RE: Абортус - да или не? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Семејство и партнерски односи



Порака


kapina -> RE: Абортус - да или не? (15.5.2014 8:40:19)

Za se ima resenie no dusata vo grevda si ja stavam ne nikogas fala bogu kolku majki znam sto sami gi izgledaa decata pa sto




Defne90 RR -> RE: Абортус - да или не? (15.5.2014 11:03:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Za se ima resenie no dusata vo grevda si ja stavam ne nikogas fala bogu kolku majki znam sto sami gi izgledaa decata pa sto

Така е капина можам само да кажам за нив секоја им чест и само да им се восхитувам на храброста што ретко кој би ја имал на денешно време.




SandraRo -> RE: Абортус - да или не? (15.7.2014 9:03:51)

Јас сум и секогаш ќе бидам против абортусот на здраво бебе...Зошто постои заштите однос?Зошто има презервативи,апчиња и сл?Зошто не се размисли пред да се стапи во односи? Уживаат во односи непромислено и потоа оп бремена и ајде абортус како да е тоа лист од тетратка ке го скинам и ке го фрлам......Абортус кој јас го признавам е оној каде навистина има проблем и мора да се случи тоа....А да убиеш здраво детенце е тоа е веќе убиство....Размислете пред да имате односи а не потоа кога ќе се случи тоа да си чукате глава е млада сум што ми требаше ова и сл.Само едно нешто мозам да кажам и се надевам ке им влезе у глава на тие што треба...Има многу жени што убиваат здрави деца а замислете колку жени има што се би дале да имаат здрави деца и да немора да дојде до абортус....Од лично искуство пишувам тешко е да посакуваш дете а има проблем заради кој мора да абортирас а другите имаат здрави деца а абортираат затоа што немало да имаат време за шетање одмор и сл....Размислете




vezilka RR -> RE: Абортус - да или не? (17.7.2014 9:38:15)

Оние кои се одлучиле на чекор абортус, сигурно размислиле, не им панала на памет таа идеја туку така. Одлуката за прекинување на бременоста никако не е поврзна со животот на другите луѓе и со нивните битки во животот. Неблагодарно е да се каже ти роди дете оти јас не можам. Секој во својот живот со сопствените проблеми си се справува.




ana mari -> RE: Абортус - да или не? (28.7.2014 12:33:08)

zenski kazete mi dali ako pijam lekovi ke go izgubam bebevo 8 nedela sum trudna ne sakam da go rodam ve molam ako nekoja znae neka piseeee




Goddess* -> RE: Абортус - да или не? (28.7.2014 13:19:51)

[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]..podobro konsultiraj se so matichniot okolu tvojata konechna odluka ,deka si za abortus(koja ke ja navedesh momentalnata situacija vo koja se naogash)..otkolku da si igrash tolku neseriozno so zimanje na nekoi si pojaki lekovi,nikoj ne moze da ti garantira so sigurnost za kako se postignuva spontan abortus,ama sigurna sum deka definitifno ako posegnesh po ovaa ideja vo glava shto ti se vrti,si stavash samata trn vo zdrava noga,kade moze da go zagrozish tvoeto zdravje i zdravjeto na bebeto(da sozdadesh deformitet(skraja da e) na plodot) i togash shto si napravila[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif].Razmislisi malku potrezveno.




AnnaMolly RR -> RE: Абортус - да или не? (28.7.2014 13:43:46)

Anamari НИКАО немој така да правиш! Ако си решена дека не сакаш да го родиш детето, оди кај стручен доктор кој тоа може да го изведе како што треба.
Вака само твоето здравје може да си го загрозиш и да направиш голема штета!




niki -> RE: Абортус - да или не? (28.7.2014 19:57:53)

