RE: Вакцинирање на детето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Јаре -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 14:21:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Надица, и јас сум збунета, ама одлучив да му верувам на педијатарот, кој вели дека треба да примиме вакцини. Му верувам затоа што се школувал да лечи, се усовршувал и има години зад себе пракса и сигурно видел многу повеќе случаеви кои завршиле вака или онака, наспроти мене што немам никаква врска со медицина.
Статииве што ги поставил Јаре јас пола не ги ни разбирам кога ги читам и на македонски, а камоли на некој друг јазик, а исто така не ги разбираат и голем број од нас и затоа неможеме ни да размислуваме на темава а камоли да застапуваме некоја страна. Утре ќе се најде некој кој ќе не бомбардира со статии и факти кои се за вакцинирање и што тогаш, ајде бргу бргу на вакцина.
Дали се во игра пари, веројатно, но откаде знаеме дека и Јаре не се застапува толку против ова баш поради некоја корист нему само позната. Ова го пишувам бидејќи ја имам прочитано темата на другиот форум од почеток до крај (што тој го наведе) и имам видено колку посакува да го наметне своето влијание на другите, кога е некој толку упорен мене лично не ми се допаѓа, сепак јас имам право да изберам и да не бидам толку информирана и да верувам некому слепо.


Делот од пораките на овој форум ги пејстирав бидејки ме замоли еден член од овој. Тоа што ти не разбираш нешто не се оправдува вакцинацијата, бидејки има и други кои разбираат нешто.
И која може да ми биде користа ? Циркус! Наметнување на мислење е различно од давање на поткрепен став.
Размисли само едно. Зошто во толку напредна држава како Германија, вакциите не се задолжителни.




Јаре -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 14:24:03)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Јас одлучив да не се замарам ни со текстови ни со сајтови ни со други форуми што ги има приложено Јаре бидејќи сепак се одлучувам за вакцинирање на детето иако ми е страв од реакции.


Најлесно е да со заврти главата на другата страна.....




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 14:26:18)

секој има право на свое мислење.и секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното дете!

јас лично...за вакцинирање!




profesorica -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 14:28:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

секој има право на свое мислење.и секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното дете!

јас лично...за вакцинирање!


потпис!




mami -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 14:29:18)

Јас сум цела во прашалници и недоумица од прееска, дефинитивно му давам на мм вечер да прочита ова па да се продискутира по дома




Еца -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 15:16:12)

Епа јас лично и не сум ЗА со толкава сигурност. И знаете што само што си дојде золвата од кај фризерката, некоја комшивка останала дома, не одела на работа бидејќи се појавил проблем кај нејзиното девојче, а знете што, по примена вакцина престанало да зборува и повеќе не му удриле ниту една вакцина на детето.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]До вечер ќе се распрашам за која вакцина се работи и ќие напишам. Навистина малку повеќе ќе поработам на темата во смисла консултации со повеќе доктори. Леле и јас сум во прашалници[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




ostoun -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 15:24:48)

Sekoja vakcina ima rizik, megutoa da ne bile tie mnogu iskoreneti bolesti ne bi bile iskoreneti . Jas licno sum za vakciniranje




BEBICA -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 15:28:45)

Eve i ja sum za vakciniranje.eve vo cetvrtok Monika ja nosam da primi MMR.




niki -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 15:29:52)

А ако детето престанало да зборува од страв, а не поради дејствието на вакцината????Има деца кои се преплашени од доктори и од игли и кога веќе зборува значи се работи за дете кое има повеќе од две години и оваа реакција лесно може да се припише и на траума што можеби ја доживеало. Јас ќерка ми кога последен пат ја водев на лекар на обичен преглед, морав да ја држам и со раце и со нозе и лекарот ја држеше и толку се отимаше што едвај ја прегледа. Ако и приближеше и игла што ли ќе беше?
Ок е да добиваме информации, ама мислам дека треба да дојдат од луѓе со малку повеќе кредибилитет, а не од рекла-казала и претпоставки од родители.
И малку е нефер да се дигаат луѓето на паника само поради изолирани случаи, што е со сите оние деца кои супер ги поднесуваат вакцините и поминуваат без никакви симптоми и се даааааааааааааалеку побројни од оние кај кои некој симптом ќе се појави и никогаш не се докажува дека е баш поради вакцината, дека нема и некој друг фактор кој одиграл улога.




