Dilina -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (9.7.2014 18:18:01)
|
лела мукозниот чеп колку што знам јас е како лигав исцедок, денес од што прочитав пишува или недела или два три дена, или 24 часа пред пораѓај може да падне а некаде кај некои при самото пораѓање, и затоа некои не го ни приметиле.... Инаку самиот мукозен чеп во текот на бременоста го запечатува каналот до матката за да се заштити од инфекции... чудо шо ти е природа :) Еве на секое идење у вц тече.. де кафеаво де розево, кафеавото како згрутчена крв, а розевото течно провидно.... имам болки, на пола саат да речеме од прилика, и кичмата ме здоболува во тој момент јако, дури ме жеже од болка... но и јас мн издржувам, незнам да проценам дали е тоа тоа... несекојдневна е болкава ама се изгржува... a исто и како подмочана сум цело време... На лекар не отидов, оти мн е жешко и не сакав да се измачам да изгубам енергија по жештиниве, пошто претпоставувам дека ќе ме вратат и ќе ми речат движи се. Така да чекам да замрачи малце да фати ладно и шпринт надвор на пешачење... чим фатат јаки болки да почнам да се виткам ќе го фатам патот :) Свекрва ми се паничи, ми изнакажа триста приказни, демек водењак требало прво да пукне, де не требало да имам такви исцедоци,,, сум морала на лекар да идам... ама надвор е 40 степена.. кај ќе идев у 2 саат а не е толку страшно... и незнам веќе дали да си ја слушам интуицијата или другиве по дома...
|
|
|
|