RE: Одвикнување од пелени (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (3.4.2012 23:48:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Кога да почнеме да употребуваме нокшир? Искуство?


Јас само што почна да седи Филип го седнав на нокшир. Значи кога имал 6-7 месеци. И прво нормално само така си седеше, ама еднаш си се искака, па си се измочка... Не дека од толку мали знаат за што е нокширот, едноставно сакав да се научи да седи на него без проблеми. На 11-12 месеци кажуваше секогаш за какање, ама во градинка не го ставаа на нокшир и се одвикна. Јас дома сепак секое сабајле и навечер пред спиење го седнувам.
Сега почнавме со капак за шоља и кажува буквално за секое какакње, а често и за мочкање, па во план сум летово да ги фрлиме пелените барем за преку ден.
Значи мое искуство - што порано се навикне на нокшир, подобро.



Како бе кажуваше на 11 месеци за какање[sm=zmeden.gif] .Јас планирам да му купам сега брзо нокшир ќе го седнувам кога ќе затопли ама мислам дека уште е рано за да ми кажува кога му се мочка,кога кака[sm=smiley13.gif]


Е, кажуваше. Јас му викав „Ајде Филип сега да кака.“ Така си кажуваше „кака“. Тој на 11 месеци многу зборови кажуваше. Добро, не сега буквално за секој пат, ама да речеме 80 % си кажуваше.
А за мочкање не кажуваше, нормално, тоа не може да го котнролира толку рано. И сега не кажува за мочкање, поретко. Ама за какање секогаш си кажува во последниов месец дена.




AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (3.4.2012 23:57:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natuska85 RR

Абе и јас го знам К кога кака,обично пола саат откако ќе појадува,а и го осеќам на фаца кога се спрема за да кака и мислам дека ќе можам да го фатам на нокшир ама нема шанси да кажува,мал е бе[sm=smiley13.gif]


Ако не прозборел, нормално дека нема да кажува. Филип на 10 месеци кажуваше баба, дедо, мама, тато, бебе, дете, кака, папа, нана... Многу рано прозборе, ама затоа прооде многу касно.




Maca25 -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 0:05:29)

Мислам дека ќе почне да кажува откако ќе го ставаш на нокшир и ќе му покажеш што направил. па ќе викате браво [sm=smiley32.gif] и тогаш мислам дека најубаво разбираат дека таму е местото за КАКА! [sm=smiley36.gif]
Што знам, јас сум малце скептична за сево ова одвикнување многу рано, дури и на брат ми и снаа ми им реков да не брзаат многу, ама они си знаат.
Јас Н. почнав да ја ставам на нокшир откако почна да разбира за што служи нокширот и да кажува сама. Немаше 2 години уште, ама мислам дека супер време фатив и многу брзо ги симнавме пелените преку ноќ. А искрено, вака од бебе седнување на никшир ми е некако многу долготраен процес, па дури и година ќе помине откако скроз ќе извадите пелени. На детето му давате до знаење дека ок е да кака и мочка во пелена, ама некогаш треба и во нокшир?!?! Не се брзајте, не го брзајте детето, ќе си покаже тоа коа е спремно за вадење пелени.




AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 7:57:59)

Јас мислам дека не е рано. Зошто да не си создаде навика од мало да кака и мочка во нокшир, а не во пелена? После како поголеми се случува и да не сакаат да смислат да седат на нокшир, па се јавуваат дополнителни проблеми. Нормално дека јас кога го седнав првпат на нокшир не планирав да го одучувам од пелени, туку едноставно да си создаде навика за седење на нокшир. Уште не ми е во план сосема да го одвикнам од пелени, можеби ќе го направам тоа летово кога ќе биде топло.




