RE: Вакцинирање на детето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


big_mama817 -> RE: Вакцинирање на детето (22.10.2009 10:26:46)

да и немав никаква инфекција




srekna mama -> RE: Вакцинирање на детето (28.10.2009 17:35:14)

ние денес се вакциниравме-втора доза Ди Те пер,па само гледам како е-сега засега е ок-Дај Боже да е добро и понатаму




profesorica -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 9:13:46)

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Jas sum mnogu zbuneta po ova prasanje.Dali da ja vakciniram Monika protiv sviskiot grip ili ne?
Pedijatarot mi predlozi no seuste se razmisluvam.Kakvi se vasite razmisluvanja na ovaa tema?
I dali voopsto bi go vakcinirale vaseto dete protiv svinskiot grip?





mis. -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:00:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Докторите нека предложуваат што сакаат, јас нема да дозволам моите деца да бидат вакцинирани со оваа вакцина. Причините се и повеќе од јасни.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

и јас исто...и онака веќе се мислам за редовните вакцини а не па за овие излезени од фабрика грипови..за моето дете- не фала

ИЗВОРНА ПОРАКА: anica

Причините се и повеќе од јасни.


Додека ништо не е доволно испитано, мислам дека подобро е да не се прима... повеќе од јасно е дека негативните ефекти можат да бидат поголеми од користа

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

И јас сум против!!!

ИЗВОРНА ПОРАКА: Natasha5

против

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Fala sto go podelivte svoeto mislenje.Veruvajte mi mnogu mi znaci.


ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Fala sto go podelivte svoeto mislenje so mene.Sega mi e poveke od jasno deka nema da ja vakcinam Monika.





mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:21:54)

во никој случај нема да го вакцинирам!




Mila na mama -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:29:33)

И јас немам намера да ја вакцинирам Мила против свински грип. Мислам дека со превентивни мерки,а и со оглед на тоа дека не доаѓа во допир со многу луѓе па не верувам дека ќе го фати. Инаку еве пројде и октомври а предвидувањата за експанзија на епидемијата не се остварија така што свинскиот грип и вакцината сметам дека беше само одлична финансиска трансакција.




mis. -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:41:54)

Се согласувам со мила ма мама во целост.




Mammy -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:43:41)

Мамички, едно прашање - бидејќи на Арман денес ќе му отвориме матичен педијатар, дали вакцинирањето се врши кај матичниот педијатар?
Првата вакцина му беше во Систина, таму го носиме, ама ни рекоа дека останатите не може таму да ги прима бидејќи немаат дозвола за тоа.




mami -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:48:49)

мамму, зависи кој ви е матичен педијатар, прашај си го него дали става вакцини или ке треба да го носите во Букурешти или Јане сандански. Нашиот во Бутел вакцинира, но братучетка ми ги носат децата на приватен и вакцините ги примаат во Јане Сандански




Mammy -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:49:56)

Фала ти мами..од тебе и најбрзо очекував одговор [sm=bravo.gif]




mis. -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:49:58)

Во амбулантата кај што јас ги носам децата има педијатрија со два влеза.Едниот влез е за болни деца а другиот за здрави деца за имунизација и совети за исхрана.Прашај како е во амбулантата кај што ќе решиш ти да го носиш,може е исто како кај нас.Јас го носам во сингелич.




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:50:29)

Парацетамолот ги намалува ефектите од вакцината

Температурата после рутинското вакцинирање на бебињата не треба да се симнува со парацетамол, бидејќи се намалува ефектот на вакцината, тврдат чешките експерти.
 
Иако во принцип ја ограничува треската после вакцинирањето, парацетамолот го намалува и имунолошкиот одговор на организмот на детето на некои антигени од вакцината. Од овие причини, експертите велат дека антипиретиците не би требало да рутински да се препорачуваат во вакви случаи, без притоа внимателно да се одмери ползата и ризикот.

Ваквите тврдења се базираат врз проучување на 260 бебиња, кои минале низ рутинско вакцинирање. Во првите 24 часа по примањето на вакцината, половина од бебињата на шест до осум часа добивала три дози парацетамол, додека другата не.

Врз основа на концентрација на антителата, утврдено е дека кај децата од првата група е намален ефектот од вакцината против хемофилична инфлуенца тип Б, тетанус и пнеумокока.

