RE: Вакцинирање на бебето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


tincule -> RE: Вакцинирање на бебето (17.11.2014 11:50:48)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamita83

tincule, jas imav slusnato za jane sandanski slicni muabeti i zatoa ja odnesovme vo idadija, tamu zenite se mnogu ok, vnimatelni so deteto, nema guzva, i ubavo objasnuvaat koi se moznite reakcii, ti kazuvaat i kakvi oblogi treba da stavas. Nie posle taa revakcina na hep B resivme deka povekje nema da vakcinirame, zaradi rizicite od vakcinite, no i pokraj toa zenite bea krajno korektni i samo me izvestija deka treba da im odneseme izjava vo vrska so nasata odluka, za da bidat pokrieni deka ne izvestile za slednata vakcina.

Фала ти мамита мене и една другарка ми сппомна за Идадија ама скрос ја изумив. Ќе видам картончето го имам што како примила не би требало да прават проблем никаде, во секој случај фала.




Felly RR -> RE: Вакцинирање на бебето (17.11.2014 13:28:48)

Мамички, дали некој има користено Антипиреа лепенки кои се ставаат наместо облоги на местото каде е ставена вакцината? Практични се за мало бебе, зошто го лепиш и дејството му е 8-10 часа, да не мора на секое да му менуваш облоги. Исто ги користеле и за симнување на висока Т.
Има некој искуство?




sandriana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (9.12.2014 20:17:58)

Денес бебе И прими ДТПер прва доза и едното ноџе и е решето, со подливи и оток. Сега го праќам мм по лепенките Антипиреа лепенка, па ќе пишам искуство.




sandriana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (10.12.2014 9:52:23)

Во суштина Антипиреа лепенките се за симнување на температура, но нам ни помогнаа и за отоците на ноџето. Направени се како гел на лента, и содржат вода,ментол глицерол глицерол, гел мраз. Делуваат и до 12 часа. Цената им е околу 120 денари од лента.

Сакав да Ве предупредам за упатите за крвна слика што ги даваат од диспанзерот за вакцини - НЕ ВАЖАТ! Треба да се има упат од матичен лекар, инаку крвната слика во лаб.ќе ја наплатат приватно. Зошто е тоа така, не ми објаснија.




miana -> RE: Вакцинирање на бебето (10.12.2014 11:53:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Во суштина Антипиреа лепенките се за симнување на температура, но нам ни помогнаа и за отоците на ноџето. Направени се како гел на лента, и содржат вода,ментол глицерол глицерол, гел мраз. Делуваат и до 12 часа. Цената им е околу 120 денари од лента.

Сакав да Ве предупредам за упатите за крвна слика што ги даваат од диспанзерот за вакцини - НЕ ВАЖАТ! Треба да се има упат од матичен лекар, инаку крвната слика во лаб.ќе ја наплатат приватно. Зошто е тоа така, не ми објаснија.

Може да ми објасните, како може лепенка да симне температура?
Јас знам за АЛПА, може и сум досадна со ова алпава ама на сите ви ја препорачувам..Плавата алпа за облога после вакциниа...Делува како анестетик и смалува отоци веднаш..Може и вие да си ја користите да чистење на лице како тоник ( малце е јака ) ама ептен помага за отоци..
Ај за лепенкиве објаснете ве молам




sandriana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (10.12.2014 12:18:14)

Лепенкиве содржат голем процент на вода, што го стимулира процесот на евапорација на кожата, а со тоа и ладењето на телото, односно намалување на температурата.
Како се покачува телесна температура, преку кожата, така се стимулира евапорација на водата од гелните ленти, што пак предизвикува ладење на површината на кожата.




tincule -> RE: Вакцинирање на бебето (13.12.2014 8:34:21)

Ние вчера бевме на вакцина во Букурешт и можам да кажам дека нема споредба со ЈАне Сандански ептен ми е мило што ја префрлив од таму. Персоналот беше супер се да ти објаснат, секое дете си го прегледуваат, културни, нежни со децата јас бев пријатно изненадена. Вчера ја примивме ХИП и сме супер без никакви реакции и на мама и падна камен од срце што се вика [sm=smiley1.gif].Следната ни е ДТП во јануар.




Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебе (17.12.2014 14:12:34)

Денес добивме покана за вакцинирање за ММР вакцината, пишува итно и доколку не се јавиме следува парична казна. Ме интересира дали само еднаш праќаат покана и веднаш следи казна или ќе има уште некоја опомена? Ај Ве молам некој ако знае нека пише, сакам да ја одлагам вакцината уште некое време.




deluxe -> RE: Вакцинирање на бебе (17.12.2014 14:20:36)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Денес добивме покана за вакцинирање за ММР вакцината, пишува итно и доколку не се јавиме следува парична казна. Ме интересира дали само еднаш праќаат покана и веднаш следи казна или ќе има уште некоја опомена? Ај Ве молам некој ако знае нека пише, сакам да ја одлагам вакцината уште некое време.


