Јаре -> RE: Вакцинирање на детето (7.10.2009 10:10:20)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: haley И јас сум деновиве опседната со оваа тема зошто мојата мала треба да ја вакцинирам сега за месец два и тоа гледам, се мислам,читам, што е најважно за вакцинирање а што може да се прескокне. Е сега во врска со тоа што Јаре објаснува : ЈАре, во логиката имаш некои грешки иако сосема е сфатлив и скептицизмот , сомнежите кон целава оваа работа Меѓутоа , ти велиш во еден дел, мислам за дифтерија, "од 1973 нема дифтерија во македонија а се вакцинираме против неа "! Јаре, токму со редовна и целосна вакцинација на популацијата НИЕ како и во развиениот западен свет се отарасивме од тие болести , меѓу кои и туберкулоза која имала замав со децении . Тоа што ја нема некоја болест тоа не значи дека АЈ трба да престанеме да се вакцинираме. Причината за тоа се наоѓа во фактот што во повеќе од 50% на земјинава топка тие болести сеуште ги има и убиваат луѓе. Твоето дете, кога ќе има 15г 20год и сл. можеби ќе отиде во бразил?можеби ќе отиде во тајланд? или другти дестинации.. каде што ако оди, овие болести (вирус)се сеуште преносливи и ги има во воздухот а детето тогаш е престаро за да се вакцинира и вакцинацијата има многу помалку ефект. (затоа се вакцинираат бебиња за Хепатитис Б иако истиот можат да го добијат во тинејџерските години и подоцна) Доволно е и утре задутре со детето да отидеш во лондон, рим,париз , да речеме туристички а таму во тие метрополи имаш постојано транзит луѓе , кои доаѓаат од африка,азија и каде све не и некои се болни од некоја од тие болести некои само носители, дали вреди да се ризикува со тоа што родителите се вакцинирани и нема да бидат подлежни за оболување од вирусот ама нивното детенце е подлежно ??? Исто така, денес е мондијализација , глобализација.. Во скопје или Македонија воопшто, денес утре имаш луѓе кои доаѓаат од егзотични краеви, од африка од каде све не и се носители на вирусот и сите деца имаат изградено антитела против болестиве ама твоето нема да има и ке биде подлежно да го фати вирусот. Поради овие причини вакцинацијата е важна но истата носи ризици. Ризиците сепак мораме да признаеме се мали инаку од цел спектар на пријатели , роднини што ги знаете од вашата мала возраст до сега , ќе имало барем 1 или 2 случаи на аутизам после вакцинирање, а се кладам дека -немате примери во вашата блиска и далечна околина. Во спротивно, ние како мала сиромашна земја, република во тогашна сфрј, ќе имавме епидемија на аутизам и само за тоа ќе се збореше, зошто ако во америка вакцините имаат алуминиум и други метали кои го нарушуваат нервниот систем(или што и да е) тогаш што останува пак за нас, кои сме биле и сме стопати зад стандардот на америка и сериозноста на нивните научници и лаборатории? Ова е некое мое резонирање на темава а инаку и јас сум скептик, и внимателно читам се информирам за вакциниве , кои може да се избегнат кои не. Во Германија вакцинирањето е според волјата, меѓутоа и во канада и америка и англија и други модерни земји. Ако не сакаш да вакцинираш дете пополнуваш еден лист , го потпишуваш , најчесто демек ради религиозни причини и крши глава понатаму ;таков им е пристапот, .. зошто ако детето оболи како мало или возрасно , ќе те кошта многу пари за лечење, интезивни неги ,карантини а за популацијата и нема некоја опасност зошто во главно се вакцинирани .. Се извинувам што ја квотирам целосната порака на haley, но има други пораки во меѓувреме. Секаде ( ама секаде ) н нет ке ги добиеш графиконите на имуниација за поединчни болести во кои јасно се гледа дека намалувањето на болестите не е во директна зависност од вакцинирањето, односно дека вацината почнла да се применува во моментот кога светските епидемии биле во длабоко заоѓање. сами од себе, а не од вакцинирањето. Тоа што некоја болест ја нема, токму значи да престане да се вакцинра од истата. ВО времет на СФРЈ и Вариола Вера, беше воведена вакцина против болеста, па потоа тргната, бидејки немало потреба на понатамошна вакцинација. Сега парите се премногу слатки за да истото се случи за другите искоренети болести. За Тајланд..... ете што ако не отиде. Колку проценти од лугеток отидат ? Може ли тогаш ако треба да се вакцинираат пред да одат. За Хеп Б, мислам дека не потреба да се пишува за нејзината тотална бескорисност. Аутизмот не генетска болест, за нејзе напишав во претходниот пост преку пример, даден спрема релевантен извор. Изјавата што се потпишува во Германија е дека се сложуваш наризикот од вакцинација, каде што претходно си предупреден за знајните нус појави ( од кои ги споменуваат АУТИЗАМ и СИДС ) Преземи си личе ризик, потпиши па вакцинирај. Ко го презема ризикот кај нас? Ако се случи нешто сите вртат глаа и викаат, дека од вакцината гарант не е.
|
|
|
|