RE: Осип, црвенило на детската кожа (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


BEBICA -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (31.3.2010 14:15:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly_13215

e bebica bas mi e zal sto se slucilo toa znaci sepak gabickata se prosiila iti so pavlovicevata ubavo si na nahranila , nema vrska ubavo sto si se videla so dermatolog i ubavo ti kazal za da iscesne kompletno treba uste 10 dena za da ne se povtrori istot, pozdrav i ne se sekiraj site taka bi izreagirale koga se raboti za nivnite deca, p.s kaj koj doktor dermatolog ja noses


Draga moja Nataly jas ziveam vo Belgrad.Sepak fala ti na sovetite.Mnoooogu mi znacea.
Inaku sega veke tret den kako ja mackam so kremata i eve mestoto e rozevo i plus gabickite skoro se neprimetni oni se smirija.Sega uste i crvenilovo.Se nadevam deka za nedela dena se ke projde.
Fala uste ednas.




profesorica -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (31.3.2010 14:26:59)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] за нашиот дерматолог од ремедика Натали(Наташа)

бебица не се секирај сега барем знаеш како да постапиш откако се објаснивте со докторката

бакни ја мони од мене еднаш[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




BEBICA -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (31.3.2010 14:34:37)

Ubavo e sto imame dermatolog na ringeraja se nadevam deka ke pomogne na site nas.Inaku eve vednas ja baknav Moni.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (6.4.2010 12:39:28)

Еве баш како што објаснува Бебица, истото се појави и кај нас... минатата недела кога бевме кај матичната (пошто ми кашлаше) го виде и кажа дека не е ништо сериозно, обично црвенило да го мачкам со креми на база на цинк оксид... и што уште не пробавме Мустела, Пенатен, Еозин го измивав со калиум перманганат, дури и со Флогоцид го мачкав, се повлекуваше ноќта, а преку ден пак се појавуваше... и + што почна нон стоп да оди дополнително се иритираше... се до завчера кога ептен дури и гнојаници со појавија, и го однесов на дерматолог (добро што не прими дека празници, арно што е пријателка на мајка ми) и ни препиша Белогент и измивање само со млака вода и испирање на крај со калиум перманганат... се исплашив зашто во сета збрка му се појавија и брумчиња на обравчето, се мислам дека е од беланецот што му го давале на крштевка бевме во недела, додека се завртев го ранат со беланец, ептен збеснав, јас десет пат се мислам пред да му дадам нешто, со некој ќе го оставам 2 минути и одма ќе ми направат проблем[sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif][sm=hudicek1.gif]




BEBICA -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (6.4.2010 12:49:33)

Ripce draga moja ne se sekiraj eve kaj Monika skoro se povlece.Dolgo trae eve veke 8 dena no se povlekuva.Ne se sekiraj i ja se nervirav mnooogu no eve se povlekuva.
Toa e zlato gabicna infekcija.Kako sto veke pisav od obicen pelenski osip preku nok preoga vo gabocna infekcija.
Samo pocesto odmivuvanje.





ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (6.4.2010 12:58:43)

Најмалку двапати (сабајле кога станува и пие млеко, кака и после право го мијам, избегнувам влажни марамици и навечер пред спиење), и + пошто уште сме со пелени, а ни рекоа да ги исфрлиме додека има црвенило и да носиме памучни гаќички што е невозможно зашто за 2 часа имам еден куп алишта за перење, се сетив да му ставам тетра пелена па одозгора памперс да не пропушта. на саат време го пресоблекувам.




BEBICA -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (6.4.2010 13:05:31)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Најмалку двапати (сабајле кога станува и пие млеко, кака и после право го мијам, избегнувам влажни марамици и навечер пред спиење), и + пошто уште сме со пелени, а ни рекоа да ги исфрлиме додека има црвенило и да носиме памучни гаќички што е невозможно зашто за 2 часа имам еден куп алишта за перење, се сетив да му ставам тетра пелена па одозгора памперс да не пропушта. на саат време го пресоблекувам.


Of ripce znam kako ti e.Vlazni maramici nikako i potrudise da bide mestoto skroz suvo duri i so fen susigo mestoto, za ova sum ozbilna posto nieden peskir ne dosusuva kako treba, a vlagata e pogodna za razmnozuvanje na gabickite i kontaktno t.e. pri dopir se prenesuva taka da da ne se faka slucajno dole so racinjata.
A za alista ne mi kazuvaj, mojava samo za spienje i nadvor nosi peleni i na sekoj saat na noksir ja stavam.
A alista eden kup posto mi se slucuva da  ne ja fatam i samo ke se podmoca malce, pak samo za perenje.Gledaj toa sto nosi da bide 100% pamucno.
Dobro e sto ne gi cesa toa e dobro.A toa ke projde no ke treba vreme mila.




ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 14:50:19)

Луѓе уште мака мачиме со осипот... веќе втора недела... ставаме антибиотска маст Белогент, се миеме по неколку пати, памперсот го исфрливме,ставаме само тетра пелени и па исто. Божем се подобри сега пак исто ,е во таа мера како претходно ама пак го има. Перам секојден пелени постелина, бањарки, пиџами, боди, пеглам и пак исто. Веќе не сум паметна што да правам... утре пак сме на контрола кај дерматологот.




mis. -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 15:11:38)

Рипче а пиевте антибиотик сируп?Мислам дека маста нема да ви помогне.Намачкај го со памук хиперманган концентриран растворен во малку вода за дезинфекција.Јас мислам дека и сируп треба да пиете исто беше и кај нас и со антрибиотик сируп помина.




ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 15:20:21)

Да пиевме Алмацин, го измивам со хиперманган на крај, кога ќе го измијам со млака вода, сапун/купка не користам, да не ја иритирам кожата уште толку. Затоа ви велам не сум паметна веќе што да правам. Сега се мислам дали да отидам до аптека да земам Пантексол (што мислите подобро маст или крема) да пробам, на своја рака, ама очајна сум веќе, а читам дека Пантексолот е за пеленски осип, дури и оној кога има ранички. А да читав и на Белогентот (Гентамицинот) кој го мачкаме цела недела, а на упатството пишува дека кај деца употребата треба да се ограничи на најкус можен рок... последиците од долготрајна употреба се прилично застрашувачки. Затоа сум решена да не го мачкам веќе и + ефект имаше во почетокот сега не гледам ефекти.




BEBICA -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 15:25:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Луѓе уште мака мачиме со осипот... веќе втора недела... ставаме антибиотска маст Белогент, се миеме по неколку пати, памперсот го исфрливме,ставаме само тетра пелени и па исто. Божем се подобри сега пак исто ,е во таа мера како претходно ама пак го има. Перам секојден пелени постелина, бањарки, пиџами, боди, пеглам и пак исто. Веќе не сум паметна што да правам... утре пак сме на контрола кај дерматологот.


Draga ripce eve i nie se mackame samo sto kaj nas se povlece no po povlekuvanjeto uste desetina dena mora da se mackame.Kakva diagnoza vi kaza dermatologot?
Ova kaj nas trae eve tri nedeli, posle dve nedeli se pojavi podobruvanje znaci povlekuvanje i eve sega e normalna kozata no moram pak da ja mackam ima uste na edno mesto malku kako potemno kafeavo no morame da se mackame posto kako sto pisav gore od obicen pelenski osip ispadna gabicna infekcija koja normalno vikat deka e mnogu dosadna i mnooogu treba da se pazi.
Edna dobra rabota kaj nas e sto Monika pocna da vika kaka taka da sme samo po gakicki sem za spienje.
A vo cetvrtok nie sme na kontrola.
Ke projde ke vidis mila.




BEBICA -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 15:29:55)

Ripce panteksolot ne veruvam deka ke ti pomogne no nemoj na svoja raka, posto ja se izgorev taka so Monika dodeka ne otidov na lekar.
Posle odmivanjeto ako treba susi so fen mila ja taka pravam.Inaku Panteksolot sodrzi pantenol koj nema nekoj golem efekt na ovakvo nesto koe e kako sto kazuvas isto kako kaj Zoki taka i kaj Monika.
Mozes cisto da go prasas utre dermatologot za ova sto nie go koristime
DAKTANOL krema ona e uspesna da no desednevna terapija e.samo vo konsultacija so lekar nemoj na svoja raka.Veruvaj znam kolku si ocajna, no veruvajmi i toa nema da projde preku nok.Treba vreme i debeli zivci.Znam kako ti e.




nadica -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 15:42:12)

рипче почекај мила па утре сте на контрола и ние имавме проблем и користевме белогент ама во комбинација со уште една маст на која и го заборавив името ама и нас ни требаше отприлика 1 месец за да се рехабилитира и заздрави




ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 15:46:49)

колку време користевте белогент? ние веќе една недела, 2 пакувања потрошивме




mis. -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 15:49:06)

А хлорамфеникол сте пробале тој за ндворешна употреба што е црвениот?




nataly_13215 -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 15:56:24)

ripce molim te da otides kaj dermatolog i ne apliciraj nisto dodeka ne go vidi dermatolog,te molam zatoa sto so takvi raboti ne se igra na svoja raka.ako ti treba nesto slobodno mozes da me kontaktiras posto sum na specijalizacija po kozno.pozdrav




Палешка РР -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 16:19:04)


Марио го мачкам неколку години со Белогент на рацете заради егземата, но маста не само што содржи гентамицин, туку содржи и кортикостероиди..и не смее да се става под оклузивен завој, што значи ни под памперс (плус таму кожата е нон-стоп како влажна) И повеќе од една маст месечно не мачкам, така ми рече кожниот лекар.
Леле, не сум паметна што да кажам, одете пак на кожен лекар и мој совет ти е да ја прекинеш таа маст рипче.




ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 17:10:31)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly_13215

ripce molim te da otides kaj dermatolog i ne apliciraj nisto dodeka ne go vidi dermatolog,te molam zatoa sto so takvi raboti ne se igra na svoja raka.ako ti treba nesto slobodno mozes da me kontaktiras posto sum na specijalizacija po kozno.pozdrav


бев кај дерматолог, во неделата на Велигден и ни даде Белогент, во петокот на контрола ни рече да го продолжиме, и да премачкуваме со Еозин, јас веќе немам намера да ставам Белогент, страв ми е читав последиците се застрашувачки. Многу се исплашив [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




nataly_13215 -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 17:17:55)

ripce kaj koj doktori ides i ne se sekiraj znaci od ednas nisto ne se slucuva tao se misli za podolgo trajna upotreba i pocesta aplikacija zaradi toa se tie pretpazlivi merki.aj napisi mi se sto konkretno ti se javi i kaj e locirano ok




ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 17:23:39)

јас сум од Штип. го носев на кожно кај нас во болница.
Се јавија прво на курето неколку брумчиња, го носевме на уролог му го отвораа, и ни кажаа да го мачкаме неколку дена со хлорамфеникол маста за очи. Но за неколку дена се прошири црвенило (не брумчиња на препоните, и матичната го виде рече пеленски осип, да го мачкам со креми со цинк оксид... пенатен, мустела. но не помогна се појавија гнојаници... после тоа го однесов на кожен и таму ни ја препишаа белогентот. нема брумчиња, ни гнојаници, сега е само малку црвен на препоните онака црвенило цо круг... го мијам само со млака вода и со газичка го бришам со Еозин... маста ми е страв веќе да го мачкам... значи го мачкам со Белогентот од неделата, не вчера минатата недела... пошто во петокот го носев кај дерматологот, уште имаше брумчиња, ни рече да продолжиме до вторник со маста... утре сме на контрола.




ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 17:24:54)

Инаку ни кажа да ги тргнеме памперсот само тетра пелени да ставам.
Детето е 13ипол месеци.




nataly_13215 -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (12.4.2010 17:33:03)

aha znam kaj kogo go nosis jasno mi e znaci ne krevaj panika toa pocnalo najverojatno kako pelenski osip no poradi nakalemuvanje na bakterija imalo i gnojanici sto dr napravila dobro bidejki ti dala i antibiotik i kortikosteroid za da go smiri crveniloto i bakterisktata infekcija znaci samo slusaj go kozniot i ne se sekiraj , se se slucuva poradi postojano vlazneneje na kozata i dejstvoto na mockata na mestoto kade sto se naogaa zgolemena vlaga i toplina mnogu cesta pojava i ne se sekiraj ke vidis deka ke se povlece i ne apliciraj nesto bez preporaka od d-r na svoja raka samo ke ja vlosis sostojbata.pozdrav




ripce -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (13.4.2010 10:35:35)

Бевме од сабајле кај дерматологот...
Значи како што си мислев, и д-р рече дека жариштето е курето, кое откако му го отворија на уролог, ми дадоа хлорамфеникол, ама после 2-3 дена се појавија брумчиња, кои набрзо се проширија кон препоните, па кон газето... сега е смирено, без да и спомнам, Бебица д-р ми препиша Дактанол, и во тој момент си помислив дека вие ја мачкате истата крема. Изгледа кај нас било покомплицирано па мораше прво Белогент, сега Дактанол инаку пак ќе биде на памучни тетра пелени, измивање со калиум перманганат.




BEBICA -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (13.4.2010 14:00:22)

Eve da se javam.
bevme na pedijatar no dojde i dermatologot i dojdoa dvete do konstatacija deka celaiot problem se vo pelenite i treba hitno da gi isfrlime.
Cisto za da bideme sigurni dermatologot ni prepisa Bela mikstura alba, vo prevot, krecno mleko , talk zatoa sto kako ja ja mackav so daktonalot taka tie brumcinjata se sirea so taa razlika sto veke ne e infekcija.
poranesnoto crvenilo t.e. osipot go nemame no ni se pojavija novi koi poveke ne smeam da gi mackam sem so talkov.
Kontrola za 10 dena po potreba i porano.
Inaku ova se slucuvalo posto monika normalno sega e mnogu podvizna i debelka megu noze i se zaparuva a kozata i e mnogu preosetliva.I samo luftiranje po gakicki.
No na moeto prasanje sto da pravam za spienje posto togas moram da i stavam pelena, dermatologot mi rece samo ona musemica da zemam i da postavam vo slucaj ako se izmoca dodeka spie.
Znaci totalno isfrluvanje na pelenite inaku ova moze da se odolgoveci so meseci.
Inaku vo pravose za gakickite, koga Monika e vo gakicki nema nisto stom i stavam pelena odma se pojavuvaat.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
Taka da sega silom prilikom gi isfrluvame pelenute.




mis. -> RE: Осип, црвенило на детската кожа (13.4.2010 14:10:44)

бебица а какви пелени користеш?Вие сте еден месец постари од Стефан и некако ми е прерано да ги отфрлиш пелените целосно.Кај нас тоа е апстракна именка,но ако успеете секоја чест.




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>