baby_bump -> RE: Гестационен дијабетес (6.10.2010 14:20:05)
|
Правев повторно ГТТ и сега излезе добар, 3,8 на гладно - 4,4 после 2 часа, но месец и пол на диета и сега се е во ред. Сега ми препорачаа дури по малку да јадам благо за да не ми се слошува, оти на гладно шекерот ми е стварно низок. Во лабораторија ми кажаа дека ова со ГТТ, било некоја нова мода на гинеколозите и дека сега ги праќале сите трудници околу 28 недела, и дека за трудници после 2h оптоварување требало шеќерот да не биде над 6,0. Инаку сега откако на друго ехо бебето си одговара на големината гледам дека за џабе се нервирав овие месеци, и морам да кажам дека секогаш треба да се бара второ, трето мислење, затоа што нашите доктори од психологија на трудница појма немаат. Наместо тие да не охрабруваат, со нивните глупави, непроверени дијагнози ни прават да ни биде потешка и така тешката состојба во која се наоѓаме и на психички и на физички план.
|
|
|
|