mamicki -> RE: слабеење (26.3.2012 14:14:10)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: blond Откако тргнав на работа, за еден месец ставив околу 6 кг. Кажете како да ги одбијам јадениците на работа????[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif] Кога сите околу мене постојано нешто грицкаат. Едноставно речи- не![sm=jezicek.gif] Шала на страна, најзезнат период за товење по бременост, ако не си се утовил за време на бременоста [sm=smiley36.gif], е периодот кога ќе почнеш да го одбиваш детето од доење. Навиката да си ручкаш малку повеќе е присутна, а потребата од зголемен внес на калории ја немa, и ете ти беља. Ова од лично искуство. На првиот роденден од мојот прв син тежев повеќе отколку на пораѓајот! Тој цицаше 8 месеца, а потоа јас се надув како со цевка да ме дуеле! Па една ригорозна диета, по мое, без јаглехидрати, без маснотии, само на зеленчук, по малку овошје и по малку мевце- за 4 месеца симнав 25 кг! Работата беше- или јас, или салцето! Не да ми беше лошо, не притисок и шеќер да ми паѓаа, ама кога се заинаетив! Уф! Сега немам толку цврст карактер [sm=jezicek.gif] ама немам ниту 25 кг вишок, фала Богу, инаку до гроб ќе си ги носев [sm=smiley13.gif]
|
|
|
|