RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


princessa -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (11.7.2014 9:48:01)

Дилина ако не ни пише до вечер ја рачунаме породена и ќе правиме мекици во нејзино име[sm=jezicek.gif]. Јас едвај чекам убава вест дани стигне.




Dilina -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (11.7.2014 12:44:00)

Мамички и јас мислев денес бебуш ќе си го држам ама тешко изгледа...

Инаку синоќа бевме на преглед во чаир повторно, имаше една друга изгледа стажантка, ме прегледа вагинално, отворена едвај прст, на цтг има болки, се јави на една друга др, рече нека дојде утре во 8?!

А јас имам страшни болки, тогаш беа на 5-7 мин и дури ме жежеше кичмата....а во 2 стигнавме дома, бев во вц (во вц идам на 1 мин) и кога станав од шолја една огромна

Сабајле ајде пак, во 8 се нацртавме, таму др. Кировски, ми го виде цтг-то, ми направи пак преглед, и ми рече немам место на патолошка да те ставам... незнам шо да направам, болкиве се страшни, сега сум на спазмекс и малце ме пушти стигнав до комп за да ви пишам...

А се јавив и на матичниот вика пат под нозе и во Чаир... а во Чаир пак сега ги пуштиле сите ради протестиве,.... е ај сеа... мамички 3ти ден ми се болкиве исцрпена сум а и не сум спиена веќе... [sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif][sm=smiley19.gif]




sonc90 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (11.7.2014 14:38:27)

dilina moj sovet-idi kaj ginekologot,zemi upat za u drzavna cim u cair e takva situacijata...ne moze taka,so bolki ti doma da sedis...samo ako se pomali od 5 min bolkite odi vo bolnica...ne cekaj i ne sedi doma,kako taka nemalo mesto na patoloska,pa i jas koga se poragjav nemase mesto na odelenie pa si cekavme,ama u bolnica pod nadzor,ne se zaebavaj i zemi si ja pod svoja kontrola situacijata...




Maja Peovski -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (11.7.2014 16:41:56)

здраво девојки, сакам да ви се придружам на дискусијава, и да ги прашам оние кои веќе се имаат породено...терминот ми е на 22 јули, а синоќа осетив нешто како менструални болки во долниот дел од стомакот како и тапа болка во долниот дел од рбетот... и тоа како на два периоди во размав од пола саат, се задржи болката некаде околу 2-3 минути и ми помина, после пола сат пак... денеска некако само осеќам слаба болка во долниот дел од рбетот. дали веќе се ближи породувањето ??[sm=zmeden.gif]




mommy_angels RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (11.7.2014 21:10:43)

Dilina poslushaj ja Sonc90 oti so vakvi bolki ne se tera majtap,a da si imala vrski vednash ke te primele sigurno.Ako veke ne se gushkate so bebushkata odi i insistiraj da te primaat

Maja najverojatno pripremata za poroduvanje veke zapocnala,ama vaka moze ushte cel mesec da terash [sm=smiley2.gif] .Samo redovni kontroli se ke si pomine vo najdobar red,so lesno neka ti e




лела -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (11.7.2014 21:20:23)

Дилина јас само што се вратив од чаир бев на цтг и пошто имаше гужва ме качија горе на патолошка на цтг и нема гужва да знаеш те излажале.. ме ставија во соба во која имаше 2 празни кревета за пациентки.. само преку познати ќе завршиш работа ако веќе не си се породила.. жене во недела ми е термин а др ми рече да одам во понеделник а од бчера вечер омам болки во половината стомакот и вагината и цтгто покажа слаби контракции уфф веќе не знам што да кажам...




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (11.7.2014 22:33:06)

Dilina штом си имала болки а не се отвараш треба да те примат на патолошка.Може попладнето имало гужва, за 3-4 саати се менува состојбата.И на друга [sm=nosecka.gif] и дадоа спазмекс па се се одложи за 4-5 дена.Чекаме да пишеш [sm=smiley1.gif]




sonc90 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.7.2014 19:52:55)

dilina sto napravi?vo misla si mi celo vreme! Maja i jas isto bi ti rekla,leka poleka si pocnuva poragjajot ama daleku si od poragjaj...ima vreme-uzivaj si i pesaci povekje...




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.7.2014 23:46:37)

Честитките за Dilina се ТУКА [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (14.7.2014 14:54:14)

[sm=nosecka.gif] како сте?[sm=bravo.gif]

vikce25 07.07.2014
лела 13.07.2014
Maja Peovski 22.07.2014
love4ever 26.07.2014
evaaa 30.7.2014




Maja Peovski -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (14.7.2014 17:52:48)

Јас сум ептен нестрплива... едвај чекам да си го гушнам [sm=duda.gif]




nataly86 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (14.7.2014 20:13:55)

Девојки ИТНО ми треба совет!!!!

