Luci -> RE: слабеење (9.3.2012 10:17:24)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: boomerang ДИЕТА ЗА 15 ДЕНА (од болница-Кардиологија) Доручекот е ист во текот на 15 дена, а се состои од 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, не смее банана и грозје) двопек, шоља кафе или чај без шеќер. 1. ден Ручек 1 портокал 1 варено јајце 1 канче кисело млеко Вечера 2 домати или 2 дл. варени домати 2 варени јајца 1/2 главица зелена салата или краставица 2 двопек 2. ден Ручек 1 портокал 1 варено јајце 1 канче кисело млеко Вечера 125 гр.варено телешко месо 1 домат 1 портокал 1 двопек 1 шоља чај или кафе без шеќер 3. ден Ручек 1 портокал 1 варено јајце 1 канче кисело млеко 1 главица зелена салата или краставица Вечера 125 гр. варено телешко месо 1 портокал 1 двопек 1 шоља чај или кафе без шеќер 4. ден Ручек 125 гр. кравјо сирење 1 домат 1 двопек Вечера 125 гр. варено телешко месо 2 домати 1 јаболко 1 двопек 5. ден Ручек 200гр.варено месо или риба 1 домат 1 двопек Вечера 1/2 кг. варен зеленчук (морков, грашок, компир) 1 варено јајце 1 двопек НАПОМЕНА: Месото и варениот зеленчук се зачинуваат со вегета. 6. и 7. ден се без диета. За време на диетата не се пие алкохол. После 5-тиот ден се губат 2,5 до 5 кг, а по два дена пауза диетата се повторува 3 пати (5 дена + 2 дена пауза) и се губат без последици по здравјето 15 кг. Килограмите нема да се вратат доколку по завршувањето на диетата јадете нормално освен секој понеделник. Во понеделниците треба да се консумира: Доручек: 1 чаша сок од лимон без шеќер Ручек: 1 јаболко,1 двопек Вечера: 1 варено јајце,1 домат,1 двопек Сите наведени намирници може да се земаат топли или ладни, но важно е да се земаат по наведениот редослед и да не се изостави ниту една. Ако не се земаат по редослед или ако се промени некоја намирница, нема да се постигне саканиот ефект. Јас ја почнувам оваа од понеделник, баш да видам како ќе терам. Ќе ја испринтам сега и ќе ја залепам на монитор ан работа и на фрижидерот дома
|
|
|
|