Ana mari se nadevam deka se zezas, zosto ako si seriozna bi trebalo da pojdes na psihijatar
Znam deka vo stranstvo e tesko da se razvedes,posebno koga si nevrabotena,tesko se odlucuva i koga si vraboten, no so pienjeto lekovi ke si sozdades samo problemi
Pisa deka majka ti te poddrzuva, togas baraj pomos da se snajde i da ti prati pari da abortiras na ginekolog
Neli rece ke odis da posetis advokat, da se rasprasas za svoite prava
Ako tamu e tesko da se abortira pojdi kaj tvoite vo mk i abortiraj tamu, na ginekolog na klinika vo kontrolirani uslovi
Ova bebe ne go sakas no imas veke edno detence i ne smees neodgovorno da se odnesuvas i da si igras so sopstveniot zivot, potrebna si mu na toa dete
Mazot i brakot kakvi god da ti se si gi odbrala ti samata i mozebi si pogresila mnogu, no resenie nema da najdes vo kukavicki odluki tuku treba da se bofis za sebe svojot zivog i deteto koe veke go imas
Gledaj nekako da se vrabotis da se osamostois bidejki vo koja god drzava da si kakvi god zakoni da ima za semejno nasilstvo duri sama ne stanes sposobna da se izdrzuvas nema da mozes da se trgnes od pekolot vo koj zivees
Si pogresila sto si ostanala trudna po vtor pat so toj covek no sedni i razmisluvaj racionalno i ne dozvoluvaj si greskite da se nizat koja od koja postrasna i pogolema
Sto ako lekovite vlijaat negativno po tvoeto zdravje koj ke ti go gleda togas detenceto
NIKAKO samoinduciranje na abortus, ODI NA GINEKOLOG!!!!!!!!!!!!





kapina -> RE: Абортус - да или не? (28.7.2014 21:42:27)

Ana Mari nemoj ne abortiraj nekoj kako mene place za deca nemoj ne pravI go ova. se ke se srede toa e grev da go abortiras deteto se naogas vo teska situacija znam no moj sovet ti e toa zadrzi si go deteto I maz ti sega veke eks ke ti plaka izdrski a I ti ke si baras rabota otkako ke se porodis jatrvata pocna so rabota koga maloto imase pet mesecI koleskata sto mi pocna so rabota koga malata imase3 I pol mesecI ke se najde resenie za se kako mozes taka da kazes taka oti ne go sakas toa dusice sto raste vo tebe. a ni pod nikoj uslov nemoj da probas so lekovi mozes I ti da iskrvaris toa ti go kazuvam od licno iskustvo




niki -> RE: Абортус - да или не? (28.7.2014 23:19:15)

Izvini kapina ama problemot koj go ima ana mari nema nikakva vrska so tvojot zivot i so tvoeto nemozenje da imas deca
Bi bilo pozelnonsega da ja postedime od moralni pouki bazirani na nasite neostvareni zelbi
Grev ili ne tamu nekade postoi nekoja zena koja vo sopstveniot bezizlez i ocaj razmisluva da krene raka na sebe, toa sto ti nemas deca e nejzin najmal problem i ne treba nit da razmisluva za tebe nit da se sporeduva so tebe
Ti nemas deca taa ima, ti mozebi nikogas nema da imas ili ke imas edvaj edno taa mozebi moze da rodi 20, no ako moze ne znaci i deka mora, posebno ne ako ragjanjeto ustedeca ke i go otezni zivotot uste poveke, kako nejziniot taka i na decata
Nejziniot zivot e nejzina borba, so nejzinite moznosti koi taa si gi znae , i da i e se taka lesno reslivo sigurno ne bi razmisluvala za vaka radikalni cekori, na svoja raka da zema lekovi toa e ramno na samoubistvo




LoveableMe RR -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 9:50:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Izvini kapina ama problemot koj go ima ana mari nema nikakva vrska so tvojot zivot i so tvoeto nemozenje da imas deca. Bi bilo pozelnonsega da ja postedime od moralni pouki bazirani na nasite neostvareni zelbi...............Ti nemas deca taa ima, ti mozebi nikogas nema da imas ili ke imas edvaj edno taa mozebi moze da rodi 20....


Ве молам девојки да внимавате што пишувате кога се обраќате на форумот и какви зборови користите, не можам да поверувам дека некој може вака да пишува, извини Ники, ама мислам дека претера и треба да и се извиниш на Капина. Тоа е исто како на некого во лице да му викаш ти си инвалид, јас не сум, што ми е гајле......

Ана Мари, твоја е одлуката што ќе направиш, но јас сум секогаш прво да консултираш стручен лекар, гинеколог и потоа што ќе правиш да правиш, а животот тече понатаму, ќе има и подобри денови за тебе. Позз секое добро




rina13 -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 11:13:56)

Кога се дава совет за ваква деликатна состојба како што наведе Ана Мари, треба да се направи дистанца помеѓу Јас моите проблеми, моите судови, моите вредности, моите прироитети итн. и Ти твоите приоритети, размислувања, ставови, погледи.
До кога жени ќе го судат правото на абортус ќе го квалификуваат како смртен грев тоа не ми е јасно. Секој има право со своето тело да прави што сака и кога сака. Се додека никој не ви штети вам немате апсолутно право да судите. Ана Мари јас потполно те поддржувам доколку одлучиш да абортираш (секако во соодветни и контролирани услови), самохрана мајка со едно дете е тешко да скрпи крај со крај а со две деца е на работ на невозможното. Лесно е да морализираш од страна ама тешко да влезеш во туѓи чевли. Секој прави грешни избори во животот но грешките се исправаат. Ана Мари ти посакувам многу храброст и издржливост ќе ти бидат многу потребни.




