го сакаше пепа прасе, ама сега омилен и е Пожарникарот Сем.




mommy_angels RR -> RE: Цртан филм за деца (27.8.2013 17:39:20)

ах Маша,еве од 10-11 месеци ја гледа и никако да и здосади,додуша и мама и тато си ја гледаат,интересна е...во последно време и Ноди си го бара ,ми застанува пред ТВ ,зема далинско во раце и вика Ноно [sm=smiley1.gif]




jasna_sr -> RE: Цртан филм за деца (8.10.2013 14:57:50)

zdr.barav na net da najdam dora na makedonski no nemozev pa ako moze i mene da mi isprates nesto vo vrska so dora blagodaram odnapred, kerka mi ja sonuva dora ,dora,dora,....




jasna_sr -> RE: Цртан филм за деца (8.10.2013 15:02:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Ајде види во ПП линк, конкретно за Дора..., па може и нешто друго интересно да најдеш.

ke te zamolam ako moze i mene linkot da mi go isprates kerka mi ja sonuva pozzzzzz




Bethany -> RE: Цртан филм за деца (8.10.2013 15:27:13)

Сега му се зголемил репертоарот [sm=smiley36.gif]
Ни се вртат Покојо, Маша и Медвед (и мене лично ми се допаѓа, заедно со него ја гледам [sm=smiley36.gif]) тие му се најомилени, па Трактор Том, Тутиту, Дора (се израдува кога почнува на тв ама не му држи долго внимание).




AneLav RR -> RE: Цртан филм за деца (8.10.2013 15:28:34)

Иако повеќе ми личи за возрасни и колку пати да го гледам пак ми е смешен, првиот цртан филм со кој им се задржи вниманието беше Шрек (тие го викаат Шек). Стигнати сме до вториот дел ама кај и да е ќе ги гледаме и третиот и четвртиот.




Bethany -> RE: Цртан филм за деца (8.10.2013 15:37:31)

Ааа Шрек [sm=bravo.gif]
И јас го сакам, ме потсети, може деновиве да му пуштам па заедно да гледаме, ако на него не му се допада, мама ќе продолжи, тој нека си се игра [sm=smiley36.gif]




jasna_sr -> RE: Цртан филм за деца (8.10.2013 15:43:16)

NAJDOV zanci na google dora na makedonski vimeo mnogu sum radosna sega kerka mi nema da mrdne od kompjuter




mommy_angels RR -> RE: Цртан филм за деца (8.10.2013 16:10:50)

Маша и мечето едно време што работа ни вршеше,таа ќе се загледа ,а мама ќе зготви ручек.Ама сега е во фаза кога гледа цртани по две и пол минути [sm=smiley13.gif],Дора или Ноди или нешто со јаки бои и животинчиња [sm=smiley1.gif] ,што и да е ,ама многу кратко трае [sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Цртан филм за деца (9.10.2013 8:58:03)

Aaaaa sega osven Dora i Diego ni e hit[sm=smiley1.gif]




jasna_sr -> RE: Цртан филм за деца (9.10.2013 12:15:25)

isto e i kaj nas osven Dora sega i Diego se spomnuva .....




Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>