30г.н. +4 ден сум за прв пат ова ми се случува...бев во вц и на хартијата имаше секрет ама темно кафеаво и едно мало парче исто така темно кафеаво....

Дали е нешто за паника да одам сместа на доктор или???




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (14.7.2014 22:37:55)

nataly86 поминале 2 саати од кога си пишала, немам искуство но ако е парче јави се кај што одиш на контрола не е на одмет да се провери




nataly86 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (15.7.2014 10:11:35)

Ете да пишам што како...реков ке почекам да видам дали ке се повтори исцедокот или не? потоа немаше ништо а отидов едно 10 пати [sm=smiley36.gif] во вц...

Денес планирам да отидам на доктор да видам што како е....рано им е на бебушите за излегување ама не се знае...




лела -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (20.7.2014 14:23:32)

Здравооо ја само да ви пишам дека се породив на 14.07.2104 ден после терминот. Родив здраво машко бебе и се вика Омер...поздрав




deluxe -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (20.7.2014 14:31:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: лела

Здравооо ја само да ви пишам дека се породив на 14.07.2104 ден после терминот. Родив здраво машко бебе и се вика Омер...поздрав



[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Лела нека е здрав и жив Омер!!! Голем маж да расте!!!!!! Гордост за мама и тато[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (20.7.2014 16:36:51)

Честитките за лела се ТУКА[sm=bravo.gif]




Maja Peovski -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (20.7.2014 17:40:28)

Zdravo, da ve izvestam i jas se porodiv, na 17 juli i rodiv masko detence na koe mu go dadovme imeto Aleksej [sm=smiley2.gif] pozdrav do site :*




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (22.7.2014 16:10:59)

nataly86 како си?Како се [sm=duda.gif]?Која недела си?[sm=smiley1.gif]

vikce25 07.07.2014
love4ever 26.07.2014
evaaa 30.7.2014 ........ како сте?




nataly86 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (23.7.2014 21:07:27)

Ете ме мене пак....пак [sm=zz_banghead.gif]..грлото скатено 7мм....болки имам од време на време не знам дали се породилни контракции или од што се вртат, клоцаат бебињата а нема место....стомакот на моменти ми е камен јјак....често одам во вц....едната докторка вели дома строго мирување друг доктор вели одма на ГАК да одам па ако треба до 34 /35недела негде да лежам таму...моментално сум 31г.н.+6...мозкот ми е[sm=zz_hot.gif] незнам што е попаметно

Некој слично искуство???[sm=zz_help.gif]




kapina -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (23.7.2014 22:04:41)

Nataly odi na gak tamu ke si pod lekarski nadzor. a za poroduvanje neli ti e rano uste znam oti bese terminot zaedno tuka nekade so na mojata sestra na nea prvo bese 30 septemvri no sega zatoa sto od prviot carskirez nema dve godini ke mora porano. najkasno do15septemvri




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (23.7.2014 22:18:04)

Ох nataly86 ,освен скратено грло друго ако е во ред постелка,плодова вода,добри во тежина треба да е ок.Но ако имаш болки сепак појди на ГАК да видат.Сигурно не е пријатно на патолошка но ете 32 недела си па има уште малку.Пиши ни [sm=smiley31.gif]




mommy_angels RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (23.7.2014 23:06:35)

I jas mislam deka treba da si otidesh vo GAK.Iako se bliznaci treba da se potrudite maksimalno da se zadrzat vo matkata.Kolku sto se sekavam mislam deka davaa tokoliza ili kako se vikase toa(ako znae nekoj neka me popravi) za da se namalat kontrakciite.Kako i da e sigurno si ocekuvala se da se sluci pred terminot pa so Bozja i pomos od doktorite se ke si bide vo red




nataly86 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (27.7.2014 17:59:56)

Eveve me i mene....znaci edno planirav no bebusite isplaniraa drugo..vecerta me vratija bolki...otidov bt na bolnica...veke bev pocnata da se otvaram....i me pratija direkno skopje....eve me momentalno na gak..primiv zreenje i za bolki..otvorena sum negde 4 sm vodenjkakot ne e puknat i sega cekame do kade ke doturkame...sekoj den ni e plus..so sledni novosti ve izvestuvam pozdrav




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (27.7.2014 22:01:34)

nataly86 [sm=bravo.gif] се ќе биде во ред ќе има денови плус штом има терапија[sm=duda.gif] со тебе сме и пиши [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  15 16 [17] 18 19   Следна страница >   >>