RE: Вакцинирање на детето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


mami -> RE: Вакцинирање на детето (23.12.2009 14:53:35)

И значи НЗС на сето ова- ацелуларни можат да примат само децата кај кои се појавила лоша реакција при првата ди те пер? а останатите ако отидат- ке ги вратат?боже каква ли држава сме ние[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Еца -> RE: Вакцинирање на детето (23.12.2009 15:09:36)

па мами ако успееш да издејствуваш упат од матичната и се јавиш и закажеш на имунологија никој нема да те врати. Едноставно премногу се плашам сакам да го вакцинирам со ацелуларни вакацини и ве молам закажете ми. Мислиш дека ќе те одбијат? Јас мислам НЕ. 




mami -> RE: Вакцинирање на детето (23.12.2009 15:21:40)

баш во понеделник сме на контрола за грлото, па ке зборам со матичната, а и башка ке и кажам дека не ми се свига овој педијатар па да ми препорача некој друг.




profesorica -> RE: Вакцинирање на детето (24.12.2009 10:47:07)

јас така и кажав на матичната таа беше тотално незаинтересирана да ми даде упат за такви вакцини.дури ми се чудеше, па што сега веќе кога сите ги прими.ако имал над 39 температура тогаш ок а околу 38 е нормална реакција.и толку беше.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mami -> RE: Вакцинирање на детето (24.12.2009 11:32:40)

значи бог да чува се...јас во понеделник одам кај мојата и сигурно ке ја распрашам убаво и ке барам упат, само да му помине грлото на Лука




Olga -> RE: Вакцинирање на детето (24.12.2009 11:40:32)

Nie veke ja primivme prvata doza i super pominavme. Edinstven problem e da nacekas koga gi imaat vakcinite  na raspolaganje i togas da pojdes na imuno (mozes prethodno telefonski da prasas). Zalno e sto kaj nas rabotite funkcioniraat po principot -koj razbra-razbra .




ripce -> RE: Вакцинирање на детето (5.1.2010 10:46:07)

Вакцинацијата против заразните болести е најдобар начин за заштита на децата и на возрасните. Вакцинацијата главно е активна, што значи давање определени антигени (живи ослабени причинители на болеста или неживи и продукти што ги лачат причинителите) и организмот создава антитела на нив што подолго време или доживотно го штитат од тие болести. Пасивна имунизација е давање готови антитела против некоја болест или пренесување на антителата од мајката преку плацентата на новороденото. Тие антитела се разградуваат по три до шест месеци. Задолжителната вакцинација е воведена по 50-тите години од минатиот век, со што е постигнато многу заразни болести да исчезнат од нашата средина, а на многу други да им се намали бројот. Вакцинацијата се спроведува континуирано, по определен календар за секоја возраст. Ја спроведува матичниот лекар, кој најдобро го познава детето од првите денови по раѓање. Задолжителна континуирана вакцинација имаме против туберкулоза, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, заушки и рубеола. Контраиндикациите за вакцинација треба добро да ги познава матичниот лекар. Општи контраиндикации се: акутно заболување, висока температура, преосетливост на некоја вакцина, состојба на намален имунитет (неодамна прележана вирусна инфекција). Вакцинација против голема кашлица не смее да се дава кај деца со епилепсија, инфантилни спазми и други засегања на централниот нервен систем. Не смее да се дава кај деца што примале долго време кортикостериоиди, цитостатици и други медикаменти.

Вакцинацијата против туберкулоза е првата вакцина што ја добива детето во породилиште. Кај нас задолжително се спроведува бидејќи туберкулозата се уште е високо застапена меѓу населението.

Успешната вакцинација го штити детето во голем процент од тешка туберкулоза. Успешна вакцинација значи формирање белег поголем од три милиметри. Ако нема белег, детето се ревакцинира до првата година. Ревакцинацијата против туберкулоза се дава на 7-годишна и на 14-годишна возраст. Не се вакцинира новородено ако е предвреме родено или има некое вродено заболување. Вакцинација против дифтерија, тетанус и голема кашлица и детска парализа почнува од третиот месец по раѓање.