LoveableMe RR -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 11:55:41)

Rina, секој има право на одредено мислење, без разлика дали е тоа за или против и треба за тоа да се дискутира на форумов. Без разлика какво мислење и да имаме и од каде да го црпиме материјалот за тоа мислење, тоа е наше мислење, друго е некој дали се согласува со тоа или не.

Во однос на дебатирањето, може да се обраќаме на другите со речник со кој покажуваме дека не се согласуваме со него и сл. и дека имаме спротивен став, тоа е во ред, дека ете јас мислам спротивно од тебе, мислам дека тоа и тоа е подобро и сл., но да упатуваме навреди, тоа е веќе сосема нешто друго и јас и понатаму останувам на ставот дека таков речник не е за толеранција на форумот.




miana -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 12:17:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: rina13 RR

Кога се дава совет за ваква деликатна состојба како што наведе Ана Мари, треба да се направи дистанца помеѓу Јас моите проблеми, моите судови, моите вредности, моите прироитети итн. и Ти твоите приоритети, размислувања, ставови, погледи.
До кога жени ќе го судат правото на абортус ќе го квалификуваат како смртен грев тоа не ми е јасно. Секој има право со своето тело да прави што сака и кога сака. Се додека никој не ви штети вам немате апсолутно право да судите. Ана Мари јас потполно те поддржувам доколку одлучиш да абортираш (секако во соодветни и контролирани услови), самохрана мајка со едно дете е тешко да скрпи крај со крај а со две деца е на работ на невозможното. Лесно е да морализираш од страна ама тешко да влезеш во туѓи чевли. Секој прави грешни избори во животот но грешките се исправаат. Ана Мари ти посакувам многу храброст и издржливост ќе ти бидат многу потребни.
Potpis! Kapina nema pravo da ja razubeduva Ana mari, i da ja tera da odbere potezok pat vo zivotit! Ana Mari ti posakuvam mnogu sreka! Baraj nacin sto po bezbednobda se oslobodis od plodot i id siprugit koj nemozes da go podbeses. Zdravje vo idnina moze ke si najdes nekoj sto zasluzuva da mu rodis detene




Melanija RR -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 13:54:16)

Ова е форум на кој секој може да го напише своето мислење, коментар зошто не мислам како тебе, споствен став, критика и сл, но со чуство кон другиот,споредба не е можна секој со својот живот и избор. Зборот е потежок и од раката.

Се согласувам дека овој дел на Ники не е на место, останатото е лично видување и критика кон Капина.
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Ti nemas deca taa ima, ti mozebi nikogas nema da imas ili ke imas edvaj edno taa mozebi moze da rodi 20, no ako moze ne znaci i deka mora,


Ова е личен став но не е да се наведува дека тоа е грев па со тоа тие што имале абортус се поинакви, и ana mari треба да се води според животот на другите???
ИЗВОРНА ПОРАКА: kapina

Ana Mari nemoj ne abortiraj nekoj kako mene place za deca nemoj ne pravI go ova. se ke se srede toa e grev da go abortiras deteto


Сите сме различни и секој со својата судбина, затоа на никој не треба да се суди.
ana mari во целост неможе да знаеме каков живот имаш , но тоа е основното ако имаш подршка (ако добро разбрав мајкати е во МКД) врати се тука но мора од државата да излезеш некако зошто моше да ти забрани излез. Консултирај се со адвокат за да не направиш некои грешки кои може многу многу да го чинат твојот понатамошен живот.
Немаш многу време доколку сакаш да абортираш, денови се во прашање.НО задолжително на гинеколог ,НИКАКО сама да направиш нешто.




Anonimen -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 15:31:27)

АнаМари, сама си го одбираш патот по кој ќе одиш, не дозволувај никој друг за тебе да одлучува. Целосно те поддржувам ако сакаш да абортираш, искрено и јас би го направила истото да сум на твое место. Убаво рече Меланија, дојди во Македонија кај твоите, тука си има доктори кои легално и стручно вршат абортус. Јас ќе ти дадам контакт (од искуство) каде ќе ти завршат работа во стерилни услови.
Повторувам како меланија денови се во прашање, можеби уште недела до две максимум имаш фора. Јас бев 9 недела кога абортирав од мои лични причини.

