RE: Колку спие вашето бебе? (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


Adrijana -> RE: Колку спие вашето бебе? (30.12.2009 12:34:43)

Eva utre ke napolni 2 meseci, i da vi kazam epten e spanka:))Uste dodeka bevme vo bolnica morav da ja budam za da jade, doma pak si spiese po 2,5 saati megu obrociite, se bidese i noke do krajot na prviot mesec, a posle od sabajle stanuva okolu 7-7 i 30, ke pie mlekce, ke ni podeli nekoja nasmevka:)do kaj 9-9 i 30  ke zaspie pa ke stane za 2-3 saati, pa ke jade pa pak ke zaspie i se taka do 19-20 vecerta, e togas ne saka da spie,  nervozna e toj period, togas se banjame, niskame itn. se do 22-23 togas zaspiva , i stanuva za jadenje minimum vo 5, denes stana vo 6, sto znaci ja prespivame nokta:)




mami -> RE: Колку спие вашето бебе? (30.12.2009 12:38:00)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]ако мила..подобро да е спанка отколку да ни се жалиш дека не спиеш и имаш подочници и уморна си..вака и двете наспани[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]а и знаеш дека детето дур спие расте, така да нека си нанка..и Лука беше и уште е спанко[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




ikipp -> RE: Колку спие вашето бебе? (30.12.2009 12:46:38)

ee blaze si ti tolku ko spie.mene golemata mi ima 15 meseci i uste se budi po 2 3 pati za sok i mleko,a maloto ima 1 mesec se budi za cicanje,i taka jas sum malku kako zombi,ama ke pomine




Палешка РР -> RE: Колку спие вашето бебе? (30.12.2009 16:22:33)

Преку ден спие скоро цел ден, се разбудува за цицање, а навечер ми се смее, потплакува, со други зборови ме зафркава [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bile -> RE: Колку спие вашето бебе? (30.12.2009 22:12:07)

 I jas da pisam za mojata spanka. Nie imame 3 meseci i 1 nedela i veruvale ili ne nie ja prespivame skoro celata nok. Zaspivame najkasno do 22:00 a se budime od 5 natamu za cicanje. Jas se plasam za toa deka ke ostane gladno pa probav noke da go budam ama zaludno, voopsto nesaka usta da otvori so zivi maki davam da cica ama toa ne prifaka. Razgovarav i so pedijatri koi velat deka e normalno da pocne da prespiva nokta dokolku e dobro nadoeno pred da zaspie.




profesorica -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 10:25:07)

Дамјан никогаш не бил спанко, откако е роден не преспал цела нок ниту еднаш.увек станувам по неколку пати навечер и секогаш околу 6-7 рано станува.

а преку ден зависи некогаш саат некогаш два некогаш трисаати спие.до годинка ми спиеше 2 пати по саат време сега еднаш.од 12-2 или до 3.




nana -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 10:34:32)

Малиот 3 месеци главно ја преспива ноќта станува еднаш кон 5 го пие млекцето и си продолжува до 7,30-8.
А големиот 3 години си спие цела ноќ се буди евентуално за мочкање.
ААААААААУУУУУУ што убаво звучи вака напишано како да сум најодморената мајка на светот а јас напротив сум жива ненаспана [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 10:37:21)

нана епа што е проблемот, децава спијат а ти не???




ripce -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 10:45:31)

јас сум веројатно среќна мајка... син ми заспива во 22-23-24 па знае и 1-2 часот по полноќ, ама кога ќе заспие ретко кога се буди... може само ако нешто лошо сонува да почне ептен да плаче, ама тогаш станувам му давам чајче или само цуцлата, го нишкам малку и пак си продолжува... се буди околу 9-10 па може и 11 часот, а преку ден приспива некаде од 14-15 и после околу 19 часот.




profesorica -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 10:48:57)

леле рипче блазеси тиииии, ах барем во 8 да ми станува барем во викенди ај преку недела и онака искачаме рано од дома ама во викенд барем до 8 да ми поспие[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




nana -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 10:50:19)

Најчесто само навечер откако ќе заспијат можам да си завршам некои работи по дома, и секогаш ме наоѓа 2 саат. Преку ден не се стигнува затоа што и двајцата се со мене дома големиот не оди во градинка а е хиперактивен и во согласност со возраста непослушен и многу ни е весело по дома, среќа бебенцето е покротко [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Тоа е накратко приказната [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Многу ми е напорно ама сепак уживам со двајцата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Еца -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 10:56:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: nana

Најчесто само навечер откако ќе заспијат можам да си завршам некои работи по дома, и секогаш ме наоѓа 2 саат. Преку ден не се стигнува затоа што и двајцата се со мене дома големиот не оди во градинка а е хиперактивен и во согласност со возраста непослушен и многу ни е весело по дома, среќа бебенцето е покротко [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]  Тоа е накратко приказната [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  Многу ми е напорно ама сепак уживам со двајцата [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]


ова јас го напишав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]истата приказна, само кај мене се 5 месеци и 4 години[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




nana -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 11:02:59)

Се арно ама како ќе ги вклопам сите овие обврски и плус да одам на работа (почнувам за еден месец) [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Колку спие вашето бебе? (31.12.2009 11:47:38)

Нана јас мислам дека големото ти е доволно големо да посетува градинка.Поубаво за него а и ти ќе имаш малку време за себе Еве тука има некои теми околу тоа прашање.Погледни ги може ќе се најдеш некаде во темите.
Рипче ти си среќна мајка ретки се таквите,уживај додека можеш.




