BEBICA -> RE: Одвикнување од пелени (9.2.2010 15:17:40)
|
Знакови според Бразелтон Овој човек води цел еден оддел на детска клиника во Бостон, и секојдневно се среќава со деца кои се соочуваат со брдо проблеми поради прераното одвикнување од пелени. Тој вели дека прерано е све што е за одредено дете прерано, а не тоа што го сметаат вашите пријатели, роднини или било кој друг. (затоа и ги спомнав овие знакови, точно е дека системот за контролирано мочкање се развува негде околу втората година, ама ете, кај некои деца и покасно, и порано, а затоа се запазуваат наредниве точки). Од следниве знаци дека детето е спремно да мочка во нокшир, т.е. да почнете сериозно да се занимавате со одвикнување, треба да бидат исполнети сите, не еден, или два, три. Значи: 1.Бебето веќе нема потреба постојано да шета или да стои на нозе, во состојба е мирно да седи и да се занимава со нешто друго одредено време, некаде фаза која почнува околу 18 месеци 2.Бебето го има совладано рецептивниот јазик, ве разбира све што му зборувате, дури и да не зборува, и може да ви ги следи упатсвата, пр. Оди таму и донеси ми го тоа 3. Може да каже НЕ, не за да не усречи нас, туку тоа да го направи за да се усреќи себеси, па дури и да си ја брано својата телесна автономија 4. Почнува да ги става предметите на свое место, знае дека одредени работи одат на свое место и како таму се "ствараат" 5. Почнува да ве имитира, не само да плеска со рацете кога плескате и вие, туку кога девојчињата ке почнат да се однесуваат како мама, имитира готвење како мама и сл..а момчињата веројатно повеќе сакаат да го имитираат својот татко. Во тој период сакаат и да одат на WC шоља како вас, и може многу да се разочараат поради тоа што не успеваат, а посебно ги дестимулира кога и родителите не се одушевени кога ќе видат мокра постелнина 6. Бебето веќе почнува да обавува нужда во предвидливо време, останува суво 1-2 саати, и веќе крајот на втората година се смета и за период кога детето останува суво и на пладневното спиење. По дремката не е тешко да се фати мокрачата, ако веднаш се однесе на нокширче. И празнењето на цревата е предвидливо, често за време или после јадењето. Овие нови начини на однесување на детето често представуваат и искушение за родителите кои сакаат веќе да го учат детето на нокшир мислејќи дека дошло време, иако не е 7.Детето постанува свесно за своето тело, дава до знаење дека ги измокрило пелените, дури и дава знаци дека му се кака. Знае да ги именува своите постигнувања, дека се искакало, измочкало и слично. И уште седум знаци кои укажуваат на тоа дека детето не е спремно (па и да се исполнети горните седум, од овие не треба да е присутен ниту еден) 1. Стои до нокширчето, а сепак мочка на под. 2. Не дозволува да му се соблечат пелените, вришти и се брани секој пат кога треба родителите да го сторат тоа 3. Само соблака пелена и се кака на подот 4. Си шетка наоколу и потоа седнува со пелена полна со каки ( [image]http://www.roditeliideca.com.mk/components/com_kunena/template/default_ex/images/english/emoticons/laughing.png[/image] ), и не покажува никаква нелагодност, дури и изгледа блажено. 5. Секрие во некое ќоше и сл. и се слушаат звуци на стенкање дур кака. 6. Вика Не не не!ако родителите утврдиле дека дошло време за какање. 7. Негодува на секакви начини кога ќе му се спомне никширче.
|
|
|
|