Причините сè уште не се познати, но експертите претпоставуваат дека тоа е поради особината на лекот да ги спречува воспалителните процеси.




е ова не сум го знаела!?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




profesorica -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 10:56:53)

и јас не сум знаела.
а затоа викаат над 38 да се дава Далерон а инаку не.




mis. -> RE: Вакцинирање на детето (29.10.2009 23:23:10)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kapsarovb

Наместо вакцина пробајте да го храните детето со храна збогатена со витамин D, повеќе време на сонце и што повеќе овошје и зеленчук свеж.

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Ne e problemot vo jadenjeto.eve vo Srbija veke dve deca se zarazeni od svinskiot grip.

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

svinskiot grip go ima i vo vozduhot koj go diseme.Dzabeti hrana koga mozes da se zarazis.Ja se slozuvam so tebe kapsarovb deka treba da se dava hramna polna so vitamini no toa niedno dete nema da go zastiti od svinskiot grip.Ako nedaj boze bide vo dopir so nego ili so nekoj zarazen.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Сани

јас мислам дека сеуште не е доволно испитана не би сакала нашите милички да бидат експериментални глувчиња





mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:24:22)

сабајле во кола слушав, кога одев на работа,22 месечно бебе умрело во турција ,а еве и кај нас во ск на инфективна ,два нови случаи со симптоми на свински грип.вчера го слушав Бујар и каЖува дека се безбедни дури и за трудници[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]деца под 10 год.ке примиле една доза.
Марко ете го шмрка века недела дена,башка сите во групата во градинка се болни!?се двоумам а?!овие нашиве едно кажуваат(а ете и педијаторот)а на интернет друго!?кој ли е за верување?
ајде кажете нешто што мислите?




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:27:44)

Грчеви поради вакцина против грип
Дваесет и петгодишната американка Десире Џенингс од Вирџинија не може мирно да стои ниту да седи поради грчеви на мускулите што ги добива секогаш кога се обидува да направи некое движење.
Девојката која била професионална навивачка до неодамна била потполно здрава, а проблемите се појавиле откако ја примила вакцината против грипо.
Ова целосно ми го уништи животот. Единствено што сега можам да правам е да трчам-рекла Десире.
Збунувачки е што кога се обидува да оди или да трча внатре во куќата сите симпотми се губат.
Докторите потврдиле дека станува збор за многу ретко невролошко пореметување. Единственото решение што тие и го препорачале е ботоксот , кој повремено ги замрзнува мускулите.
Шансите за вакво нарушување како резултат на вакцината се една во милион но сепак постојат, кажале докторите но сепак ги охрабриле пациентите да не се откажуваат од вакцината.




profesorica -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:28:40)

леле а нели и за србија викаат имало многу случаи.....леле искрено незнам што да се прави!!!




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:28:56)

е ајде сега одлучете?![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:32:08)

САД ја одобри новата вакцина за А Х1Н1
Американското министерство за здравство ја одобри новата вакцина за свински грип, долгоочекуван чекор со оглед на тоа дека владата во САД сака да почне со вакцинацијата наредниот месец.
Министерот за здравство Кејтлин Себелиус соопшти дека ограничени количества од лекот ќе почне да се издаваат на почетокот на октомври, една недела порано од очекуваното.
До 15-ти октомври треба да бидат испорачани околу 45 милиони дози, а дополнително лекот ќе се произведува секоја недела.
Први ќе го добијат ризичните групи - бремените жени, младите од 6 месеци до 24 години и постарите со хронични медицински состојби.
Вакцината е еднакво безбедна како и онаа за стандардниот грип.

Германците се противат на вакцината против А Х1Н1

Претседателот на германското друштво за општа и семејна медицина Михаел Коен на лекарите им препорача да не ја даваат вакцината против новиот вирус на грипот А Х1Н1, особено не на бремените и децата, бидејќи ризикот од нив е поголем од користа, пренесува денеска германскиот печат.