Џесика -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 8:43:36)

Јас пак ќе кажам, се зависи колку е спремно детето и колку е вољно да соработува. Син ми на 2 и пол години се разбираше, ама не соработуваше, па пробниот период од 10-тина дена го пресеков кога видов дека не реагираше и си мочкаше во гаќи без даде знак. Вториот обид беше оваа зима, кога за 1 недела ги тргнавме пелените, ама детето соработуваше, кажуваше, искуси... во најладното додуша, ама се исплатеше, го погодивме моментот[sm=smiley1.gif]
А еве пример, една поранешна колешка има син и ќерка (веќе големи) и таа ми кажуваше дека синот до 3 години користел пелени, таков бил. Ама ќерка и на 10 месеци сама си ги вадела пелените не сакала да ги носи, па на скоро 11 месеци била одвинката од пелени...




blue_blue -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 9:10:55)

Колку луѓе толку искуства [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Јас за ова сум на линија со Маца, не мислам дека треба да има навика да седи на нокшир. Кога ќе треба да седи ќе ја стекне навиката. Лично, не ја гледам поентата од 11 месеци да седи на нокшир, освен нели ако не осеќате дека по нешто зборува и ќе ви кажува. Моето искуство беше - пред да наполнат 2 години вадиме пелени и не ги враќаме. Пред тоа имаа само една недела видено нокшир за куклата и неа ја ставаа на нокшир. Јас вака решив да правам по доста читање на книги од оваа тема, по читање на написи на нет и по консултација со постари мамички. Сите  ми рекоа дека најбрзо се одвикнуваат ако не се прави забуна - еднаш мочам во пелена,е днаш на нокшир. И кај мене тоа успеа. Сепак, секој си знае за себе и своето дете...Не викам дека штета ќе направите ако го ставате на нокшир, ама јас не ја гледам поентата кога одвикнувањето ќе биде после една година. Вака мене ми е повеќе гњаважа за нешто што не го гледам како неопходно. Моите деца и двете се одвикнаа од пелени во рок од 10 дена, а после некои 2-3 месеци престанав и пелени за навечер да им ставам.




JovanaJ -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 9:29:57)

Sekoe dete e razlicno i treba da se ima individualen pristap. Ama jas navistina ne gledam logika da se sozdava navika da sedi na noksir. Nie ne koristevme noksir voopsto. Vednas si sedna na solja kako mama i tato, toa sto pravese kako nas pridonese da se odvikne pobrzo. Ako pocnev da go sednuvam na noksir mislam deka celiot proces samo ke go napravev podolg za deteto....a vaka nie prakticno nemavme "period na odviknuvanje", si dojde samo po sebe. Nikogas ne mi bilo gordost ako deteto moe ne noselo peleni od edna godina, ne go gledav i sesute ne go gledam toa kako prednost vo napredokot na deteto.
A sednuvanjeto na noksir tolku malo e navika ostanata od vremeto na nasite roditeli koi sto nemale ednokratni peleni. Pa morale da se trudat sto poskoro da gi trgnat pelenite i najcesto toa bil dolg proces, so forsiranje i seuste e ostanato deka toa mora da bide taka so ucenje i sozadavanje naviki. Nema naviki, ednostavno doaga vremeto za toa...i se slucuva.




Felly RR -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 9:40:10)

Јас сепак мислам треба да се има граница некоја, и ако гледаш дека детето се зборува, знае да каже кога има потреба некоја, а не сака да седне на нокшир/шоља, тогаш јас би постапила како шт пиша блу_блу. Ќе му објасниш на детето дека е гоелмо веќе за пелени, и ќе му ги извадиш, и нема ставање. Јас познавам многу случаи, поголеми дечиња, а носат пелени, и не сакат да седнуваат на нокшир, а знаат да кажат.
Јас кога одлучив да ја одвикнам М од пелени, се решив зошто беше лето, имаше година и пол веќе, јас тој месец бев цело време дома со неа, и ми изгледаше како добро време за да пробаме.




