Bethany -> RE: Одвикнување од пелени (23.6.2013 9:13:31)
|
И јас пробував нешто деновиве. Кажувам нешто бидејќи ни самата не сум сигурна што и како да направам. Го седнував на нокширче, и ајд сега повеќе седи, земавме книга читавме, па додржува неколку минути. Го соблеков во гаќички, се помочка, му објаснував дека тука е нокширче за мочкање и какање, нешто зборев, утепав се од зборење, кога го прашувам : ме разбираш, демек клима со главата во знак на разбирање. Ох, каде ќе ни е крајот. Ама вчера гледам му се какаше, и го ставив на нокширче и седеше , ама ми се чини дека кога требаше да кака, почна да плаче, му облеков пелена и заврши работа таму. [sm=smiley29.gif] Ај што тој не знае, ама јас не знам, прво јас треба да имам некоја тактика, ама па и самата сум збунета, не знам од каде да тргнам и не сум постојана поради тоа. [sm=smiley24.gif] Ги извадив теписите, и што треба сега да му соблечам пелена, облечам гаќички и да мочка и кака по цела куќа па може ќе сфати... така ли? [sm=smiley5.gif] И кога направи такво што јас да му зборувам не тука на нокшир ќе одиш (го ставив во дневна)?
|
|
|
|