RE: Вакцинирање на бебето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


sandriana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (11.3.2015 9:32:56)

2рата доза ДТПер требаше да ја примиме на 30 јануари. Бебево беше со секрет во нос и грло, и ја одложивме за 3 недели. После тоа ја доби само едната боцка - за Хиб, а Полио и Дитепер пак одложивме за 10 дена. Потоа, ги примивме и овие 2 вакцини.
Поминавме без видливи реакции, но на местото од боцнатото, во ноџето, деновиве забележав поткожно јазолче, како топче. Го масирам и полека се разбива.
После последниве случувања во врска со вакцините и смртта на 2те бебиња на почеток од месецов, пак ме фаќа паника и дилемата дали да продолжам со вакцините.
Читав по нетов дека дури и медицински лица своите деца ги вакцинираат во Грција и Србија, од страв од нашите вакцини.
Ова стана тоталка психолошка војна.




lukajana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (14.3.2015 13:06:07)

Мислам дека треба да има некој ред и секаде да се почитува ,ако детето треба да се прегледа убаво и да му се провери крв пред вакцина тоа мора да се направи без исклучок.Јас првото дете го носев на вакцина во Јане Сандански и вакцина се прима со резултат од крвна слика,сега малава ја носам во Поликлиника Ченто и никогаш не ми побарале крвна слика па јас и проверувам крв па матичната ја прегледува па дури тогаш одиме на вакцина и малтретирање цел ден дека матичната не и е во таа амбуланта и само ја шетам без потреба а може се на едно место да се среди




Gardenia -> RE: Вакцинирање на бебето (16.3.2015 16:34:23)

Уф значи од темава коса ми се крева[sm=zz_frown.png],ако ми верувате ноќе не спијам од што незнам што да правам,која одлука да ја донесам за моети дете.Утре правиме три месеци а досега ја примивме само првата вакцина што се дава после породилиште за Хепатит б,требаше пред две недели да ставаме ДТП прва доза но носето и се растече и одложивме.Еве сега таман се среди и да ја носам на систематски утре,пак почна да кива и гледам пак носето проблем[sm=zmeden.gif],јас сум настината па изгледа од мене ја фати,па ќе чекаме.
Искрено и јас незнам со што квалитет се нашите вакцини,не сум баш сигурна во нашето здрсвство,со оглед на тоа што на се се штеди,па којзнае на тендери кои добиваат,сигурно најефтините и со пошкарт квалитет.




lukajana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (16.3.2015 16:43:49)

Gardenia викаат ако им тече носе можело вакцина ама јас ако ми се настинати малку или некој дома да е настинат не ги носам , има време ке прими вакцина




Gardenia -> RE: Вакцинирање на бебето (16.3.2015 16:50:28)

Па да де,така ми вика и матичната,нема ништо на плуќа чиста е,ама јас не сакам да ризикувам макари и после два месеци да прими




sandriana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (16.3.2015 17:09:40)

Gardenia, не брзај, нека дооздрави, па ќе се боцнете. Вам ви е прва доза ДиТеПер, полио и ХиБ на ред, така? Ако не, нека прими една по една, не мора трите одеднаш да бидат.




Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (18.3.2015 13:29:48)

Денес стигна втора покана за ММР вакцината [sm=smiley13.gif], пишува да одиме веднаш.
Целонсо се согласувам со blue_blue никој во оваа држава доволно не те информира кои се последиците од вакцините, што содржат и точно на никој нема да му биде гајле ако нешто му се случи на детето.
Пред да имам дете мислев е премногу неодговорно да не се вакцинира како за детето, така и за целото општество. Но сега поинаку гледам на работите, имајќи во предвид во која држава живееме и се какви матни работи се прават со тенедери во здравството.




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебето (18.3.2015 13:39:58)

Ilina87 на иста возраст ни се децата јас немам добиено ниту една покана. Ми кажаа дека тукашната ММР е од производител од одличен ранг ,како и што се ставаат и во соседните земји.Така што тоа не ме загрижува туку самата реакција на детето индивидуално




Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (18.3.2015 14:04:01)

Melanija, исто и мене ми е повеќе за тоа како ќе реагира. Плус моето е родено со ризик, фала Богу супер е во цел развиоток дури и понапредно, зборува, интелегентен е, но стравот е присутен. Навистина не знам како да постапам, цело време сум загрижена за реакција од вакцините.




lukajana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (18.3.2015 14:14:21)

Илина ако ти е страв пробај да ја одложиш баш сега гледав синко ја примал на 26 месеци ,јас него му ги одложував колку што можев ама и болежливо дете е па затоа сите вакцини ги каснеше




lukajana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (19.3.2015 22:00:09)

Денес ја примивме последната доза од HiB вакцината,реакција никаква немавме убаво ја поднесе,наредна ни е Мали сипаници и заушки после роденденот.Малку ке здивнеме од вакцини.




AneLav RR -> RE: Вакцинирање на детето (20.3.2015 11:18:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav RR

Моиве ги примија сите вакцини на време и освен последната за другите немаа никакви реакции, добро последната им беше само црвено газе и мало така нерасположение. Следната вакцина ни е на 4 години. Јас сум за вакцинирање и стојам на ставот дека децата треба да се вакцинираат. Така ги заштитувате нив а и другите дечиња што растат во нивна околина. Нус појави може да има од се и од витамините што секојдневно им ги даваме, не дај Боже. Ние кога сме биле деца сме ги примиле сите вакцини, па нашите родители ниту можеле да прочитаат по форуми ниту да најдат нешто на интернет, ниту пак нас нешто ни се има случено. Се сложувам дека има различни вакцини во зависност од производителот и дека тогашните можеби биле поквалитетни но што се мора се мора тоа е мој став.

