Весна -> RE: Вакцинирање на детето (22.1.2010 0:38:31)
|
Вчера Јана ја прими втората доза од хепБ. Леле, што плачење си удрив. Рацете ми се тресеа, едвај ја соблеков за преглед. Уф, од дното на душата ги мрзам вакцините. Инаку, др. Гоцевска ја прегледа, ја испофали, а мене ме испокара зашто премногу се грижам. Сестрите за живо чудо беа фини, ми помагаа, ме тешеа. Пред да ја боцнат ме предупредија дека ќе ја боли и дека ќе плаче, а сонцето мое да го видовте, глас не пушти, си ме гушна и само при убодот закенка и толку. Гордост моја. Ама за тоа јас липав [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. Мене повеќе ме болеше [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]
|
|
|
|