Еца -> Гестационен дијабетес (3.7.2009 12:20:11)
|
Се развива во тек на бременоста,некаде измеѓу 24 и 28-та недела од бременоста и вообичаено по раѓањето исчезнува. Знаеме дека бебето,додека е во матката сите витални функции ги спроведува преку плацентата... Планцетата,пак,произведува и одредени хормони кои помагаат во развитокот на бебето... Меѓутоа,овие хормони,пак,прават потешкотии во телото на мајката за нормално користење на инсулинот... Некаде,на половина на бременоста,планцетата го зголемува лачењето на овие анти-инсулин хормони. Ако телото произведува премногу анти-инсулин хормони,тие можат да направат пречка во движењето на глукозата од крвотокот кон клетките, процес што е познат како инсулин-резистентност. Во исто време, пак, панкреасот не е во можност да лачи доволно инсулин и штом ќе се насобере премногу глукоза во крвотокот... ете можност за појава на дијабет. Значи,не секоја трудница развива дијабет! Редовни контроли кај матичен гинеколог, со редовни лабораториски анализи, да се внимава на исхраната, да се води активен живот...
|
|
|
|