Hopeful RR
|
AnnaMolly RR, браво за искреноста и отвореноста, се слагам дека за секоја тема треба да се разговара. Како некој што долги години имал панични напади, депресивни периоди и анксиозност, комплетно те разбирам. Јас дури немам храброст да отидам кај психолог или психијатар, и во најтешките периоди поминував со хелекс и дијазепам... Инаку симптомите се исти, буквално. Дополнително, кај мене има изразена визуелизација на лоши нешта што некако ми се чини дека ќе се случат, а не дека сакам, па постојано гледам во глава сообраќајки, повреди, разни ситуации, језиво и да набројувам дури. Имам/в и еден друг аспект, а тоа е социјална анксиозност - цел живот имам проблем да функционирам нормално во социјална средина, и тоа почна од мала, кога не можев да одам во маалска продавничка по што било, па не можев да се јавам по телефон кај некој што не го познавам, да се обратам на непознати... Искрено, овие моменти до скоро ми беа реалност, па до пред некоја година мајка ми и татко ми се јавуваа да ми викнат такси, да ми закажат на лекар и слично. Кај мене до толку тоа беше проблем, што во ситуации во кои едноставно морав јас да бидам таа што ќе збори, се препотував, се тресев, си правев филмови... Не е срам, туку комплетно блокирање и немоќ да се функционира социјално. Цел живот дури мајка ми ме зезаше - што ќе правиш кога ќе треба за твои деца некој да се јави, а јас немав одговор... Она што ми помогна да надминам дел од проблемите беше всушност мојот најголем проблем - стерилитетот. За чудо, но излезе дека целата таа битка има и друга позитивна страна, а тоа е обврската да се направат толку многу работи што зависат од мене. Со толку испитувања, анализи, здравствени постапки и интеракции со луѓе, се најдов во ситуација во која едноставно МОРА да ги направам нештата што ми беа проблем. Малку по малку, почнав да се јавувам по телефони каде и да треба, да прашувам и договарам, да барам и организирам, и голем дел од проблемот е зад мене. Се уште остануваат други нешта на кои постојано работам, меѓу другото несигурност, самодоверба и општо себепреиспитување, но не е како што беше. Сега со две бебиња по дома, понекогаш ме пука анксиозност, и има моменти во кои едноставно не знам што да правам со себе и со нив. Понекогаш плачеме заедно, понекогаш (ако мм не е дома) ја викам мајка ми да дојде чисто да биде покрај мене, а понекогаш ми се вклучува некој survival zombie mode па ја решавам ситуацијата и ги средувам бебињата и се е ок. Не е лесно, но решив дека ми требаат бејби степс - нема да одам предалеку со планови и мисли, ќе го гледам секој ден како засебен и ќе се радувам на малите постигнувања и микро успесите во него. Кога ќе ми се појави назнака за паничен напад, не се плашам затоа што знам што е, дека е со краток рок на траење и дека ќе заврши. Борбата за бебе и двете бебиња ме направија појака личност, посигурна во себе и исполнета со верба дека можам се да направам. Пред некој ден дури фатив бубачка со голи раце, нешто што ми беше незамисливо до скоро Него, Loveable Me, што е со хеликобактерот? Јас со години го имав, зарем има поврзаност?! Инаку, добро што спомна спортска активност - и тоа ми помогна во голем дел. Друго е кога ќе се изнавежбаш, кога ќе се напнеш физички, проработуваат некои механизми па навистина се чистат мислите, плус чувството дека сме направиле нешто за себе...
< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 20.7.2015 16:30:33 >
|