Dilina -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (27.6.2014 20:16:43)
|
Eве се двоумев кај да пишам.... и дали е ова вистинската тема. Значи да се собере цел живот мој што сум била по болници збирот ќе биде помал од тоа колку заглавив денес..... Отидовме во 11, нели како што ми беше закажано.. др. Кировски ме прегледа на ехо. Прва битна работа е тоа што ми кажа дека постелката ми е хаос, ама тоа затоа што сум пушач (сеа по една две палам само) ама од порано се труев.... Втора дека малата е свртена надолу со главчето и што ме направи мн среќна... значи здравје боже ќе си се породам природно ЕЕеее сеа главниопт момент, ЦТГ!!!! Се ежам од помислата. Да инаку само што се вративме со мм и само што јадевме... да да од цтг не од парк.. цел ден чекавме, ја последна успеав да влезам у 5 и нешто.... а др. Кировски дежурен и ми рече чим бидат рез барајте ме да ги видам. И јас легната со тоа ластиците околу мене, кичма ме кине ради тоа шо лежам на грб, и ми вика таа лудата (што требаше да бидам прва а ме врати и останав последна) имаш болки?????? Јас и викам само кичмата ама тоа од положбата.. и ми вика има јаки контракции бла бла,,, а стварно на тоа цтг то лупа ли лупа па ќе намали па пак ќе покачи, ама којзнае од што, ја не се разбирам..... и ај чекај др. да дојде.... Па и реков викам извинете дали ќе може др. Кировски да го најдеме пошто ми рече дека сака да ги види рез. И таа одвратната ми вика леле па вие ако сте преку врски што не кажавте цел ден чекате...... И јас и викам па не сме преку врски, ама први бевме кога дојдовме, немаше пред нас. И ми вика епа што имате вие врска со Кировски. А јас и викам немам никаква врска, докторот сабајле ме прегледа, треба да ме пораѓа и сакаше да ги види резултатитте лично. А стварно др. Кировски беше мн конкретен и љубезен и ни рече побарајте не за резултатите да ги видам, и напомена дека е дежурен. За Госпоџата на крај да ми рече чим немате никаква врска со др. Кировски нема што он да ви ги гледа резулттатите.... Боже како не се засрами таа, што прво се избламира, второ си ја покажа подлоста и безобразноста.... Е драги мои на крај дојде еден др. млад и само ми ги виде рез и ми рече се е ок. Што бараш од сабајле зашто сабајле не си направила цтг.... човекот помисли дека намерно седам и дури се почуствував незгодно. И неможев да чекам повеќе и си тргнавме. Само рече на контрола како што ми рекол Кировски да дојдам ( за 10 дена) ама јас ке си идам у пон кај матичниот да ми ги види рез. Ете така, фати 7 саат и ние дома стигнавме, шо да ви кажам. Мртва уморна, нејадена, жедна па и сакам убаво цтг да ми излезе... како не. Ама во секој случај чим седнам на РР ми е подобро :) Битно ме радува веројатноста да се породам природно, и дека се е ок со бебето. Барем др. Кировски така рече.. може да терам и до 17ти но тоа не се знае. 3150 сме сега и тоа е топ.. друго не ме загрижува. [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|