RE: Вакцинирање на бебето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе

Порака

Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (31.3.2015 21:46:58)

Јас не знаев дека има поврзаност меѓу овие вакцини т.е времеснка поврзаност со ДТП вакцината. Уф уште една грижа плус. Ќе мора што побрзо да го однесам за ММР. Луѓе јас веќе од толку што сум исплашена од вакцините кошмари имам, се само тоа сонувам. Да се немало раат [sm=smiley13.gif]

Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебето (31.3.2015 23:00:51)

Ilina87 ММР по календар е на 13 месеци а ревакцина ДТП,Полио и Инфлуенса е на 18месеци

Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (31.3.2015 23:58:51)

Да Меланија, го знам редоследот. Муабетот ми беше дека многу доцниме со ММР и поради тоа се пролонгира и ДТП. Ќе дојди двете набрзо да се примат. А и mommy angels пиша дека ревакцина на ДТП мора да се прими пред да наполни 2 години, тоа не го знаев.

mommy_angels RR -> RE: Вакцинирање на бебето (1.4.2015 0:11:07)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Да Меланија, го знам редоследот. Муабетот ми беше дека многу доцниме со ММР и поради тоа се пролонгира и ДТП. Ќе дојди двете набрзо да се примат. А и mommy angels пиша дека ревакцина на ДТП мора да се прими пред да наполни 2 години, тоа не го знаев.

Да ,како што ви кажав од лично искуство,сега за која точно се работи не знам,ама ете најверојатно како што викате вие ДТП.Ако не се стави до 24 месеци,после не ја ставаат.Не смеело [sm=zmeden.gif]

sandriana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (1.4.2015 9:33:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Да Меланија, го знам редоследот. Муабетот ми беше дека многу доцниме со ММР и поради тоа се пролонгира и ДТП. Ќе дојди двете набрзо да се примат. А и mommy angels пиша дека ревакцина на ДТП мора да се прими пред да наполни 2 години, тоа не го знаев.

Да ,како што ви кажав од лично искуство,сега за која точно се работи не знам,ама ете најверојатно како што викате вие ДТП.Ако не се стави до 24 месеци,после не ја ставаат.Не смеело [sm=zmeden.gif]

Не е дека не смее да се прими ДТПер после 2 години, туку не се прима комплет - со полио и Хиб, туку парцијално се прима - некоја од компонентиве се изостава, не се сеќавам точно која, треба да прашате во диспанзер.
А ММР се прима до 3 години, ако не се прими до тогаш, после не се прима.

mommy_angels RR -> RE: Вакцинирање на бебето (1.4.2015 12:36:17)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Ми кажаа тогаш која не се става,ама ми избегала информацијава од глава [sm=smiley13.gif]

Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебето (8.4.2015 14:42:13)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Не е дека не смее да се прими ДТПер после 2 години, туку не се прима комплет - со полио и Хиб, туку парцијално се прима - некоја од компонентиве се изостава, не се сеќавам точно која, треба да прашате во диспанзер.
А ММР се прима до 3 години, ако не се прими до тогаш, после не се прима.

Уф уф уф М ми појави реакција на белка и планот да ја прими ММР отпаѓа.Незнаев дека можело до 3 год, матичната ми рече само што има реакција нема вакцина.Супер кај сакав да ја прими ете сега несмее [sm=smiley24.gif] бре иронија.Знае некој за чаре, друг тип,друг вид на оваа вакцина или слично???

Ајде па ДПТ,ПОлио и ИНфлуенса ревакцината дали стварно се делат или може ли до 2 години.ДТП на клиника ја нема и сега да ги чекам јуни -јули или другиве две да ги прими во Јане Сандански.

Незнам каков и колку објаснет одговор би добила во дизпанзер.Толку ми е хаос лето вакцини,па дома за да сигурно е здрав,пак калкулации за во градинка [sm=smiley13.gif]

Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (8.4.2015 15:06:30)

Меланија, дали направивте алерго тест? Исто и син ми е алергичен ама на жолчка, белка нема ни пробано. Матичната ни рече ќе му направат тест пред да ја прими, ама каков е тој тест појма немам. И да ми потврди дека ако е позитивен нема да ја прими вакцината. Сега чекам да помине празникот и ќе го однесам конечно, нема повеќе одложување. Барем да продолжиме со другите вакцини.

Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебето (8.4.2015 16:24:55)

Првпат слушам дека тогаш утврдувале[sm=zmeden.gif] не закажано ни е на 5 мај .Каде го носиш на вакцина?

Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (8.4.2015 23:14:15)

Не буквално пред да ја прими вакцината, да не ме сфатиш погрешно. Ќе го однесиме пред тоа да го тестираат и потоа во зависност од резултатите ќе се види дали смее или не смее да се прими. Инаку во Битола го вакцинирам.

kokicekokice -> RE: Вакцинирање на бебето (13.4.2015 17:22:16)

Mamaick ime interesira vo vrska so vakcinite, tie sto sakaat da si kupat od grcija dali bukvalno site se kupuvaat? T.e. Moeto malo za 2 nedeli treba da dobie 2 doza za Hepatit b pa me interesira dali taa vakcina treba da si ja nabavam od Grcija ili taa e od "pomalku opasnite" pa moze redovno da si ja primi?

nataly86 -> RE: Вакцинирање на бебето (14.4.2015 17:31:46)

Мислам дека Дитепер ја купуваат од Грција (доколку се решиш за таа опција тоа би било за 1 месец дена некаде откако ке примите хепатит)
А и да ја има хепатитот во Грција нема сврха сега бидејки една доза од истатта веке сте примиле на болница па глупо би било следната доза да биди друга вакцина.

Инаку во полемиките околку за и против вакцинирање или избирање на прочистени вакцини ние се одлучивме за вакцина и тоа обичните ако се прематурчиња.
Јас бев многу загреана за прочистените вакцини но еден педијатар на која силно му верувам ме одвлече од таа намера..досега сме супер мали локални реакции ништо страшно. секако касниме зод самиот почеток заради тежина и примена транзфузија.

lukajana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (15.4.2015 11:49:05)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Mamaick ime interesira vo vrska so vakcinite, tie sto sakaat da si kupat od grcija dali bukvalno site se kupuvaat? T.e. Moeto malo za 2 nedeli treba da dobie 2 doza za Hepatit b pa me interesira dali taa vakcina treba da si ja nabavam od Grcija ili taa e od "pomalku opasnite" pa moze redovno da si ja primi?

Добро би било да прашаш дали ќе ви стават вакцина од надвор.Моја другарка купи вакцина од Грција и не и се нафаќаа да му ја стават на бебето,не смееле они одговарале само за нивните вакцини а ако нешто се случи после вакцинирањето ке ги казнеле и на крај му ставија обична вакцина.
Затоа да не ти бидат фрлени пари прво најди некој што ке му стави вакцина па после купи ја

Hopeful RR -> RE: Вакцинирање на бебето (15.4.2015 11:59:09)

И јас така знам, дека лесно за купување, ама никој не се нафаќа да ја стави овде, освен еден муабет што го чув за Софијанова. Провери го тоа прво, пред да платиш. Инаку освен од Грција, луѓе купувале квалитетни вакцини и од Косово.

AneLav RR -> RE: Вакцинирање на бебето (15.4.2015 12:00:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kokicekokice

Mamaick ime interesira vo vrska so vakcinite, tie sto sakaat da si kupat od grcija dali bukvalno site se kupuvaat? T.e. Moeto malo za 2 nedeli treba da dobie 2 doza za Hepatit b pa me interesira dali taa vakcina treba da si ja nabavam od Grcija ili taa e od "pomalku opasnite" pa moze redovno da si ja primi?

Немаш потреба токму таа вакцина да ја набавувцаш затоа што таа е без реакција. Не е да кажам од тие “страшните вакцини“. Инаку ако сакаш прашај кај приватните педијатри дали таму може да те боцнат кога веќе на државно се оградуваат.

Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебето (17.4.2015 0:29:00)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Меланија, дали направивте алерго тест? Исто и син ми е алергичен ама на жолчка, белка нема ни пробано. Матичната ни рече ќе му направат тест пред да ја прими, ама каков е тој тест појма немам. И да ми потврди дека ако е позитивен нема да ја прими вакцината. Сега чекам да помине празникот и ќе го однесам конечно, нема повеќе одложување. Барем да продолжиме со другите вакцини.

Бевте ли за тестот за вакцината?

Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (17.4.2015 8:42:49)

Сега на 21 ви април сме закажани.

Gardenia -> RE: Вакцинирање на бебето (22.4.2015 20:02:33)

Денес ја прими првата доза ДТПР и полио,досега нема температура само отечено и е ножето,и ставив од лепенките само незнам облоги ставате на цело бутче или само на местото каде е боцнато? И после колку време да пратам реакции од ставање на вакцината 48 часа ли?
И кажете ми смеам ли да ја бањам денес?

Felly RR -> RE: Вакцинирање на бебето (22.4.2015 20:35:30)

Гардениа ако си ставила лепенка на местото, не се потребни облоги. Инаку само на местото каде што е боцнато, не мора голема облога. АКо добро се сеќавам од таа вакцина реакција може да има до 3 дена, се надевам кај вас ќе нема, но сепак прати ја.

lukajana RR -> RE: Вакцинирање на бебето (22.4.2015 23:24:12)

Gardenia убаво ти кажа Felly три дена ама ако првиот не покаже ништо обично не покажува ни другите денови.
Јас обично не ги бањам дента кога примале вакцина

nataly86 -> RE: Вакцинирање на бебето (23.4.2015 8:32:22)

Кај нас реакција се јавуваше оток на рачето точно после 6 часа од боцкањето..истата реакција кај двата

Snowhite RR -> RE: Вакцинирање на бебето (23.4.2015 9:20:09)

Какви се тие лепенки, јас прв пат слушам за тоа, додуша не сме имале ни потреба од нив, обично моите немаа никаква реакција

Felly RR -> RE: Вакцинирање на бебето (23.4.2015 12:39:23)

И јас дознав за лепените сега пред некој месец, имам ставно само за последната вакцина на М, тие се користат за покачена Т, содржат некој гел кој разладува, и има дејство 12 часа. Антипиреа се вика, една лента околу 50 ден. Ама ако ја користиш за на вакцина може да ја пресечеш на 3 дела и со самото тоа што држи ладно на местото не дозволува д асе створи оток. И практично е зошто ако редовно му менуваш облоги, па се водени облеката, па треба да го пресоблекуваш....... а вака ставаш лепенката и тераш [sm=smiley36.gif]
Баш би сакала и Неуротоксин да пише нејзино стручно мислење на темава за лепенките. [sm=smiley1.gif]

Neurotoxin RR -> RE: Вакцинирање на бебето (23.4.2015 13:34:02)

Тие се лепенки, облоги кои имаат гел во себе, наместо да се прават домашни облози, на пр при покачена температура, да не се иритира кожата со оцети алкохоли и сл. Они се супер, ако сакате да си оленсите во однос на традиционалните техники за намалување на локализирана болка и температура.

Ilina87 -> RE: Вакцинирање на бебето (24.4.2015 22:38:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87

Меланија, дали направивте алерго тест? Исто и син ми е алергичен ама на жолчка, белка нема ни пробано. Матичната ни рече ќе му направат тест пред да ја прими, ама каков е тој тест појма немам. И да ми потврди дека ако е позитивен нема да ја прими вакцината. Сега чекам да помине празникот и ќе го однесам конечно, нема повеќе одложување. Барем да продолжиме со другите вакцини.

Бевте ли за тестот за вакцината?

Melanija, ние го направивме тестот пред некој ден. Испадна дека не е алергичен на јајце. Сакав да ти напоменам кога ќе одите земи си некој за придружба бидејќи одвај го додржавме во една положба. Се зема крв и треба рацете да ги чува во хоризонтална положба 20 минути без да мрдни. Многу напорно поминавме, се изнаплачи.

Страница: <<   < Претходна страница  62 63 [64] 65 66   Следна страница >   >>