Ilina 87 ne se plasi od pokanata,kaj nas za taa vakcina prakaa 3-4 pati.Ke si otides vo zdravstveniot dom so pokanata I ke im kazes deka deteto ti e nastinato,tie Ke si evidentiraat,ponatamu ako ti pratat ti pak izvesti gi deka deteto e nastinato i taka dodeka ne se resis da ja primite vakcinata.Ti ja kazuvam ovaa opcija dokolku sakas da ja odlozis privremeno MMR.Jas taka pravev,bidejki zimata ne e dobar period za vakcini,najdobro da si pocekas do prolet,leto.Dokolku voopsto ne sakas da ja primi,ne znam kako odi postapkata,mozebi ne treba da se pojavuvas tamu I da odlagas...najdobro ke ti kazat tie sto se upateni vo toa.
Sepak ne ocekuvaj deka ke the kaznat bez prethodno da te izvestat.Na prvo ne pisuvaat kazna a do sega ne sum sretnala roditel sto e kaznet...




mamita83 -> RE: Вакцинирање на бебе (17.12.2014 15:09:27)

Во нашата правна регулатива, Законот за заштита на правата на пациентите(1 (сл весник на РМ 82/08), исто така е усогласен со начелото на информирана согласност, и го отфрла патерналистичкиот приод. Во член членот 3 во ставовите 1-4, јасно е ставено задолжението за почитување на определбите на пациентот: Заштитата на правата на пациентите се заснова на начелата на хуманост и достапност
Начелото на хуманост се занова на:
1) почитување на личноста на човекот како хумано суштество
2) почитување на личната самоопределба
3) физичкиот и психичкиот интегритет на личноста, како и сигурноста на човекот4) почитување на приватноста на личноста
Начелото на информирана согласност е вкључена во законот во член 6 став 1 :
„Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена медицинска интервенција“
Вакцинирањето Е медицинска интервенција и тоа според член 4 став 2:
„„Медицинска интервенција” е секој преглед, третман или друга активностсо превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација штоја презема овластен здравствен работник“




Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (18.12.2014 12:19:13)

Фала многу. Јас се испаничив кога ја видов поканата, аман веќе со овие вакцини [sm=smiley13.gif]




Cvekelencule -> RE: Вакцинирање на бебето (18.12.2014 13:24:30)

Леле и мене колку ми е страв од овие вакцини не знам шо ми се случува имам три деца ама како со третово што ме фаќа паника тоа чудо едно.ние имаме 15 месеци и дури минатиот чевтрток ја примивме оваа што се прима на годината и мене ми дојде покана ако не го однесам ќе следувало казна реакција од 7 до 10 дена си викам ќе помини без реакција




tincule -> RE: Вакцинирање на бебето (18.12.2014 13:37:09)

Да казна има доколку детето не го носиш на вакцинирање воопшто за оние вакцини кои се задолжителни,треба да си однесеш документ со кој наложуваш дека не сакаш детето да ти се вакцинира, а мислам дека форсираат со оваа вакцина поради тоа што нема заинтересираност и така им стојат вакцините. На крај краева мое право е кога ќе го носам, за секоја вакцина имате право да касните најмногу 2-3 месеци. А тоа што го праќаат е чиста формалност ја бар така мислам.




tincule -> RE: Вакцинирање на бебето (18.12.2014 13:46:05)

А да и мене во Јане Сандански ми се дереа без никаква си причина зашто сум каснела демек според новиот календар што го формирале [sm=zmeden.gif]Па јас не дремам на нет секојдневно да знам дека они го менуваат од недела за недела, по стариот си бевме на време дојдени за вакцина и кога ги прашав дали воопшто има некаква последицва од тоа што сега ја носам малата а не сум ја донела месец уназад ми вика а не нема врска кога ќе ја прими вакцината[sm=zmeden.gif]Уште одозгора ме тераа за недела дена да ја носам да прими друга вакцина. Културно и реков нема проблем фала многу и покрај тоа што беа крајно некултурни, следната недела си го земав картонот и ја пријавив во Букурешт, нема шанси да го носам детето на друга вакцина додека има реакции од првата, тво Букурешт пак ми рекоа се е во ред се си е супер, нема потреба од брзање па што ако касните не е страшно еден месец. Е ај сега. Сакаат да си ги завршат нивните обврски и да им се истрошат оние кои веќе ги имаат набавено за да можат да си земат нови овие да не пропаднат, јас жими се така ги сватив во Јане Сандански никаква грижа околу тоа дека работат со мали деца дај ние нашето да го истераме и готово.