Муабетите дека не треба да абортираш зашто некој не може да има деца многу ме вадат од кожа, тоа е исто како некому да кажеш не оди на одмор во Бали, јас немам пари ни за во Охрид.

Ова е многу чувствителна тема исто како и неплодноста. Искрено од цело срце посакувам секој што сака да си има дечиња, меѓутоа никој мене нема да ме убеди дека абортусот е грев и убиство. тоа е право на личен избор и секој кој абортира не го прави тоа лесно како добро утро, туку секогаш има причина.
ти посакувам секое добро, што и да решиш ти ќе живееш со таа одлука.




scared RR -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 15:32:10)

Tocno deka vo slucajov na devojkava nema vrska toa so imanjeto-nemanjeto deca, ama NIKI PRETERA! Deset_ pati na Kapina i go plesna toa vo faca deka nema deca, pa uste velis nema ni da ima mozebi ili edvaj edno ke ima. Dobro ti imas oset_ malce? Kako mozes da kazes deka nema da ima deca??? Zasrami se i razmisli pred da pises nekoja druga glupost. Ocigledno ne si se nasla na mestoto na onie koi se borat so neplodnost pa zatoa vaka zboruvas.




miana -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 16:29:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared

Tocno deka vo slucajov na devojkava nema vrska toa so imanjeto-nemanjeto deca, ama NIKI PRETERA! Deset_ pati na Kapina i go plesna toa vo faca deka nema deca, pa uste velis nema ni da ima mozebi ili edvaj edno ke ima. Dobro ti imas oset_ malce? Kako mozes da kazes deka nema da ima deca??? Zasrami se i razmisli pred da pises nekoja druga glupost. Ocigledno ne si se nasla na mestoto na onie koi se borat so neplodnost pa zatoa vaka zboruvas.
i kapina nema pravo da pisuva - nemoj da abortiras-jas nemozam da ragam. Nema logika nekoj da sprecuva nekogo vo nesto naveduvajki svoi licni pricini. I jas da sum na mestoto na Ana Mari bi abortirala. Podobro da go nema toa dete otkolku da raste vo nesrekno semejstvo i da strada zosti tatkomu ja maltretira majkamu. Niki moze pretera ama pa imase pravo! I na Kapina.i na site koi se borat za deca vi posakuvam da se skrasite sto poskoro i vasite deca da rastat vo srekni semejstva. No sepak ne gi osuduvajte onie koi od bilo koja pricina se kaat sto zacnale dete i moraat da se oslobodat od nego od nekoi opredeleni pricini. Vo slucajot na Ana Mari i jas bi abortirala.




scared RR -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 16:49:37)

Aj te molam kazi mi za sto imase pravo? Vo red e i zarem i ti bi go kazala istoto na nekoj MOZE NEMA DA IMAS DECA ILI KE IMAS EDVAJ EDNO??
Pa toa samo covek bez oset i bez sdusa ke go kaze, znaci toa voopsto nemase vrska so temata! Ok si kazala svoe mislenje kapina taa taka go gleda toa, vo red e da se posoci deka nema vrska toa edno so drugo, koga zenata ima pricina treba da abortira, ama izvini molim te nekoj mene da mi se smee bukvalno vo faca sto jas momentalno nemam deca. pa uste da mi vika moze nema da imas toa e bezdusno. Ubavo kaza LoveAbleMe toa e isto ko na nekoj da mu kazes ti si invalid jas ne sum gajle mi e... Vo prevod vo ovoj slucaj doaga ..Jas imam deca pa sto mi e gajle sega za drugite, koj mi moze mene nesto jas sum rodila [sm=smiley22.gif]
Ali ajde sto da objasnuvam sit na gladen ne veruva, i jas mozebi od plukni zalepi da sum ostanuvala nekolku pati bremena pa od azgan posle ke abortiram [sm=zz_happy.png] (opsto zboram ne se odnesuva za slucajov na zenava)




niki -> RE: Абортус - да или не? (29.7.2014 21:32:00)

