Еца -> RE: Вакцинирање на детето (23.12.2009 12:49:41)
|
Еве ме се вратив, вакцина не примивме прво мора еден куп испитувања(во друга тема ќе ви кажам) инаку што се однесува за ацелуларните вакцини треба секое дете да ги прима, не само оние со одредена симптоматика, но кај нас не е така. Значи ацелуларни вакцини примаат деца за кои веќе споменавме погоре, но и оние кои после првата вакцина на ди те пер имале несакани реакции, како многу висока температура, грчеви, треска...или еве во нашиот случај егземи (атопичен дерматит) по телото. Закажување за вакцини се прави на тел. 3147714 Имунологија, и таму докторката ви закажува термин за преглед, а потоа и за вакцинирање.
|
|
|
|