RE: Одвикнување од пелени (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Felly RR -> RE: Одвикнување од пелени (13.1.2012 13:40:13)

Навистина е точно ова што го напишала Кори. Кога е детето поголемко, ќе сака да прави исто што и другите поголеми деца, да се пофали дека знае, и ако види некое друго како користи нокширче, може да помогне. Кај нас имаше дури и обратен случај - многу дечиња во градинка, иако поголеми од Матеа, носат пелени, и почна и таа да бара пелени. Јас ја убедував дека треба и тие да мочкаат во нокширче, дека само бебиња носат пелени. Ама ни се случи, подолг период, таа во градинка си беше супер, ама дома обавезно се измочкуваше. ДУри и како од инает, ќе ја прашам - да не ти се мочка? Таа - не, и по 5 мин, в гаќи. Еднаш веќе толку се изнервирав, и и реков добро сакаш да носиш памперс, бебе си ти? И таа со смеење - да, бебе сум, и и ставив памперс. Ама попладнето одевме кај едни пријатели, имаат поголеми дечиња, и таму сама побара да мочка, и ми рече - дете сум, не бебе, и го извадовме памперсот, еве од тогаш нема згрешено (да не ја подречам, па пак да почне[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])




Џесика -> RE: Одвикнување од пелени (13.1.2012 13:45:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Истото се случуваше и кај нас Џесика. И јас истото го помислив, да не се навикне друг да и води сметка за мочкање, а не сама да мисли, и затоа почнав да не ја носам на нокширче (барем не толку често) и чекав и сама да каже, а понекогаш и се измочкуваше дури да каже. Не носи го толку често, ако пие многу течности, тогаш да, ама пак барем на пола саат. А ако не пиел многу, тогаш и 2 саати може да издржи. И види да не има некој знак  да го сетиш кога ќе му се мочка, за да не носиш нон стоп. Матеа на пример, и да не ми кажеше, ќе ја видев дека се стега со ножињата, и почнуваше да се фаќа со рачето, и тогаш ја носев на нокшир.


Течности пие и тоа многу... мене ме секира и тоа што на свекрва ми и одбива да мочка во шоља, а а само што ќе го облече во гаќи се мочка. Отсабајле не сум дома и неа и искажува револт... денес само што се вратив од работа одма го седнав и се искака, а она цело сабајле го молела... ајде се надевам дека ќе навикне, време е...

А инаку, Локица и мама тоци, ако децата ви соработуваат, зборуваат, не чекајте, јас мака мачам што моево не зборува убаво и не се искажува,инаку и ние сме по цел ден во вц, се надевам нема да настине...




AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (2.2.2012 11:10:37)

Девојки, јас имам еден проблем.
Знаете дека Филип од 8 месеци седи на нокшир, ама во последно време не сака ни да го види! Јас со сила не го седнувам.
Ама па и кога му менувам пелена е хорор по дома, ми бега низ соба и се бориме додека да му ја ставам пелената.
Не знам што му стана. Дали е некоја фаза?

Инаку, планирам летово да му ги вадам пелените (ќе има 2 години), зашто веќе одамна кажува кога му се кака и мочка.
Ми вика „Мамо, мочам“ и стои мирен и прави фаци. Или „Мамо, какам“ и ќе си заврши работа. Важно ми кажува ПРЕД да направи беља!

Што мислите, да не му е рано? Што ќе правам ако не сака на нокшир?




JovanaJ -> RE: Одвикнување од пелени (2.2.2012 11:50:11)

AnnaMolly mislam deka definitvno mu e faza. Ja imavme i nie. Mi begase po doma, i imas situacija prvo se nerviram, posle i veke go povisuvam tonot za da go vidam kako toj se gazi od smeenje i saka da si igra taka pa pocnuvame i nie da se smeeme i taka sekoj den ,sekoe menuvanje peleni i bas naporno! Ama mu pomina. Gi faka nekoja takva faza na "diveenje" [sm=smiley36.gif]
Vo odnos dali e rano ili ne za odviknuvanje sama ke si procenis, sin mi ne kazuvase tolku rano deka mu se moca ili kaka i ne go forsirav. Nie kasno go odviknavme od peleni...ama za beganjeto po doma ic da nemas gajle. Period e...[sm=smiley36.gif]