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 15:34:43)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki


Ок е да добиваме информации, ама мислам дека треба да дојдат од луѓе со малку повеќе кредибилитет, а не од рекла-казала и претпоставки од родители.
И малку е нефер да се дигаат луѓето на паника само поради изолирани случаи, што е со сите оние деца кои супер ги поднесуваат вакцините и поминуваат без никакви симптоми и се даааааааааааааалеку побројни од оние кај кои некој симптом ќе се појави и никогаш не се докажува дека е баш поради вакцината, дека нема и некој друг фактор кој одиграл улога.



во целост потпишувам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 16:03:07)

Добро Ники потполно си во право дека повеќето добро ги поднесуваат, но како да бидеме сигурни дека токму моето дете нема да биде во тој мал процент кај кои ке се јават компликации. Она што мене ме револтира е што пред да се вакцинираат децата можат барем крвна слика да им направат па со сигурност да се даде вакцината, барем до сега мене никој пред вакцина не ми рекол досега да се провери крв, со што по овие рабопти тоа обавезно ќе го правам, прво крв па вакцина, па како е Господ никој не е!




mami -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 16:07:04)

ма каква проверка, само на две на три ке го ѕирне дали е се ок и ајде, може на вакцина, незнам за другите али нашата педијатарка баш така прави, ужасна е..дури и се размислувам сега за следната вакцина во ноември да ја сменам, ич не и верувам..и ако не си прашам сама за вакцината ништо нема да ми кажат ни за што е, ни реакции ништо




niki -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 16:17:46)

Сигурен дека нема да биде дел од малиот процент не е никој, никој нема да ти даде гаранција ни дека ако не прими  вакцина нема да заболи од некоја болест која се поврзува со вакцините.
Нема сигурност, ко што рече мис погоре некаде, ни останува само интуиција, јас ќе додадам и среќа.
Меч со две острици е ова, буквално и кој год избор да се донесе секогаш ќе те копка и ќе постои доза на несигурност. Од иднината (каква год да е) неможеме да се заштитиме, ни да ја избегнеме.




Mamicka3 -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 16:18:46)

Е за жал и кај нас во драчево е така само надве натри и ај вакцината а ако сакаш да ја смениш неможеш,зошто само таа е и немало замена демек само она се водела како педијатар.До сега две сум изгледала па ако не побараш сам да се провери крв не те праќаат,само набрзина побргу дома да си одат, ако отидеш после 12.30 не те примаат иако раб.време им е до 15.00 ч. 




srekna mama -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 16:34:42)

ако гледаме така,тогаш многу работи се меч со две острици.ќерката на една моја другарка после настинка-вирус  доби дијабет и педијатрите поврзуваат со настинката.Исто и многу болести(мултиплекс склероза,автоимуни заболувања...)се поврзуваат со вирусни инфекции.е тука нема одлуки дали да се разболам или не-така да јас воопшто не се слагам со мнислењето за вакцините да не се примаат и како здравствен работник сум ЗА примање!!!!




Еца -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 17:41:19)

епа добро кога веќе сме За примање на вакцините зошто тогаш не поднесеме петиција за употреба на вакцини направени од изумрени компоненти од вирусот, како на пример пентаксимот кај кои вакцина по примањето нема реакции од типот висока Т, оток на местото каде е примена вакцината...а не овие со живи компоненти кои даваат реакции...дали занете дека Македонија е една од малкуте (неразвиени) земји кај кои се користат овие вакцини. Па ако треба и нека се доплатува па нека имаат родителите барем избор. Мислам веќе на големо се размислувам за оваа работа. 




Јаре -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 20:47:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: srekna mama

ако гледаме така,тогаш многу работи се меч со две острици.ќерката на една моја другарка после настинка-вирус  доби дијабет и педијатрите поврзуваат со настинката.Исто и многу болести(мултиплекс склероза,автоимуни заболувања...)се поврзуваат со вирусни инфекции.е тука нема одлуки дали да се разболам или не-така да јас воопшто не се слагам со мнислењето за вакцините да не се примаат и како здравствен работник сум ЗА примање!!!!



