Natuska85 -> RE: слабеење (4.1.2012 12:38:10)
|
Месечева (лунарна) диета 2012 Месечевата диета е течна диета. Треба да ја започнете кога Месечината навлегува во определена фаза (раководете се според табелата дадена подолу) и да ја завршите 24 часа подоцна. За време на диетата се препорачува да испиете 2-4 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумацијата на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот. Оваа диета го прочистува организмот од токсините и од задржаните течности. За време на 24-часовниот пост може да изгубите од 1 до 3 килограми. Ако ја држите диетата еднаш месечно, внимавајте што јадете во останатиот дел од месецот. Кога Месечината расте, консумирајте помалку храна, а кога Месечината се намалува (опаѓа), можете да си дозволите повеќе задоволство од храната. Најчесто се практикува придржување кон диетата 2 пати месечно – кога Месечината е полна и кога Месечината е млада. Но, вие можете да си изберете да ја држите само еднаш месечно. Ако се одлучите за еден ден месечно, препорачливо е тоа да биде на млада Месечина. Некои луѓе ја практикуваат оваа диета и за време на четирите фази на Месечината, т.е. четири пати месечно по 24 часа, со цел да не си ги вратат изгубените килограми. Месечевата диета му помага на организмот да се ослободи од натрупаните токсини и полесно да се бори против болести. Ако немате посериозни здравствени проблеми, тогаш оваа диета не може да ви наштети. Сепак, се препорачува консултација со лекар. Месечеви фази во 2012 година (за Македонија) Јануари 01.01.2012, 07:14 – прва четвртина 09.01.2012, 08:30 – полна месечина 16.01.2012, 10:08 – последна четвртина 23.01.2012, 08:39 – млада месечина 31.01.2012, 05:10 – прва четвртина Февруари 07.02.2012, 22:54 – полна месечина 14.02.2012, 18:04 – последна четвртина 21.02.2012, 23:35 – млада месечина Март 01.03.2012, 02:22 – прва четвртина 08.03.2012, 10:40 – полна месечина 15.03.2012, 02:25 – последна четвртина 22.03.2012, 15:37 – млада месечина 30.03.2012, 21:41 – прва четвртина Април 06.04.2012, 21:19 – полна месечина 13.04.2012, 12:50 – последна четвртина 21.04.2012, 09:19 – млада месечина 29.04.2012, 11:58 – прва четвртина Мај 06.05.2012, 05:35 – полна месечина 12.05.2012, 23:47 – последна четвртина 21.05.2012, 01:47 – млада месечина 28.05.2012, 22:16 – прва четвртина Јуни 04.06.2012, 13:12 – полна месечина 11.06.2012, 12:42 – последна четвртина 19.06.2012, 17:03 – млада месечина 27.06.2012, 05:31 – прва четвртина Јули 03.07.2012, 20:52 – полна месечина 11.07.2012, 03:48 – последна четвртина 19.07.2012, 06:25 – млада месечина 26.07.2012, 10:56 – прва четвртина Август 02.08.2012, 05:28 – полна месечина 09.08.2012, 20:55 – последна четвртина 17.08.2012, 17:55 – млада месечина 24.08.2012, 15:54 – прва четвртина 31.08.2012, 15:59 – полна месечина Септември 08.09.2012, 15:16 – последна четвртина 16.09.2012, 04:11 – млада месечина 22.09.2012, 21:41 – прва четвртина 30.09.2012, 05:19 – полна месечина Октомври 08.10.2012, 09:34 – последна четвртина 15.10.2012, 14:03 – млада месечина 22.10.2012, 05:32 – прва четвртина 29.10.2012, 20:50 – полна месечина Ноември 07.11.2012, 01:36 – последна четвртина 13.11.2012, 23:08 – млада месечина 20.11.2012, 15:32 – прва четвртина 28.11.2012, 15:46 – полна месечина Декември 06.12.2012, 16:32 – последна четвртина 13.12.2012, 09:42 – млада месечина 20.12.2012, 06:19 – прва четвртина 28.12.2012, 11:22 – полна месечина Извор: Фемина.мк
|
|
|
|