Calypso -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 9:56:32)

Sin mi kazuva "kaka", dodusa, otkako ke si zavrsi rabota [sm=smiley36.gif] Ama toa ne znaci deka moram da go sednuvam na noksir, zosto da ima potreba od naviknuvanje na noksir, koga realno i ne planiram da go koristi, ke go sednuvam direktno na wc soljata. Blue_blue ubavo ima napisano pogore, samo mu stvarame zabuna na deteto so toa sto mu velime deka moze da kaka i mocka vo noksir, ama i vo peleni. Zatoa togas procesot na odviknuvanje tolku dolgo trae. A i ne e ubavo da se naviknuva na noksir. Ete na zolva mi maloto ima skoro tri godini, do tolku e naviknato na noksir, sto mora sekade so niv da go vleckaat, duri i vo park, ako se zadrzuvaat poveke od dva-tri casa, a devojceto veke ne nosi peleni, se odvikna od niv, ama ne moze da ja koristi wc skolkata. Dobro sega, primerov so parkov mi bese malku preteran, ama zborov mi e deka ne cini i naviknuvanjeto na noksirot.




rina13 -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 10:10:07)

jas ne sakam da ja ucam na noksir ne gledam pricina da ja stavam od 8 meseci za posle godina dena da mi kazuva koga I se kaka mocka.Ednostvno kako sto kazavte pogore ke se nauci deka vo toilet na wc skolka se kaka I se mocka.Nekako pologicno mi e deka ke saka na wc skolka kako mama I tato odkolku noksir pelena noksir pelena pa posle wc,za nisto ne sum fordirala pa ni za ova,kasno sedna samostojno rano proode samostojno pa ke cekam da I dojde momentot i za pelenite koga togas vremeto e pred nas.Spored knigite sto sum gi citala za zenskite deca idealen period e okolu 20ot mesec, a za maskite okolu 24.Togas I pocnuva da se vospostavuva svesna kontrola za kakanje I mockanje.




Felly RR -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 10:10:51)

Па поубаво е да не се користи нокшир воопшто, ем и нема да имаш за чистење после секоја употреба.[sm=smiley36.gif] Ама па зимово, дури да ја носам по ладното во WC, го носев нокширот во соба. А М е навикната секако, не е толку зависна од нокшир. Уште кога почнав д а ја учам, горе имаше нокшир, ама ако беше долу кај баба и (или на друго место на гости) користеше шоља. МОже затоа нема никаков проблем сега.




dostickage -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 10:17:19)

Iskreno dolgo vreme i jas sum vo misla so pelenite.Sin mi vo juni kje pravi 2 godini. Temperamenten e dnamicen,se razbira , razmisluva pred da napravi nesto AMA so zboruvanjeto sme skarani.
Zboruva ama na negov jazik totalno nerabirliv od tipot tnja tnja i sl.Osven DA i TAO drugo nisto ne kazuva.
Se mislam iskreno dali ima svrha da go maltretiram so noksir ili adapter za solja.
Noksirot ne mislam da do stavam vo upotreba , ne znam nekako toa frlanjeto gomca odposle i mienjeto na noksiorot mi e bez veze koga moze istata rabota da ja zavrsi an adapter.
Ednas se obidov da go stavam an noksir se smeskase se , sakase i koga dojde red da go soblecam i da go sednam vistinski na noksorot stana panika,deteto pomodre od placenje.Odtogas ne sum se ni obidela.
Ama nekako ne gledam ni znaci deka ima nadez za otkazuvanje.Osven sto koga mu se kaka ponekogas se trgnuva na strana i si kaka.Dr ama bas nisto.
Jas mislam da go cekam da prozbori pa da pravime biznis. Sakam toa da go napravam koga navistina kje pocuvstvuvam deka e spremen. Bez nikakvi traumi i dolgotrajni procesi.Bi sakala sam da mi dade znaci za sorabotka i da zavrsime za nekolku dena.Nekako mi nema smisla se toa da trae trae i trae:)
Vie sto mislite?
Mozebi treba da g pottiknam nekako?
Nekoja fora,idea?

tenk ju [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Felly RR -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 10:23:21)

Може да пробаш да го поттикнеш - на пр. Да му пуштиш клипчиња со деца како користат нокшир, (јас еднаш дури и М ја снимав, и после и го пуштав тоа, па викавме браво), или со некое мече, со шприц ќе прскаш во нокширот како да мочка мечето, колку да му покажеш за што е. (само да не види тој дека е од шприц) Па после ќе го фалите мечето.[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Така некако, пробајте.[sm=smiley1.gif]