za mene e bezdusno na zena koja dozivuva semejno nasilstvo i se obiduva nekako od toa da se izvlece da i davas sovet: rodi dete, grev e da abortiras, me gledas li mene deka nemam deca
navredlivo mi e koga na zena nevrabotena, vo stranstvo, pod kirija, bez nikoj svoj tamu za poddrska, so maz koj ja maltretira i fizicki i psihicki i na koja vo ocajot da se spasi i paga na pamet da se napie lekovi za da predizvika spontan, i velis rodi go deteto grev e, se ke se resi
e sto e toa sto ke se resi
so dve deca polesno ke najde rabota
so dve deca poevtino ke ja cini zivotot
so dve deca mazot i poveke ke ja saka i ke prestane da ja maltretira

navredlivo mi e nekoj koj decenija se bori so sterilitet koj edvaj ceka da dobie dete i koj se ke napravi toj son da go ostvari da tvrdi deka nikogas ne bi abortiral, pa fala bogu deka nema
bas bi bilo paradoksalno da kopas so race i noze da zacnes i potoa da posakas da abortiras

vi ja svakam bolkata za dete i vi posakuvam na site od istata da se oslobodite sto poskoro i da si gi dobiete decinjata sto si gi posakuvate, no svatete i vie deka lugeto koi ne ja pocuvstvuvale taa bolka ne ziveat rozovi zivoti i imaat problemi koi im se isto tolku teski i bolni i deka se ponekogas primorani da pravat raboti koi vam vi se nezamislivi zaradi bolkata i bremeto koe vie go nosite, no tie zaradi svojata bolka i breme se primorani da napravat i nekoi neprijatni izbori

za nasa zalost zivotot nikogo ne posteduva i site po malku ne nagraduva i po malku ne kaznuva pa sto komu ke zapadne

Ana mari maz ti bi se soglasil li da abortiras, moze li so nego da se razgovara na tema abortus, razvod?
Dali bi ti dozvolil da se vratis vo MK kaj tvoite so deteto ako se razvedete?
Go zboruvas li jazikot na drzavata vo koja zivees, dali mozes da najdes rabota, so platata koja bi ja imala bi mozela li sama da iznajmuvas stan i da imas za osnovni trosoci i hrana?
Deteto mozes li da go zapises vo gradinka ako se vrabotis, kolkavi bi ti bile trosocite za toa i prvo i osnovno dali ima tamu kaj sto zivees takov vid na zgrizuvanje deca?

uste ednas ke povtoram nemoj da si igras so zivotot i da pies lekovi ili na bilo koj drug nacin da predizvikuvas spontan, pozajmi pari, baraj od tvoite, od prijateli komsii, kako god, nekako snajdi se i pojdi na ginekolog, raskazi mu gi pricinite za abortus i ako se resis napravi go toa vo bolnica
pa ponatamu ke si go sreduvas zivotot, nemoj nagli odluki da donesuvas ubavo razmisli sto mozes da napravis a za sto treba da pocekas popovolen moment
koj god pat da go odberes te ocekuva bitka, nisto nema da bide lesno, no ako ti e celta sreden i sreken zivot, togas vredi sekoja maka i sekoja zrtva koja ke moras da ja napravis

So sreka!





\




vezilka RR -> RE: Абортус - да или не? (30.7.2014 1:38:13)

Јас досега не сум чула некој од азган да абортира. И како го замислувате тоа абортирање од азбан? Демек немам што друго да правам, па ај ќе абортирам! Важи за сите дека треба да се бираат зборовите на форумов, а не еднонасочно. Со муабетот за азган абортус сигурно една дузина жени ќе се најдат навредени, а и тоа е деликатна тема.

А а мари, никако не смееш на своја рака да земаш лекови за да предизвикаш абортус. Само медицинско лице смее да го стори тоа на безбеден начин и во контролирани услови. Јас би ти советувала да појдеш на гинеколог и да разговараш за ова. Иначе тотално се сложувам дека во ситуацијава во која се наоѓаш не ти треба уште едно дете.

Прашањето на ана мари по милионити пат ми потврди дека постапката на абортус МОРА да биде лесно достапна на секоја жена, секаде во светот, за да нема вакви прашања.




