Anonimen -> RE: Абортус - да или не? (5.6.2016 22:11:57)
|
И јас ќе пишувам анонимно зашто и јас сум членка на форумот и пред две недели бев во истата ситуација, прекинав трета непланирана бременост, затоа Што не се чувствував психички спремна пред се, мали ми се децата едвај издржувам со две, ако родев уште едно мислам дека нема да можев да го издржам и ќе беше загрозено не само третото туку и овие две што ги имам. Финансиите можеби додека се мали се издржуваат но треба да се мисли и за понатаму на тие деца треба да му се овозможи школување, живеалиште итн. Значи не е работата само роди ме мајко и фрли ме на улица. Така да анонимна те разбирам и те поддржувам целосно со твојата одлука, тешка одлука е, сега по малку ми е криво и понекогаш помислувам дека може не ја донесов вистинската одлука, но кога ќе се преиспитам и ќе ги погледнам овие деца што ги имам, знам дека не е така, зашто со уште едно дете ќе им беа и нив скратени некои работи. Само не можам да разберам, каква врска има тие што не можат да имаат деца, со овие што абортираат, и да не го абортира, тоа нема да смени ништо кај тие што не можат да имаат. Јас единствено се лутев на Господ зошто некои толку се мачат за дете, а кај некои што не сакаат толку брзо се фаќа, но тоа не е наша работа. Што се однесува до киретажата, најнов начин сега е со таблети за абортус, прашај си за нив, зашто е наједноставно со нив. Една таблета се пие и по 24 часа се става уште една вагинално и таа предизвикува нешто како спонтан абортус, односно со крвавење се исфрла плодот и после ако има потреба да исчистат уште малку. Значи со оваа метода нема анестезии ништо, во светот се користи одамна, а кај нас поретко. Јас имав закажано со локална, меѓутоа сум два пати царски и тие ми предложија со таблета. Е сега кај мене за жал се искомплицира, мојот организам не ја прифати таблетата, не делуваше и на крај се заврши со целосна анестезија. Инаку овие таблети успеваат во 98% но ете јас бев во тие 2%. Јас за првото дете не се отварав, примив 3 инекции за провокација и ништо на крај ме направија царски, што значи кај мене не делуваат такви таблети. Прашај ги докторите, разговарај, ако си немала проблем при породувањето тогаш направи го со таблета, ако не со целосна анестезија.
|
|
|
|