Токму вакцините се поврзуваат со дијабетесот на децата.




Јаре -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 20:50:03)

Список на земји каде вакцинирањето не е задолжително:

Австрија
Обединето Кралство
Германија
Шведска
Австралија
Нов Зеланд
ЈАР
Ирска
Холандија
Швајцарија
Данска
Норвешка
Исланд
Финска




Јаре -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 20:54:00)

Статистиката вели дека во Америка ( една од највакцинираните нации со се поголем тренд на вакцинирање и зголемвање на типовите на вакцини ) во 70тите години на минатиот век, имало едно заболено дете од Аутизам на 10.000 деца. Сега таа бројка изнесува 150 деца на 10.000 деца. Генетиката тука не може да се биде причинител бидејки бројката е зголемена за 150 пати.

Во 1940тите и 1950тите години аутизам имало само во средната и средно високата класа ( оние кои можеле да си приуштат да платат вакцинирање ), додека кај сиромашните слоеви немало случај.
Веке во крајот на 70тите години и 80тите години, федералната влада на Америка зацртува цел за масовни вакцинации и за да го постигне тоа се прават масовни кампањи за вакцинација ( се постига ниво на вакцинираност од 97 %) Исто така се зголемува бројот на задолжителните вакцини ( од 8 на 22 ). Размислувањата за Аутизмот после сето ова, и енормно зголемениот број на случаеви, повлекол размислување на компарација на карактеристиките на аутизмот со труење со конзервансите на вакцините. Зачудувачки слични дури и исти ефекти.

Повеке има на
http://www.know-vaccines.org/autism.html.











Јаре -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 20:58:17)

Knigata na Vens Ferel во која што има сублимтат на различни испитувања во врска со вакцините, преведена на српски.

http://www.scribd.com/doc/12304527/vakcine

За секоја информација дадена во книгата има линк од каде потекнува. Научно докажани факти од лекари, не од молери.




mis. -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 21:01:48)

Се сложувам со некои работи со јаре дека можеби и постојат некои недостатоци и негативни последици од вакцините но сведоци сме дека и ден денес умираат многу луѓе во Африка од тешки болести од кои ние сме вакцинирани.За жал таквите земји се сиромашни и неможат да си дозволат вакцинација и умираат млади,деца од тетанус,дифтерија,туберкулоза....Единствено чекаат на хуминитарна помош преку донации на вакцини да се спасат од таквите тешки неизлечиви болести.Дали сме среќници што може да си дозволиме такви вакцини или не?




niki -> RE: Вакцинирање на детето (6.10.2009 22:25:41)

И доброо, ни посочи Јаре литература да читаме, ќе се информираме, ќе се изначитаме и ќе си го промениме мислењето и ќе речеме не нечинат вакцините, нема да ги примаат нашите деца. И тогаш што? Кој ќе  биде следниот чекор, што со тоа што ќе ги заштитиме децата од штетните материи во вакцините? Кој е планот за понатаму? Кое испитување ќе потврди , во моментот кога децата, сите деца ќе престанат да се вакцинираат, дека нема да се вратат сите тие болести и нема да хараат околу и нема пак да умираат деца од нив, како што умираат сеуште по Африка, ко што умирале низ целиот свет додека не постоеле вакцините и ко што умираат сега од болести за кои сеуште нема вакцина?




haley -> RE: Вакцинирање на детето (7.10.2009 0:37:32)

И јас сум деновиве опседната со оваа тема зошто мојата мала треба да ја вакцинирам сега за месец два и тоа гледам, се мислам,читам, што е најважно за вакцинирање а што може да се прескокне.

Е сега во врска со тоа што Јаре објаснува :  ЈАре, во логиката имаш некои грешки иако сосема е сфатлив и скептицизмот , сомнежите кон целава оваа работа

Меѓутоа , ти велиш во еден дел, мислам за дифтерија,  “од 1973 нема дифтерија во македонија а се вакцинираме против неа “!