Во текстот „Бунт против вакцината" неделникот „Шпигл", пред почетокот на масовната вакцинација, истакнува дека лекарите и фармаколозите предупредуваат на ризичните дополнителни супстанции што таа ги содржи.
Критичарите стравуваат дека фармацевтската индустрија намерно спроведува огромен фармаколошки експеримент, го пренесува „Дојче веле" пишувањето на „Шпигл".
Сојузната влада, министерствата и службениците од повисок ранг ќе добијат вакцини што се разликуваат од онаа што е нарачана за обичните граѓани во Германија. Нивната вакцина подобро се поднесува, нема несакани спорадични дејства бидејќи нема бустери (супстанци кои го засилуваат дејството на вакцината), а нема ниту конзерванси.
Весникот „Велт" коментира дека ова сигурно не е охрабрувачка вест за граѓанството, кое и онака не е сигурно дали да се вакцинира или не. Тоа е опасен сигнал што открива дека во земјата постојат две класи. Тоа не потсетува на Орвеловата „Животинска фарма", место каде сите се еднакви, само некои малку повеќе.
Страшното е тоа што се нарачани 200.000 вакцини за избраните највисоките службеници во земјата. На тој начин граѓаните нема да поверуваат, иако на тоа постојано ги уверуваат, дека вакцината против таканаречениот свински грип која треба да ја примат не е опасна.
Сега пораката е јасна - оваа вакцина воопшто не е така сигурна и поради тоа луѓето важни за земјата ќе добијат друга, подобра вакцина.
„За разлика од „Бакстер" вакцината која ќе ја добијат оние што се одговорни за редот и мирот во земјата, масовно ќе се вакцинира со производот на фирмата „ГлаксоСмитКлајн" која има засилувачи", пренесува „Франфуртер рундшау".
Интересно е дека и вработените во „Пол Ерлих институтот", кој ја одобри масовната употреба на вакцината, се наоѓаат на списокот на оние што ќе добијат поинаква, подобра вакцина.

извор а1


е ајде кој е помаметен!?лелел мамички кажувајте?




profesorica -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:34:12)

леле се наежив и сега???? ситуацијава со свинскиот грип станува алармантна?јас незнам што да мислам, не сакам да го вакцинирам детето ама кога ќе слушнам вака???[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:37:31)

и јас сум против ,амА ете вчера др. на Марко,ми рече да се вакцинираме и сега што да правам?![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
јас бев цврсто убедена,ама сега кога ми кажа др.  почнав да му ја мислам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]ЗБУНКА И ЦЕЛА ВО ПРАШАЛНИЦИ????????




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:49:41)

еве ја изјавата на министерот за здравство


Најновите препораки од СЗО, односно од нивниот стратешки комитет коишто вчера беа доставени, е дека вакцинирањето ќе биде еднодозно за сите над 10 години, додека за тие под 10 години засега ќе се почне со една доза, меѓутоа нема критични докази дека е доволна една доза, така што ќе чекаме уште неколку дена“, рече Бујар Османи, министер за здравство.
„Вакцината е безбедна за бремените жени, и покрај шпекулациите по медиумите дека можеби е небезбедна. Денеска е јасно потврдено од СЗО дека нема контраиндикација за бремени жени“, додаде Османи.




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:50:29)

ајде бре луге ,сама ли сум?!




profesorica -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 12:53:57)

а за деца до 10 години како??колку дози????од кај да знам дека тоа што рекле е точно и дека безбедно [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] вакцинирање против свински грип[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




kapsarovb -> RE: Вакцинирање на детето (2.11.2009 16:01:25)

  1. Како може фармацевтската компанија што ја прави вакцината да има патент за истата во 2005, кога грипот се појави во 2008!? И има за сите видови hXnX вакцини, WTF!?
  2. Каде се свињите што ја прошириле болеста низ Мексико!? - Ги нема...
  3. Цело време викаат дека има болни од свински грип, се шири во незнам какви размери, а веднаш другиот или третиот ден има информации дека не се знае од што се болни и најверојатно од обичен сезонски грип...
  4. Ако еден умрел во една држава за 1 ден од свински грип (и да е од тоа), колку умираат од пушење!?
  5. Свинскиот грип имал скоро исти симптоми како и обичниот сезонски грип (од СЗО), тогаш мислите дека во нашата држава или во некоја друга се прави некаква разлика!? (или дај пиши го свински).
  6. Светската Здраствена Огранизација препорачува да се вакцинираме од свинскиот грип, но не е задолжително.
Без сопствено истражување и потврда, немојте  да превземете некакви чекори за кои што може да зажалите подоцна. Размислете луѓе сериозно и добронамерно ви препорачувам...




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>