Постар ми е постов ама сепак го имам истиот став. Ако ви е шубе од овдешните вакцини купувајте ги од странство, но е ги оставајте децата невакцинирани.




Felly RR -> RE: Вакцинирање на детето (20.3.2015 11:39:41)

Темата за вакцини не беше толку актуелна пред 5 години, немаше толку ни дилеми, ни дискусии за вакцините. Ние ги имаме примено сите до сега, ама сме гледале да е сосема здрава М, дури и ако била настината, не само да помине настинката туку да помине и барем уште една недела, за да се опорави и зајакне организмот, па нека е и закаснето.Дури и кога имаше сипаници, во консулатиција со матичната ни рече вакцина доаѓа во предвид дури по 3 месеци одкако поминале сипаниците.




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на детето (20.3.2015 12:02:40)

Кои ви се се сознанијата за вакцинирање по месец мај,во лето?Лани кога примивме ни рекоа после летото.М е прави 2год во август а сакам и мислев ММР да ја прими 1-2месеци пред роденден.

Треба некако што поскоро да ги искомбинирам ММР и дтп/полио/инфлуенса ревакцината.Колку време треба меѓу две вакцини? Сега е 19м па нема баш време и додатно што сега е период на сипаници и тоа ме тера да размислам прво ММР да ја прими[sm=zmeden.gif]




topce -> RE: Вакцинирање на детето (20.3.2015 13:59:11)

ако е вакцинирањето само заради стравот од сипаници треба да имате на ум дека вакцината е против мали сипаници, а тие што најчесто ги има се големи сипаници и кај нас не се вакцинира против тие сипаници.така да не мора да се брза.




lukajana RR -> RE: Вакцинирање на детето (20.3.2015 22:02:06)

И јас се мислев за вакцинација во лето и не знам што да правам ,вчера ми вика докторката после роденденот ама сакам да ја одложам барем малку пр.да ја прими на есен би имала 18 месеци па после два месеци ревакцините ,не верувам и дека некој ке ме опомени сигурно со одморите нема да имаат време[sm=smiley36.gif]




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на детето (20.3.2015 23:45:23)

Да само за едните сипаници, но сепак треба заштита зошто многу потешко се прележуват.

lukajana RR на 15 м ми се јавија да ме потсетат и толку, еве 19м немам ни јавување ни опомена[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Вакцинирање на бебе (21.3.2015 9:16:07)

Меланија јас колку што знам, вакцинирање во лето не препорачуваат заради евентуална реакција од вакцината, значи да не дојде во најжешките денови да крене Т. Нас така не има советувано матичната ако ептен се високи температурите, а сме требале да примиме вакцина, да почекаме некој ден, да се симнат малку температурите, а инаку мислам дека нема некоја причина зошто во лето не би вакцинирале. Ако ги комбинираш двете, мислам некој погоре пиша дека треба барем месец да помине меѓу две вакцини.




sandriana RR -> RE: Вакцинирање на бебе (21.3.2015 19:44:43)

Девојки, дел од муабетиве за вакцините - ЗА или Против се префрлени во посоодветната тема ТУКА, па таму може и да продолжиме да дискутираме и искажеме ставови.




Gardenia -> RE: Вакцинирање на бебе (25.3.2015 13:15:42)

Вчера примивме прва доза на Хиб само,дтп и полио нареден месец.Добро поминавме,не ми качи температура,вака весела си е ,не е нешто посебно раздразлива одколку вообичаено




hopeless -> RE: Вакцинирање на бебе (30.3.2015 23:27:25)

Ние треба да ја примиме таа на13 месеци што е, ММР мислам беше. А мене коса ми се крева од се што прочитав. Се мислам да ја одложувам колку што можам
За оваа требаше да се има пробано белка, нели?
Ние уште немаме пробано.




AneLav RR -> RE: Вакцинирање на бебе (31.3.2015 9:42:08)

Да, за ММР треба да има пробано цело јајце, односно и белка.
Ако веќе сте со полни 12 месеци, полека пробајте - може прво во некое пециво што содржи цело јајце, или пак директно само парче варена белка.
А вакцината не е страшно и да ја одложите некој месец. Може да се прими до 2 години мислам, сепак прашајте.




mommy_angels RR -> RE: Вакцинирање на бебе (31.3.2015 11:27:02)


ИЗВОРНА ПОРАКА: hopeless

Ние треба да ја примиме таа на13 месеци што е, ММР мислам беше. А мене коса ми се крева од се што прочитав. Се мислам да ја одложувам колку што можам
За оваа требаше да се има пробано белка, нели?
Ние уште немаме пробано.

за одложување не е проблем,само внимавај да не направиш како мене [sm=smiley13.gif].Ммора да ја прими пред две да наполни,оти дотогаш треба да прими и ревакцина на една друга(не се сеќавам која),а таа мора да се прими пред да наполни две години детенцето.Јас така одложувајќи ја ММр,ја прескокнав оваа другата .Не дека ми е жал еден стрес помалку,ама џабе ја примила првпат [sm=smiley13.gif]




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебе (31.3.2015 14:38:39)

Планираме крај на април за ММР ,што значи нема градинка до мај месец .Уф многу ќе дојде и тешко ќе биде потоа ,но тоа е сакам да е дома и здрав ,не ризикувам.Па здравје мај0јуни ревакцината ДТП,Полио и Инфлуенса.И летото на раат[sm=smiley1.gif]




hopeless -> RE: Вакцинирање на бебе (31.3.2015 15:34:48)

Епа значи имаме време. Ќе гледам до есен да ја одложуувам, доколку можам. Со син ми сите навремено ги примивме и фала му на Бога добро помина.
Но сега со сите овие информации човек незнае како да постапи




Страница: <<   < Претходна страница  61 62 [63] 64 65   Следна страница >   >>