Defne90 RR -> RE: Абортус - да или не? (30.7.2014 1:56:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: ana mari

zenski kazete mi dali ako pijam lekovi ke go izgubam bebevo 8 nedela sum trudna ne sakam da go rodam ve molam ako nekoja znae neka piseeee

Ана мари никој не може да знае подобро од тебе како се чувствуваш во овој момент.ти најубаво си ги знаеш своите маки и стравови.Ти најубаво знаеш дали треба да го задржиш детето или не.Јас сум сигурна дека ни тебе не ти е сеедно што ете едноставно ситуацијата во која се наоќаш ти налага да го абортираш тоа дете.Ама никако немој да пробуваш такви опасни методи кои можат да ти направат многу здравствени проблеми.Земањето апчиња на своја рака и те како е опасно по животот и на мајката и на нероденото дете,но не мора да значи и дека ќе го абортираш така.Може само да му создадеш деформитет и после да мора да го родиш затоа што нема да имаш повеќе време за абортус.И така ќе си закачиш уште поголема белја на глава.А и да успееш да го абортираш така ти си размислувала ли за последиците кои што можат да бидат опасни по твојот живот.Размисли,ти имаш веќе едно дете на кое си му потребна жива и здрава.Подобро појди на гинеколог и распрашај се убаво како може да се изврши тоа.Само побрзај доколку си решена веќе да го абортираш детето затоа што времето минува.Јас ти посакувам многу среќа и дај боже се да заврши добро за тебе.




miana -> RE: Абортус - да или не? (30.7.2014 10:32:14)

Ima i od azgan sto abortiraat Vezilke, veruvala ili ne. Si go pravat keifot i ne razmisluva dali ke ima posledicci. Jas brv svedok pred 7 godini na GAK dojde edna mlada makedonka po nacionalnost, za abortus. Mojot togasen doktor trebase da ja cisti. Koga ja vide stavi race na glava i pocna da vika - ti pak dojde? Ne mi se veruva devojce sto pravis ti? Sekoj mesec mi doagas na ciistenje, dali si normalna? Jas poveke ne te fakam, neka te cisti nekoj drug, ...... znaci lom ja napravi!!! E taa od sto abortirala? Nemazena bese, mu raskazuvala na mm dodeka me cekase nadvor!!! Ima sekakvi zeni a posledniot post na Niki ubavo objasni mnogu rraboti! Ana mari pisi ni kako si? Sto odluci? Pozdrav




scared RR -> RE: Абортус - да или не? (30.7.2014 10:38:48)

Jas vo nieden moment ne rekov deka kapina e vo pravo i rekov deka ako ima pricina zenata treba da abortira. Samo voopsto ne ti bese na mesto toa sto go kaza, jas se oset_iv zasegnata pa ne kapina, na zena koja se bori so neplodnost ne treba da se pomisli toa da i se kaze deka moze nema da ima deca, sakase primer da dades ama malce predizvikuvase bolka toj primer. No vo red e se razbravme :)
I da ima od azgan sto abortiraat, ima tolku mnogu zastita na denesnicava, tie ne koristat si go pravat keifot posle bidnalo dete pa ke prasuvaat po forumine na koja klinika da se cistat.
Koleska na majka mi 11 pati imase abortirano kako uste e ziva zenana jas neznam. Toa ne e od azgan? [sm=zmeden.gif] I da mozebi za nekoj abortusot e delikatna tema, ama ne tolku bolna i teska kako sterilitetot i borbata po bolnickite hodnici za bebe.




Hopeful RR -> RE: Абортус - да или не? (30.7.2014 11:59:34)

Иако секој си има свои маки во животот, треба да се потрудиме да ги согледаме објективно работите. Абортусот е цивилизациска придобивка за жената и кога таа тоа го сака, сеедно дали од потреба или од азган, треба да и се овозможи да го направи во безбедни услови, и сама да се соочи со последиците ако го прави тоа по 10 или 11 пат.

Иако јас се борам со неплодност, знам жени што јасно и гласно изјавуваат дека воопшто не сакаат деца во животот. Мене тоа ми е незамисливо и мислам свашта за нив, но сепак тоа е нивна работа. Не сакам мене некој да ми соли памет, и затоа не го правам тоа ни јас - во случајов претераа и Капина, и Ники. Ниедна нема право и слобода да дава памет со тешки зборови (не абортирај/може нема да имаш деца) на некој што не го познава и што не му е близок за да му ја знае животната ситуација.

Како и да е, Ана Мари, ако си решила, немој да правиш глупост и на своја рака да мислиш дека ќе го решиш тоа, имаш поголема обврска кон себе и кон првото дете. Во секој случај, треба да бидеш свесна дека ако не ти одговара животната ситуација како што ја опишуваш, овој абортус нема да биде доволен и треба да преземеш посериозни чекори за да бидеш ок. Ти посакувам среќа и пиши ни како ќе одлучиш!




Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>