Hopeful RR -> RE: Знаци на бременост (17.7.2013 11:57:31)
|
Danai, ама комплетно те разбирам... и јас сум нова на форум, и си мислев безвезе е, се додека еден ден не се зачленив и видов дека стварно има голема поддршка и разбирање. Воопшто не ми изгледа смешно тоа што така се чувствуваш после 4 месеци, времето е релативна работа, и иако сите знаеме дека нема потреба да се вознемируваме во текот на првата година, па можеби и после тоа, не можеш преку ноќ да развиеме коњски нерви и да не не боли, секој месец пак и пак... Ние пробуваме година и нешто, сега и со една неуспешна инсеминација, и многу е s*it, ама тоа е, мора да гледаме напред [sm=smiley1.gif] може и тоа изгледа смешно во споредба со некој што се обидува повеќе години, ама сепак, сите го сакаме истото, и ич не е ок кога гледаш дека времето си тече, а не се доаѓа до тоа така лесно... Затоа сме тука, за да си помогнеме и да се поддржиме без предрасуди [sm=smiley31.gif] Ајде, cheer up, јас минатата недела очајував и сега сум спремна одпочеток [sm=jezicek.gif]
|
|
|
|