Џесика -> RE: Одвикнување од пелени (2.2.2012 11:50:49)

Пробај на шоља, ние целосно го рипнавме нокширот, непипнат ни стои, земи му онакво мекано адаптерче со рачки, може од мерак ќе седнува, најди му некој мотив да го тера да седи, нас да ни се позлати казанчето само ради пуштање вода се одвикна од пелени, еве две недели како што почнавме и супер ни тргна, има испади, ама ништо страшно. Ако си почнала веќе да го одвикнуваш Филип не се повлекувај, штом ти кажува супер, значи свесен е, јас јадната чекав до 3 години да прозбори детево за да можам да го одвикнам...
П.С. во моментов и се налути на баба му дека пуштила вода во вц, сакал он [sm=smiley36.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (2.2.2012 11:55:44)

Имаме капак за деца за на шоља, ама кај нас зимно време е мраз во ве-це. Кога ќе затопли и со тоа сакав да пробам.
Си го замислувам Бобо како и се лути на баба му и си се изнасмеав [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Ќе пробам и јас со таа финта, може што викаш ќе му биде интересно.




Snowhite RR -> RE: Одвикнување од пелени (2.2.2012 12:25:18)

И јас се надевам дека пролетва ќе ги фрлиме пелените и кај мене Анамоли ми кажува кога кака или мочка, ама ништо живо не сака да седи на нокшир, а нека се затопли оти и кај нас е камен ладно во вц, ќе пробам и јас со адаптер за на шоља, па можи од мерак ќе почни.
Јас си реков пошто еве повеќе од месец не оди во градинка да пробам пак да го одвикнам, оти кога ќе почни в градинка потешко ќе биди, и едно сабајле го разгорев огнот посилно, му ја извадов пелената и му пуштав на јутјуб клипчина да гледа деца кај што седат на нокширче, ама или седнуваше облечен или ќе ми речеше слечи ме, а после не сакаше да седни и така цело сабајле си играше со мене и ништо[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
Инаку и М понекогаш бега за менување пелена, не сака и плачи, па морам да му зборувам нешто, да го залажувам, ај да го видиме папочето кај е, кај е курето и така некако да му ја сменам




arh_diz -> RE: Одвикнување од пелени (2.2.2012 12:35:54)

AnnaMolly probaj stavi go pred televizor nekolku pati pusti mu crtan .M taka neskase posle vakcina ova ni pomogna
Eve sega pak si kaka i mocka vo noksir nekogas sam si go zema noksirceto




AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (2.2.2012 12:39:33)

Арх_диз, така и седеше порано. Обавезно пред тв со цртани. И некогаш по 30 минути не сакаше да стане.
Ама еве едноставно престана. Не дека ич не седи, ама да речеме 2-3 пати неделно само ми успева да го седнам. Порано наутро и навечер обавезно си вршеше работа во нокшир.




anastasja -> RE: Одвикнување од пелени (3.2.2012 16:45:53)

zdravo jas sum nov clen na ova semejstvo[sm=smiley1.gif]i sakam da ve pozdravam site i imam edno prasanje mojata kerkicka martina koja ima 1 i 6 meseci i kazuva po nekoj zbor nerazbirliv dali e dobro vreme da pocneme so patesestvieto za odviknuvanje od peleni ve pozdravuvam site [sm=zmeden.gif]




Felly RR -> RE: Одвикнување од пелени (3.2.2012 19:09:26)

Добредојде во семејството на РР, анастасија![sm=smiley31.gif]
Мислам дека е добро време да почнете. Со мојата ќеркичка точно на иста возраст почнавме, а и за зборувањето не се секирај, и таа не зборуваше многу на таа возраст, ама за брзо се научи да вели „мо“ за мочкање. Само ако видиш дека дава отпор, никако со сила не ја терај. Гледај преку игра некако да почнете. Ви посакувам многу успех, и чекаме да не известиш како ви оди[sm=smiley1.gif][sm=smiley31.gif]




anastasja -> RE: Одвикнување од пелени (4.2.2012 14:47:00)

fala mnogu za sovetot treba da pocneme ama uste sum vo razmisluvanje neznam vremevo nekako me kocit deka e ladno pa si mislam da pocekam dodeka se pozatopli.sto mi predlozuvas ti.te molam pisi kako pocna vednas i gi izvadi pelenite ili postepeno.Jas so prvoto detence miki koj sega ima 6 godini mu gi izvadiv odma i denje i na noke i sto bese interesno na denje ke se pomockase vo gaki ponekojpat a na vecer nisto ama imase 3 godini porano nikako ne uspeavme[sm=smiley13.gif].golem pozdrav[sm=smiley27.gif]