Обично контраиндикациите на оваа вакцина се однесуваат повеќе за голема кашлица и притоа се дава вакцина направена од делови на инактивирани бактерии. Против детска парализа се користи вакцина од живи и ослабени вируси за сите три типа. Со редовно спроведување на оваа вакцина во многу земји, а и во нашата, детската парализа се сретнува ретко.

Тројната вакцина морбили, рубеола и заушки се дава по 12-тиот месец. Поствакциналните реакции се благи, можен е кожен исип и температура по 7-8 ден. Со уредно даваната вакцина се изгубени голем број компликации што ги предизвикуваат овие болести. Пред воведување на вакцинацијата имаше голем број тешки пневмонии, воспаление на мозок и смртни случаи по прележани морбили, како и тешки аномалии кај новороденчиња ако мајката за време на бременоста била разболена од рубеола. Имаше и висок процент на неплодност кај машки со прележани заушки.

Вакцина против хепатит Б е прифатена во нашата земја како задолжителна. Се дава во три дози. Индивидуално се даваат вакцини против хемофилус инфлуенција тип Б, вакцина против хепатит А пневмокок, менингокок и може против варичела. Вакцинацијата против варичела не е задолжителна бидејќи болеста е контактна и децата ја прележуваат во полесна форма. Многу тешка форма од варичелата ја прележува новороденчето од болна мајка заразена десет дена пред породување.Тоа може да има фатален исход.

При појава на епидемии или голем број на заболени од грип, се препорачува да се вакцинираат децата над 2-годишна возраст со хронични заболувања. Сега процентот на вакцинирани деца се движи над 90 отсто од детската популација, со што успешно се совладани и искоренети многу тешки заболувања и компликациите што може да настанат по нивното прележување.




ananikol -> RE: Вакцинирање на детето (5.1.2010 11:28:18)

Jas gi imam zaboraveno site vakcini i tajmingot za vakciniranje no URAAAA za rr i site mamicki vo nego [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

So  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image]  ke se podsetime nanovo [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Весна -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 22:53:14)

Ауф драги мои, утре треба да ја носам Јана на вакцинација, па здивот ми се зема од страв.
Туку, колку што разбрав треба да ја прима онаа против хепатит Б, но не сум сигурна. Само ми кажаа дека треба по точно еден месец да прими втора доза, но од која не дослушав од тоа што ги мрзам вакцините:(. Инаку, во саботата на 16-ти направи точно месец.
Ај ве молам, кажете ми која е таа и што да очекувам.
Леле, колку не ми се носи, не би сакала ниту една да прими [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




jovanka -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 22:55:39)

nisto strasno od prvata vakcina nema nikakva reakcija otpusti se toa go pravis za zdravjeto na deteto




nadica -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 22:57:33)

не се секирај толку мила ќе биде се во ред ќе видиш

незнам која ќе треба да ја прими но мислам дека мали се шансите за несакани реакции барем кај нас така помина




Весна -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 22:59:11)

Е да, ме интересира уште нешто... Дали е битно кое време треба да се прима вакцината, мислам, да не треба само сабајчки, па пред или по доење, такви работи? 




nadica -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:02:27)

мислам дека не е важно кое време но надои ја пред да одите бидејќи ако не се лажам и карки ќе и дадат па нема да треба да цица 2ч или така нешто

за секој случај нека си цица прад да одите [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:03:01)

ova e dvorata doza za hep-B.PRVATA JA DOBILA VO BOLNICA ,OVA E Vtora,tretata na 2 mm i pslednata tamu nakaj godinata...
ke se najade pred vakcina ,znaci ke ja nadoes,posle vakcina 2|pola saat nisto ni cucla nisto




Еца -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:04:19)

Оваа вакцина не дава реакција, се удира во бутчето и боли во моментот, не плаши се. И9 нема врска доењето со оваа, за наредната ди те перот ќе треба убаво да ја надоиш бидејќи по примањето не треба да и се дава ништо околу два часа, барем така беше кога Мартина ги примаше вакцините. Ама за тоа ќе ти кажат кога ке треба таа вакцина.




