MoonLightLove
|
Здраво на сите Ве молам прочитајте ја мојата приказна и кажете некакво мислење, совет.. ќе пробам да не должам многу Од мала сум имала нервози и депресии но некако секогаш успевав сама да ги победам, со дружење, одење на школо, преокупирање со дечковци, поминување време со фамилијата (имам прекрасна фамилија и живееме во фамилијарна куќа, немаме финансиски проблеми-барем не сериозни и можам да речам дека ги имам сите услови да живеам идиличен живот..Јас сум едно дете и многу разгалено, многу сакано од сите. Мислам дека сум мила и драга особа и никогаш никому лошо не сум му направила или посакала...едноставно на сите сум им омилена.. Отидов и на факултет, во Скопје, и веднаш се тргна на подобро, почнав да учам, да одам на факс, да излезгувам, сменав и неколку дечковци..живеев со цимерки и добро беше, не секогаш совршено, но добро беше... Се заљубив и тоа многу во личност која на крај излезе дека е многу себична и многу ме повреди..и тогаш, кога бев при крај со факултетот ми се случи најстрашното нешто, нешто што изгледаше како кошмар а не можеш да се разбудиш...од сабајле почнаа паничните напади, немав никаква воља да станам од кревет, но и тоа не беше најстрашно..ми се појавија опсесивни мисли и еве веќе две год ме мачат, и многу ми е незгодно да кажам какви се тие мисли, но постојано го слушам мојот глас во главата кој ми кажува погрдни зборови за моите најблиски, за мене самата...едноставно КОШМАР..кога зборувам со некого ми се јавуваат тие мисли и погрдни зборови за тие луѓе, а јас сум осетлива и не сакам никого да навредам, многу љубов има во мене особено за моите најблиски и тие мисли многу ме повредуваат, душата ми ја распарчуваат..многупати помислувам дека е подобро да не сум жива отколку да го живеам овој терор..верувајте се сакам себеси, го сакам животот, си ја сакам фамилијата и само заради нив сум се уште жива и не се предавам. Но многу е тешко, многу, неописливо е тешко..личност која може да има се, а не може ни да ужива во тоа. Најголемиот страв ми е од сабајле, тогаш ми е најтешко, се будам со мислата - до кога, цел живот ли ќе ми помине вака? Зошто не можам да бидам силна како порано? Завршив факултет, зборувам два странски јазици, имам убав социјален живот, но зад сета таа маска се крие мојата лична трагедија, како што јас ја нарекувам. Иначе сум љубител на книги, филмови, уметност, но не можам ни целосно сега да се фокусирам на тоа Дали можете да ми препорачате некој добар психијатар кој пред се ќе ме ислуша..бев кај еден и ми препиша асентра и хелекс, ги пиев, ми стана мн подобро и престанав ама сега после неколку месеци поради пмс пак ми се појавија...трпки во мускулите, главата тапан и постојано истите мисли и црни мисли дека никогаш нема да помине. Ви посакувам на сите да ви е подобро и извинете за долгиов пост...
|