AnnaMolly RR -> RE: Одвикнување од пелени (11.6.2014 10:30:54)
|
Мила мамичка, јас би те советувала да му ставаш ноќе уште некој ден додека сфати што е работата. А тоа што е радосен дека носи гаќи е супер работа. Сега биди спремна и на грешки, ама никако карање! Во никој случај. А кога ќе мочка/кака во нокшир или на шоља, одма фалење на сите, да слушне дека го фалиш дека направил голема работа. Син ми исто на точно 25 месеци го одвикнав, нааааајлесно на свет беше. Три дена правеше по 1-2 грешки во денот, четвртиот ден веќе бевме сосема одвикнати денски. Јас продолжив да му ставам навечер пелена уште 2-3 недели после тоа зашто многу сок пиеше навечер и пелените му беа мокри. Во меѓувреме го одвикнав од пиење сок и веќе по 3-4 дена сабајле се будеше со скрос сува пелена, што е знак дека е спремен за навечер. Инаку, еве поминати се 2 години од тогаш, ниту еден единствен пат не ми згрешил воопшто ни дење ни ноќе. Многу лесно поминавме, а се плашев којзнае како ќе биде. Ти посакувам и тебе толку лесно одвикнување. И да, штом ги извадивте преку ден, готово веќе нема назад. И повеќе денови да греши, биди упорна. Ако оди во градинка, престани да им праќаш пелени и спремај по 3-4 пара облеки за пресоблекување, инсистирај и тие да не го нарушат процесот на одвикнување Со лесно и да пишеш за некој ден како напредувате! Да дополнам: Купи си од Зегин непропустливи подлоги за на кревет и ако спие денски ставај му од подлогата, не пелена. Се надевам бар малку ќе ти бидат од корист моите совети [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|