Јаре, токму со редовна и целосна  вакцинација на популацијата НИЕ како и во развиениот западен свет се отарасивме од тие болести , меѓу кои и туберкулоза која имала замав со децении .

Тоа што ја нема некоја болест тоа не значи дека  АЈ трба да престанеме да се вакцинираме.
Причината за тоа се наоѓа во фактот што во повеќе од 50% на земјинава топка тие болести сеуште ги има и убиваат луѓе.
Твоето дете, кога ќе има 15г 20год и сл. можеби ќе отиде во бразил?можеби ќе отиде во тајланд? или другти дестинации.. каде што ако оди, овие болести (вирус)се сеуште преносливи и ги има во воздухот а детето тогаш е престаро за да се вакцинира и вакцинацијата има многу помалку ефект. (затоа се вакцинираат бебиња за Хепатитис Б иако истиот можат да го добијат во тинејџерските години и подоцна)

Доволно е и утре задутре со детето да отидеш во лондон, рим,париз , да речеме туристички а таму во тие метрополи имаш постојано транзит луѓе , кои доаѓаат од африка,азија и каде све не и некои се болни од некоја од тие болести некои само носители, дали вреди да се ризикува со тоа што родителите се вакцинирани и нема да бидат подлежни за оболување од вирусот ама нивното детенце е подлежно ???

Исто така, денес е мондијализација , глобализација.. Во скопје или Македонија воопшто, денес утре имаш луѓе кои доаѓаат од егзотични краеви, од африка од каде све не и се носители на вирусот и сите деца имаат изградено антитела против болестиве ама твоето нема да има и ке биде подлежно да го фати вирусот.

Поради овие причини вакцинацијата е важна но истата носи ризици.  Ризиците сепак мораме да признаеме се мали инаку од цел спектар на пријатели , роднини што ги знаете од вашата мала возраст до сега , ќе имало барем 1 или 2 случаи на аутизам после вакцинирање, а се кладам дека -немате примери во вашата блиска и далечна околина.

Во спротивно, ние како мала сиромашна земја, република во тогашна сфрј, ќе имавме епидемија на аутизам и само за тоа ќе се збореше, зошто ако во америка вакцините имаат алуминиум и други метали кои го нарушуваат нервниот систем(или што и да е) тогаш што останува пак за нас, кои сме биле и сме  стопати зад стандардот на америка и сериозноста на нивните научници и лаборатории?

Ова е некое мое резонирање на темава а инаку и јас сум скептик, и внимателно читам се информирам за вакциниве , кои може да се избегнат кои не.   Во Германија вакцинирањето е според волјата, меѓутоа и во канада и америка и англија и други модерни земји.  Ако не сакаш да вакцинираш дете пополнуваш еден лист , го потпишуваш , најчесто демек ради религиозни причини и крши глава понатаму ;таков  им е пристапот, .. зошто ако детето оболи како мало или возрасно , ќе те кошта многу пари за лечење, интезивни неги ,карантини а за популацијата и нема некоја опасност зошто во главно се вакцинирани .. 







srekna mama -> RE: Вакцинирање на детето (7.10.2009 7:01:47)

http://activities.scimedmedia.com/pid-medscape/читајте и размислете,не сум сигурна дали овде пишува за поврзаност на вакцини со аутизам,ама ке проверам,ако треба накнадно ке пишам




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (7.10.2009 9:01:46)

Но, многу поважно е дека во Америка конкретно, смртноста кај деца до 7 год. возраст како последица на менингитис поредизвикан од Хиб, е намалена дури 90%.Во Америка и Канада истата е задолжителна (ревакцинација) кај студенти пред да се вселат во кампус. Затоа мислам дека секој кој има намера да го запишува детето во градинка, би требало да ја земе во обзир и оваа вакцина (заради заштита на сопственото дете). Бидејќи Хиб менингитисот не е нешто ретко, за жал секоја пролет слушаме за деца болни од менингитис, и за жал тешко се детектира болеста во фаза 1 бидејќи симптомите асоцираат на грип. Фаталниот исход не е единствената лоша последица на менингитисот (овој тип).




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>