Еца -> RE: Колку спие вашето бебе? (8.1.2010 23:44:08)

Проблемите во однесувањето на децата можат да бидат предизвикани од недостиг на сон, се наведува во студија изработена од Универзитетот во Хелсинки.

Пренесувајќи делови од студијата финскиот дневен весник „Хелсингин саномат“ наведува дека деца што спијат премалку се почесто хиперактивни и импулсивни.

Децата што учествувале во истражувањето биле на возраст од седум и осум години.

Истражувачите со помош на техничка апаратура и анализа на податоци добиени од родителите можеле да ги испитаат навиките поврзани со спиењето на децата. Се покажало дека кај децата кои во просек спиеле пократко од 7,7 часови во текот на ноќта, манифестирале повеќе симптоми кои потсетуваат на нарушување на вниманието со хиперактивност (ADHD). Тие почесто биле поактивни од вообичаеното, имале тешкотии со концентрацијата и со контролирање на своите импулси.




Cacko -> RE: Колку спие вашето бебе? (8.1.2010 23:54:05)

Vo posledno vreme mnogu malku[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image],ili ne tolku kolku sto jas bi sakala[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image],valjda se zapcinjata




jovanka -> RE: Колку спие вашето бебе? (8.1.2010 23:58:18)

zavisno od periodot koga niknuvaat zapcinja toa e pomalku vo sustina dovolno kako i sekoe zdravo bebe-dete




pacuvce -> RE: Колку спие вашето бебе? (9.1.2010 0:02:14)

Vo odnos na prviot sin,Bojan spie odlicno...Zaspiva mnogu lesno,preku den posle dva casa budnost pokazuva znaci za spienje i zaspiva bez nikakvo niskanje,tuku ednostavno go stavam vo krevetce i sam zaspiva...Navecer zaspiva okolu devet,vo tekot na nokta ne se budi,tuku pie mleko i spie,a se budi okolu 9 casot...Ama zatoa so Andrej bese pekol...Preku den spiese po 30-45 min.i toa samo po 2-3 pati vo tekot na cel den,a navecer zaspivanjeto bese so eden kup rituali(niskanje,drzenje vo race po celi noki),a sto e mnogu bitno nemase sansi da go stavis da spie vo krevetce...Dve deca,edna majka,tolku razlika...Nekoj da mi kazuval,nemalo da veruvam...Mozebi e do neiskustvoto,ne znam...




nadica -> RE: Колку спие вашето бебе? (10.1.2010 1:16:55)

леле што да правам јас со надица [sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]

буквално одбива да спие, од 4ч навечер нема спиено подолго, се буди во текот на целата ноќ за да се гали најчесто на града[sm=zmeden.gif][sm=smiley13.gif]
заспивањето е ритуал невиден кој трае од 30мин до 90мин зависи како сака таа така си игра со мене, никој освен мене неможе да ја заспие, преку ден спие по 1-3ч ама и затоа ни треба процедура за да заспие[sm=smiley13.gif]

МИ ТРЕБА СОВЕТ за да се одморам и јас




mis. -> RE: Колку спие вашето бебе? (11.1.2010 16:04:23)

Nadicaне се секирај и јас го имав истиот проблем.Не знаев тшто е спиење.Стануваше ноќе буквално на секој саат додека не останав бремена за второто.(до3 години и некој месец)Почна да ја преспива ноќта од моментот кога ја угасивме столната ламба во спалната.Цела ноќ ни светеше столната демек да не се плаши,па да го гледам кога ќе се разбуди дека рок темница ни е во спална но откако почнавме да спиеме во тотален мрак тој престана да се буди за чудо некое.Кога се роди Стефан новороденче повторно запаливме столна ламба но Мартин не дозвплуваше дека му смета и Стефан ни спие од бебе во темница и да чукнам во дрво спие цела ноќ од 9 до 8сабајле.




mis. -> RE: Колку спие вашето бебе? (11.1.2010 16:09:19)

За сите мамички кои еден од проблемите е неспиењето ноќе на нивните дечиња и честите будења имате и тука пишувано.Ајде може заедно ќе најдеме решение за секој проблем




nadica -> RE: Колку спие вашето бебе? (11.1.2010 16:10:45)

.Цела ноќ ни светеше столната демек да не се плаши,па да го гледам кога ќе се разбуди дека рок темница ни е во спална


и нас ни свети столната ламба цела вечер [sm=zmeden.gif] да пробам да ја исклушам една вечер а?




profesorica -> RE: Колку спие вашето бебе? (11.1.2010 16:14:53)

ма каква ламба во темница и пак се буди, надица исто и ние сме со истиот проблем веќе 19 месеци.уште се буди како бебе.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




mis. -> RE: Колку спие вашето бебе? (11.1.2010 16:15:16)

пробај ништо не губиш,може тоа што на нас ни се чини добро на нив им смета а не знаат да ни кажат.Пиши ни после дали има резултат.




nadica -> RE: Колку спие вашето бебе? (11.1.2010 16:16:33)

уште вечерва ќе пробам и утре ве известувам




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>