Cvekelencule -> RE: Вакцинирање на бебето (18.12.2014 13:50:41)

Да и нас ни закажаја на 15 јануари да примиме уште една ама нема око да ми видат до напролет дури да помини реакцијава од оваа вакцина.




vezilka RR -> RE: Вакцинирање на бебето (19.12.2014 14:23:47)

Ајде ве мола за информација ако некоја знае. Јосиф, нели има хидронерфроза, и до сега има примено само вакцините што има ги ставаат во породилиште. Нефрологот ни спомена, така срамежливо, да го однесам на имунологија, да му направат некои тестови, за тоа дали смее и од кои вакцини смее да ги прима во оваа состојба. Ме интересира како иде таа процедураё/ И како изгледаат тие тестови?




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебето (19.12.2014 19:13:11)

vezilka RR ако детето има некое заболување,алергија,реакција .....ако од диспанзер е вратено да не се вакцинира или како кај вас специјалист проценил тогаш кај матичниот педијатар проценува и закажува преку мој термин за Имунологија. Таму следи преглед и кажуваат и даваат интерен упат што да се испита.После со резултати без термин одиш и следи тоа Да или Не.




vezilka RR -> RE: Вакцинирање на бебето (22.12.2014 13:22:29)

Ок фала тоа ми е за неделава у план. Дали знаеш дали за испитувањево има врска што до денес е на антибиотици?




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебето (22.12.2014 13:40:31)

Тоа незнам,зошто незнам ни што би испитале.Во амбуланта а ќе отворат термин тогашземаат крв а ако дрема за на друг институт ќе ти дадат епруветки за да не го боцкаат пак.На М му зимаа од вена биди спремна на таа опција.Инаку не се секирај пиши се кај матичната па кога ќе отворат термин тогаш,се чека месец.Многу е важно сестрата постојано на 30мин да проверува термини само така ќе добиеш прв термин побрзо.
Сега видов ако им е точен мој термин конкретно кај нашата др.Карева има термин на 27 јануари.[sm=zmeden.gif]




vezilka RR -> RE: Вакцинирање на бебето (22.12.2014 14:58:15)

Абе матичниов ми рече ќе ми даде приоритетен, тоа нема гајле, туку сега да не ми одложи оти е настинат. Ај ќе видм денес што же ми рече.




tincule -> RE: Вакцинирање на бебето (23.12.2014 12:17:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Абе матичниов ми рече ќе ми даде приоритетен, тоа нема гајле, туку сега да не ми одложи оти е настинат. Ај ќе видм денес што же ми рече.
[/quоте


Ако е настинато мој предлог ти е да не го носиш на вакцина, тогаш не дај боже можат да настанат компликации. Почекај си да ти оздрави малото и да му помине онаа недела инкубација па носи си го. Ова ти е мој совет а ти си знаеш најубаво. А за враќање зависи каков персонал ќе ти се погоди некои како што е ред треба да те вратат, ама може и да се сложат да му стават.




lukajana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (23.12.2014 13:37:09)

Мамички дали носите бебе на вакцина кога вади заби?Ние за два дена правиме 7 месеци а вакцина не сме примиле од 5 месеци.Ни излегоа доле единиците две и една горе сега расте втората ама вади заби со температура и проливче и ми е страв таква да ја носам на вакцина.А трба и системацки незнам што да правам.А какви сме нервозни никако не не бива.




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебето (23.12.2014 13:53:10)

Секогаш ќе вади заби но во момент ако има Т тогаш не,а ако нема правете крвна слика и ако е ок може вакција




Defne90 RR -> RE: Вакцинирање на бебето (23.12.2014 22:00:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana

Мамички дали носите бебе на вакцина кога вади заби?Ние за два дена правиме 7 месеци а вакцина не сме примиле од 5 месеци.Ни излегоа доле единиците две и една горе сега расте втората ама вади заби со температура и проливче и ми е страв таква да ја носам на вакцина.А трба и системацки незнам што да правам.А какви сме нервозни никако не не бива.

Кога се носи дете на вакцина битно е да биде здраво и да нема температура.Има право меланија заби ќе вади постојано додека не и излезат сите,само да нема температура и пролив кога треба да прими вакцина.Инаку може слободно да си ја прими.




lukajana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (23.12.2014 22:33:35)

Taka ke pravime mora da se primat,malku e problem za krvna slika zasto ja nosam vo cento vo ambulantata za vakcina a tamu ne e zadolzitelna krvna slika pa ke mora edniot den krvna slika kaj maticen a drugiot den vakcina .Fala zenski za sovetot




Страница: <<   < Претходна страница  60 61 [62] 63 64   Следна страница >   >>