Felly RR -> RE: Одвикнување од пелени (4.2.2012 14:56:30)

Anastasija, јас за денски сосема и ги извадив пелените, и нормално се мочкаше една недела- две, ама за брзо имавме напредок.  Ама сега е ладно времево, и не би ти препорачала да го направиш истото. Сега нека си носи памперс, ама ти кажувај и прво дека е голема, дека големите дечиња мочкаат/какаат во нокшир, и по некое време понуди дали ќе сака да седне на нокшир. Мислам дека кај вас може да помогне и поголемото детенце, зошто има влијание и тоа што гледаат дечињата, па после сакаат да го прават истото што и поголемите.




Pepelaska * -> RE: Одвикнување од пелени (4.2.2012 15:04:09)

Марин пред некој ден кај моите бевме и се пикна во еден ќош , му викаме што правиш и тој какаш, и стварно се покака.После тоа не кажал , ама јас го зедов нокширот и му го покажав го седнав и му викам овде се кака, и сега ако го прашаш што се прави тука знае да каже. Ама ми е жал да го оставам на ладново да го учам, здравје нека се подзатопли , инаку утре прави 1 и 5 месеца.




arh_diz -> RE: Одвикнување од пелени (4.2.2012 17:29:27)

Pepelaska dokolu saka M na noksir stavaj go , ako se plasis deka ke se naladi pokrij go so nesto




Maca25 -> RE: Одвикнување од пелени (4.2.2012 17:48:12)

Пепелашка може сега ви е моментот да ги оставите пелените. И јас Н. сред зима ја одвикнав од пелени. Она седеше на нокшир по пола саат додека не направи нешто и јас секогаш ја покривав со едно ќебенце. А и плус болна беше кога се одвикнувавме [sm=smiley1.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (23.2.2012 21:26:23)

Луѓе, јас од завчера сум по 15-20 пати во ве-це со Филип. До сега на нокшир какаше и мочкаше, ама не кажуваше на секое. А овие три дена го седнувам на шоља со капак за деца и не сака да излезе од ве-це. Кажува на секое.
Само за се вика „какам“ и за мочкање и за какање. И го носам во ве-це а тој ќе се измочка. Од сабајле сме со една пелена, сува е цел ден. Цел ден моча и кака во ве-це.
Изгледа почна одвикнувањето од пелени кај нас, иако сакав летоска да биде зашто е полесно за соблекување и облекување.




Џесика -> RE: Одвикнување од пелени (23.2.2012 22:42:17)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Луѓе, јас од завчера сум по 15-20 пати во ве-це со Филип. До сега на нокшир какаше и мочкаше, ама не кажуваше на секое. А овие три дена го седнувам на шоља со капак за деца и не сака да излезе од ве-це. Кажува на секое.
Само за се вика „какам“ и за мочкање и за какање. И го носам во ве-це а тој ќе се измочка. Од сабајле сме со една пелена, сува е цел ден. Цел ден моча и кака во ве-це.
Изгледа почна одвикнувањето од пелени кај нас, иако сакав летоска да биде зашто е полесно за соблекување и облекување.


