LoveableMe RR -> RE: Хистероскопија (10.9.2014 16:29:55)
|
Мислев никогаш нема да пишам во оваа тема, но ете ме и овде. Денес кај др. Димитров кога бевме гледаше документација повторно, ме гледаше на обично ехо и рече јас би ти препорачал да направием хистеро-лапаро да сме начисто, да нема некој проблем, па да не успее ИВФ-то и овој пат. Тој како да видел можна преграда на матката, која рече е вродена и можеби ако стварно е тоа (бидејќи сега не се гледа убаво), дека може да било причина за мојата биохемиска бременост и тоа е она што го тера меѓу другото да ми препорача ваква интервенција. Рече дека е скапо околу 1000 евра ако се прави таму, а на Клиника ќе треба да чекам термин и да пијам претходна терапија хормонска, што јас не ја поднесувам баш многу. Ако правам кај него, ми рече дека се прави одма после циклус без терапија. И ми рече дека ако работел на државно и сум дошла за ИВФ, без таа интервенција не би ми правел ИВФ ни под разно, дека прво ќе побарал лапаро-хистеро па потоа ИВФ. Рече дека на нас остава дали ќе одиме со ваучерот и ако евентуално не успее, тогаш да правиме интервенција или ако сакаме да правиме интервенција, тогаш да отидам за 2 недели и да ја направиме. Ако е се во ред, рече веќе нареден циклус може да почнам со ИВФ, ако има нешто рече тек после 2-3 месеци ќе правиме ИВФ и пак ќе имаме време да го искористиме ваучерот....... Многу тешка одлука ни даде да ја донесеме сами, не знам што да правиме, ќе се одложи многу работата, а од друга страна сигурноста со лапаро-хистеро е многу поголема ми рече и тој и сигурна сум дека вие ќе пишете исто така дека е подобро. Но акко нема ништо, џабе сум ја правела, ќе потрошам пари, а ако чекам на Државно, ќе помине многу време и ми е страв за ваучерот.....[sm=zmeden.gif] Главава денес ми е за никаде, многу сум збркана, имам време до понеделник да одлучам, ако правам директно ИВФ, почнувам во понеделник со терапија, ако не, ќе треба да размислувам за интервенција.... сакав да ја видам постапката на интернет, како изгледа ако се прави само снимање во камера и ако е се во ред, тогаш нема бушење на 4 места на стомакот или без разлика дали има или нема проблем, ги ставаат тие сондите во папокот и стомакот? Извинете за долгиот пост, ама ептен сум на мисла дали да правам и дали имам време (поради ваучерот) за државно или морам кај него, се ми е измешано.....?[sm=zmeden.gif]
|
|
|
|