BEBICA -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:04:20)

Zlato nema vrska koga vremenski ke se primi vakcinata Monika primala i vakcini i sabajle i popladne se zavisi koga pedijatarot e na smena.
A za doenjeto eve mene sto mi rekoa posle primanjeto na vakcinata na rpimer onaa di-te-per ona na tri mesta se prima edna vo nodzeto edna vo raceto i edna se pie, e za da ne dojde do povrakanje na taa sto se pie pola saat ne se preporacuva da se doi bebeto.
No posto Jana ke primi ja mislam kepatit B ispravete me ako gresam mozes da si ja naranis vednas a voedno i da ja smiris ako bas place, jas taka napraviv so mMonika prviot pat.
A za di-te-per-ot cisto informativno pisav.




Весна -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:11:47)

Е Бебице сега баш ме замисли... Зашто е битен тука педијатарот? Јас Јана ја носев на приватен лекар, а за вакцинација планирам да ја носам во Јане Сандански. Ја прашав докторката како е постапката, а таа само ми кажа дека во која било амбуланта низ градов може да ја однесам и толку. Да не има уште некоја процедура?




Еца -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:14:06)

Кај нас матичните педијатрите немаат врска со вакцинирањето, тој дек е одвоен и е само за здрави деца иси има педијатри кои ги прегледуваат и кажуваат дали се за вакцина[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:14:09)

pred da primi vakcina potrebno e preggled od maticniot pedijatar...da napise vo kniska..deka e zdrava za vakcina..barem tka e ovde




BEBICA -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:14:38)

Izvini zlato sto pisav jas mislev deka i vo Skopje kako i vo Belgrad prvo bebinjata gi pregleduva pedijatar i on utvrduva dali e bebeto zdravo ili ne pa posle toa dozvoluva da se vakcinira deteto.
Izvini.

Me interesira ke postavam tabela za vakcinacija ovde sto se koristi vo Srbija pa ako mozete da mi kazete dali e ista kako vo Makedonija

[image]http://www.stetoskop.info/images/stories/vakcinacija/Kalendar_vakcinacije.jpg[/image]




nadica -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:16:19)

за ск незнам ама кај нас во нг ги носиме децата во детски оддел во болница и таму прво ги прегледува педијатар па одат на вакцина но не матичниот педијатар туку вработениот таму [sm=zmeden.gif] незнам дали сум јасна[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




nadica -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:17:13)

Кај нас матичните педијатрите немаат врска со вакцинирањето, тој дек е одвоен и е само за здрави деца иси има педијатри кои ги прегледуваат и кажуваат дали се за вакцина


да така е и кај нас




Весна -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:18:45)

Ех Бебице, какво извинување!!!ФАЛА!
Фала и на останатите што ме оправивте! [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mother 29 -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:19:24)

jas Marko sekogas go nosam kaj maTicnata,megutoa i vo zdrAVEN DOM KAJ SE VRSI VAKCINACIJATA IMA OPST DOKTOR ZA DA GI PREGLEDA TIE  deca koi ne se




BEBICA -> RE: Вакцинирање на детето (17.1.2010 23:20:41)

E jas vas ve razbrav site.Bitno e pedijatar da go pregleda bebeto, toa e isto segde.
A ovde vo Belgrad mora maticniot pedijatar zatoa ima eden den vo nedelata toa e takanareceno sovetuvaliste kade sto odat samo zdravite deca i skroz se odvoeni od bolnite, bolnite se i vo druga zgrada duri i tuka mozes da se i konsultiras so pedijatarot i za vakcinacija voedno e.
Izvinete jas ponekogas se zaboravam deka ne sum vo Mk a od golema zelba da kazam i da pomognam ako mozam izbrzuvam i se zaboravam deka se raboti za dve drzavi a dva nacina na rabota.




Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>