Кај нас па обратно вика „мама мочка“ и за какање... инаку баш прееска размислував како пред 2-3 недели одевме во вц на секои 15 минути за секој млаз мочка ме тераше... побаеги се укочив од качи-симни, ама издржав и се исплатеше, сега и за надвор не му ставам пелена, само за спиење, понекогаш и скрос сува е пелената после дневното спиење... спас било ова, да поминеш без 50 евра во месецот за какушки [sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Одвикнување од пелени (24.2.2012 13:14:08)

Ние вчера прав пат ја поминавме ноќта без памперс. Не за друго - ни беа потрошени, и немавме, инаку јас додека да се стопли планирав да и ставам[sm=smiley36.gif]
Инаку еве од Нова година наваму, се нема измочкано во спиење, се разбудува и кажува, ама мене се ми беше страв да не се измочка, па да и достуди, и и ставав пелени.




mamamoni -> RE: Одвикнување од пелени (24.2.2012 22:09:59)

имам пишувано погоре дека од 9 месеци седи на нокшир и се немаше покакано во памперс, а и за мочкање кажуваше, но пред две недели кај моите биле дојдени вујко ми со малата и Софија си седела на нокшир да се кака а ова покакано во памперсот (точно една година е постаро од неа) и ја видела дека е покакана и од тогаш во памперс се кака и ми вели -Ана кака пама- незнам како да ја навикнам пак да ми кажува дајте некој предлог, и уште ова Ана од тогаш почна да кажува и ги фрлија памперсите, несакала Софија да и се смее




Snowhite RR -> RE: Одвикнување од пелени (25.2.2012 8:41:34)

Епа сега вие однесете ја кај Ана нека ја види дека седи во нокшир[sm=smiley1.gif]




omorfo89 -> RE: Одвикнување од пелени (26.2.2012 16:37:17)

И јас би сакала совет во врска ос одвикнувањето од пелениве. [sm=smiley1.gif]
Можеби некој ке рече дека е рано но сакам да ја одвикнам керка ми од пелени. Од 8-ми месец ја ставам понекогаш на вц школка ( си има нејзина), и кога и да ја ставам си мочка. За какање понекогаш успевам да ја фатам ( ми дава сигнали) но понекогаш кога нема да забележам не. Инаку би сакала да почнам од април месец ( тогаш ке има 1 година и 1 месец) сега некако ладно е времево за да ја разголувам. Ме интересира за навечеер да и ставам памперс или не? Да ја будам за во вц навечер? За излегување да и ставам памперс? Мислите ли дека и ова е некаков напредок што си мочка кога и да ја ставам на вц школата?
Не ме остава да и сменам пелена мрда , плаче , па кога ке се покака газето и се прави жар црвено..




omorfo89 -> RE: Одвикнување од пелени (26.2.2012 18:19:37)

Инаку заборавив да напоменам дека керка ми има 11 месеци [sm=smiley1.gif]




Џесика -> RE: Одвикнување од пелени (26.2.2012 21:30:02)

Оморфо, се е индивидуално, еве на пр ќе ти кажам како се одвиваше кај нас... по некое правило кај сите е истото, најмалку 1 до 2 недели е гадното, добро е што малата си мочка кога ќе ја седнеш, и треба често да ја прашуваш, јас цела недела на секои 15 минути го нудев син ми да мочка, го седнував и имаше моменти кога ќе се измочка или искака, ама многу зборував, прочитај погоре, мотивација ни беше пуштање вода и така му се пројави интерес да ја искаже секоја потреба. За спиење сеуште му ставам пелена, од причина што е ладно и спие во вреќа, па затоплен не ми се носи во ладно вц, да беше лето ќе го будев и ќе мочкаше. (иако и сега во спиење кажува дека му се мочка, ама се презаспива и мочка во пелена заради ладното) За шетање на почетокот ќе и ставаш и ќе ја проверуваш кога ќе дојде дали и сува пелената, ќе следиш како ќе се одложува мочкањето, односно, се повеќе ќе трпи и ќе знаеш кога можеш да ја шеташ и да знаеш дека нема да се измочка... затоа летото е најпрепорачливо за одбивање од пелени, ние сме 3 години па веќе беше неопходно, пробај, неколку дена, ако и ја знае улогата на вц школката, нема да и треба многу, ќе и биде полесно без пеленче, и онака после нема да ти сака кога ќе и ставаш пелена [sm=smiley36.gif] ви посакувам успешна мисија [sm=bravo.gif]




omorfo89 -> RE: Одвикнување од пелени (27.2.2012 16:22:56)

Благодарам , се надевам дека ке успееме [sm=bravo.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>