Тања РР -> RE: Одвикнување од пелени (16.5.2010 20:05:12)
|
Кога да започнете со учење на нокширчето? Клучниот фактор кој што родителите треба да го знаат за успешен тренинг е подготвеноста на детето. Средната возраст за успешно совладување на навиката изнесува 27 месеци со опсег од 3-4 години. Тоа е така, затоа што раното учење на навиката пред 2 годишна возраст може да доведе до хронична ретенција (застој) на столицата и до енкорпреза.Енкорпрезата е вршење на дефекација во долната облека кај деца кои веќе научиле да го користат нокширчето. Многу раното учење на навиката за употребување на нокширчето може да доведе и до пролонгиран процес на самото тренирање на навиката со што само би се зголемила фрустрацијата на родителите. Како да знаете дека вашето дете е спремно за учење на навиката? Ако следните прашања имаат потврден одговор, тогаш вашето дете е спремно за започнување на тренирање на навиката за употреба на нокширчето: · Дали вашето дете комуницира со вас пред да изврши мала или голема нужда? · Дали вашето дете може да издржи една минута или две пред да започне со уринирање или дефекација? Тренирањето за користење на нокширчето се одлучува во однос на спремноста на детето и стадиумот на развиток. Следното претставува нормален развој на мочниот меур и контрола на аналните сфинктери. Комплетната контрола обично се постигнува до 4 годишна возраст а на мочниот меур контролата се постигнува обично до 5-годишна возраст. Девојчињата контролата ја постигнуваат порано од момчињата. Детето мора да биде спремно за тренингот за користење на нокширчето и физички и емоционално. Следните насоки се показател за спремноста на детето за користење на нокширчето: · Детето пројавува интерес за нокширчето · Детето пројавува интерес за носење на долна облека · Не се чувствува пријатно во водените пелени · Може да следи едноставни инструкции · Може да прашува едноставни прашања · Може да седи суво 2 или повеќе часови · Може да остане суво во пелените за време на спиење Тренирањето за користење на нокширчето треба да се избегне кај децата во следните случаи: · Многу рана возраст – Се препорачува да не се употребува тренингот на деца кои што се помлади од 2 години поради тоа што може да се доведе до пролонгиран тренинг и исто така може да доведе до хронична ретенција на столицата и енкорпреза. · Ако детето не пројавува никаква желба за нокширчето · Ако одговорот е негативен на повеќето од претходно споменатите показатели и прашања · Ако детето за кратко време треба да се соочи со голема промена како што е преселување или добивање на братче или сестриче Иако некој хроничен медицински проблем може да го пролонгира процесот на тренирање на навиката, сепак тоа не претставува причина за одложување на тренирањето. Насоки за трениниг Процесот на тренирање на навиката во основа вклучува позитивно вклучување од страна на родителите откако тие ќе ја увидат подготвеноста на своето дете. Малите пречки кои што можат да се појават во текот на тренингот како што е стравот од седење на нокширчето треба да се прифатат смирено и да се разберат. Тајната на успешниот тренинг се сотои во тоа да родителите ја задржат својата трпеливост. Следуваат неколку насоки за тренирање. · Едукација на детето за користење на нокширчето – Во прво време, детето може да биде охрабрувано да седне на нокширчето со или без пелени. Мајката би можела да ги фрли нечистите пелени за да ја покаже целта на нокширот. · Ако детето покажува интерес за седнување на нокширот, може да му се дозволи да седи на него без пелени неколку минути секој ден. Секогаш треба детето на некој начин да се пофали кога ќе седне на нокширот. · Секогаш кога детето ќе покаже знаци дека има потреба од тоалет, како што се пискање или држење за гениталната област, мајката треба брзо да реагира и да го однесе детето да седне на нокширот. Детето треба да се научи да ги разбира овие сигнали. Треба да се научи дека секогаш кога ќе ги добие тие сигнали, треба да престане да го работи тоа што моментално го работи и веднаш да се упати кон нокширот. · Мајката исто така, треба да дава пофалби ако детето не ги наводенува пелените и правилно го користи нокширот. · Се случуваат и грешки и тие се неизбежни и претставуваат составен дел од тренингот. Кога ќе се случат, мајката треба да остане смирена. Најчести проблеми при тренингот Родителите може да се соочат со многу проблеми за време на тренингот на нивните деца дури и ако процесот на тренирање е добро испланиран. Најчестите проблеми се следните: · Отпор кон тренингот – Ако детето не се ни обиде да го изврши својот дел од задачата, тогаш треба повторно да се прегледаат показателите за тоа дали навистина детето е спремно за тренингот, и физички и емоционално. Понекогаш детето може да проба и да не успее во напорот. Ако ова е случај, мајката треба да се вклучи со позитивни критики и да го фали своето дете за сите работи што тоа може да ги направи без разлика колку е мало детето. · Детето почнува да писка, клоца и скока кога е натерано да седне на нокширчето – Детето понекогаш може седењето на нокширчето да го смета како казна. Ако тоа е случај, тренингот би требало да се одложи за неколку денови или самиот тренинг би требало да се направи да биде што позабавен. · Дури и ако се направи најдобро планирање и тренирање, децата понекогаш можат да извршат нужда во своите пантолони отколку во нокширот. Мајката треба брзо да го исчисти местото и да го пофалува детето за секоја посета на нокширот. Ставањето на нокширот поблиску до околината за игра на детето може понекогаш да помогне ако на детето му е тешко да го контролира сфинктерот додека да стигне до нокширот. Извор
|
|
|
|