Bububebe -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 10:33:07)

И јас зедов нокширче,ја ставив еднаш и ми избега [sm=smiley36.gif].ПОтоа пак пробав ама ми бега,не сака да седи на него.
И сега си реди коцки во нокширчето




Џесика -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 14:07:36)

Ехеее мојов на глава го ставаше ко шлем го шеташе, триста маки, па ај со внука ми аедно да ја види неа, па она седи и кака, а тој седнал на неговиот ама облечени не дава да го пипнам тогаш... ми идело да се изедам од нервоза, зошто моето дете не разбира, не зборува, не кажува дека му се кака...нокширот го запознававме цела година, значи цела година му бришев прашина и на крај директно во шоља почна, адаптерот го земав јас божем за похигиенски, ама го однесов кај мајка ми, пошто му е мал (има големо газе [sm=smiley1.gif]) Така да од време на време обидувајте се, носете ги со вас во вц, нудете им ако сакаат да седнат да мочкаат, кога-тогаш ќе им се разбуди љубопитноста.




blue_blue -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 14:49:46)

Јас сум исто поборник на одма во ВЦ, со адаптер или без него. Никад не ми имала нокшири, смрди цела соба, па миј нокширите...Едино се корисни за навечер ако им се примочка, знаат кај седи во собаата кај што спијат, си идат и си мочкаат. Ама јас морав да користам нокшири поради тоа што имам две деца, а со две се знае - како први така други. Нема шанси едната да седи на шоља, а другата да не сака...затоа имавме нокшири и седа во исто време. Иначе докстејџ можеш да почнеш да го носиш со себе во ВЦ и да му кажуваш што правиш. Може да има кукла со нокшир за да ја става да моча, може ти дур обавуваш работа во ВЦ он исто во ВЦ да седне на нокшир - ова неколку дена колку да сфати што е муабетот, после вади пелени и не враќај - нек се учи - кога ќе е мокар ќе сфати што е поентата. И не мора да зборува не знам што - моите викаа чиш на почеток и за какње и за мочкање




mami2 -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 15:51:03)

дефинитивно сум за адаптер.
Но мора да следи развојот на детето, затоа што се работи за физиолошка потреба не може сите деца да имаат исто вистинко време за одвикнување од пелени. Како утеха, во литературата се спомнува возраст до три години е период се толерира празнење во пелени. Мислам дека не добро да се форсира нешто за што детето психо-физички не е спремно. затоа и семејството не треба да е фрустрирано ако нивното дете „касни“ со одвикнувањето, додуша новчаникот секако е најфрустриран[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]
Моето се одвикна на две и пол години, го пропуштивме периодот околу две години затоа што се роди второто дете, тоа е траума само по себе за детето, се плашев од настапувањето на регресивните фази и сл.
Инаку моја пракса е дека одвикнувањето треба да биде наеднаш, дење, ноќе, секогаш. Нема веќе пелени, враќање на истите. Не може да му викаме на детето дома ќе мочкаш во тоалет, ама кога се шетаме или одиме на гости смееш во пелени. Така ќе се збуни, па нема да знае кога што е правилно.




Џесика -> RE: Одвикнување од пелени (4.4.2012 16:14:37)

Ај ќе пишам тука маката моја сега. Пишав и во темата „Како го научивте вашето дете да...“ ама може овде е посоодветно. Се обидувам да го научам син ми да мочка стоечки, ама никако не успевам, не ми дозволува да му ја отворам кожичката за да почне да мочка. Ова ми е потребно за надвор додека шетаме подолго да може да заврши работа надвор, а не сака.
И уште една работа, малку оффтопик. Денеска кога го земав од градинка, учителките ми го донесоа со пелена, под образложение дека ги измочкал двата пара гаќи и немало други резервни. Цитирам „го седнав на шоља, ама во мочкањето си ги измочка гаќичките, а пошто МУ Е МАЛО КУРЕТО и не знае да си го држи му испрскало се...“ и сега јас се чудам...
Ајде мајки на момчиња помагајте!!! Како да мочкаме стоечки, и дали воопшто е потребно тоа уште од оваа возраст?




mama Iva -> RE: Одвикнување од пелени (3.5.2012 1:02:58)

interesna rabota i od koja vozrast treba na deteto da mu se otvora kozickata za da mocka ?Sin mi sega pocnuvame poleka so odviknuvanje od peleni pa koga ke go vidam da mocka ne mocka nasekade neka kazi nekoja mamicka poiskusna i mene me interesira




anastasja -> RE: Одвикнување од пелени (5.5.2012 12:16:52)

eh zivi maki mojata sega vo juli ke pravi 2 godini i nikako nesaka da kazuva so sve zivo imam probano koga ke vidi nekoj odi vo wc taa pistit i se soblakat mocat kakat vikat a koga ke ja sednes ke sedi 5 min i vikat gotovo ke stanet ne i stavam pampers samo sto ke stani ke se pomocat vo gaki[sm=zmeden.gif] kazuvajte nekoja idea resenie oti veke puknav sega e najdobro em vremeto e toplo em i golema e veke,a za mama iva neznam neka prasa jas mu go otvarav kureto na maskoto dete od 1 godina natamu taka mi rekoa na lekar ama na krajot pak mu se zatvori skros duri i na bolnica zavrsivne mu go otvaraa so sila i posle maki nemozese da se mocat go pecese skoro cela nedela i den denes koga ke go kapam mu go otvaram i nekako so maki ne davat uste zar pamti i sam edvaj ke go ubedam




mama Iva -> RE: Одвикнување од пелени (8.5.2012 11:35:15)

i sin mi ke praj 2 godini i jas vo kapenjeto mu go otvoram ama mene me interesirase od koga treba da mu se otvori kozickata za da mocka jas mislev deka ko ke porasni ko ke mocka samo i da znaj da si go drzi kureto togas da si ja otvora kozicka a za malo neznam na sin mi uste ne mu e dootvoreno ili jas pogresno razbrav




Pepelaska * -> RE: Одвикнување од пелени (8.5.2012 12:00:08)

ТУКА имаме тема за хигиена на момчињата, мама ива,, го преместив постот таму




Popce -> RE: Одвикнување од пелени (8.5.2012 15:52:50)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР

Ај ќе пишам тука маката моја сега. Пишав и во темата „Како го научивте вашето дете да...“ ама може овде е посоодветно. Се обидувам да го научам син ми да мочка стоечки, ама никако не успевам, не ми дозволува да му ја отворам кожичката за да почне да мочка. Ова ми е потребно за надвор додека шетаме подолго да може да заврши работа надвор, а не сака.


Џесика мојот почна на 4 години да мочка сам стоејќи Проблемот за мочкање надвор го решававме со пластична чашка (стално носевме со нас и на почеток не сакаше да мочка во чашка а после се научи).
Иначе, откако се откажавме од обидување да го научиме, сам почна да мочка стоејќи.
Ете, пробајте, мене ми беше смешно на почеток, ама е хигиенски.




mama Iva -> RE: Одвикнување од пелени (18.5.2012 12:38:36)

dali mislite deka dete koe ne zbora treba da se odviknuva od peleni moeto ima godina i devet meseci ,ne zbora nisto drugo osven tata mama ,pa ako se odviknime od peleni i ne gi koristime doma ,koga ke izlezime ke moram pak da mu klam bidejki ne zbora vie sto mislite na ova?




Felly RR -> RE: Одвикнување од пелени (19.5.2012 15:57:14)

А зошто да не може, и ние минатото лето кога почнавме да се одвикнуваме, М немаше некој голем фонд на зборови, ама важно се научи да кажува МО за мочкање, а и за какање. Важно детето да е спремно, и да може да каже на некој начин - дали со цело зборче, или со две букви, или пак со покажување.
Само ќе треба многу трпение, и упорност.




Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>